Четврток, 06 Декември 2018   
„За бурек го продадоа својот сопствен народ“!

svekrva1Свекрва

„За бурек го продадоа својот сопствен народ“!

Во октомври 80 пратеници, меѓу кои и пратениците на ВМРО ДПМНЕ, Елизабета Канческа Милевска, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Нола Исмајлоска Старова, Емилија Александрова, Зеќир Рамќиловиќ, Владанка Авировиќ…гласаа ЗА уставни промени. Останатите пратеници на ВМРО ДПМНЕ, станати од своите места од страна ги гледаа пратениците од нивната пратеничка група кои гласаат за отворање на процесот за пристапување кон измена на Уставот заради обврските од спогодбата со Грција од Преспа.

Многумина беа изненадени од однесувањето на оваа група пратеници кои не ја испочитуваа вољата на граѓаните изразена на референдумот одржан на 30-ти септември, потоа вољата на своите избирачи, како и на ставот на матичната партија ВМРО ДПМНЕ, која е експлицитно против промена на уставното име предвидено со спогодбата од Преспа. Имено, уставните измени директно го загрозуваат опстанокот на македонскиот народ и неговата држава.

Иако од тогаш помина доста време, се уште не можам да се помирам со фактот дека членови на партијата ВМРО ДПМНЕ, спротивно на идеологијата и аманетот на своте претходници кои ги положија своите животи за создавање на самостојна македонска држава, овозможија отварање на процесот за пристапување на Уставот заради промена на името и идентитетот на сопствениот народ. Особено не од лица за кои сум имал особено почитување, како што е на пример Елизабета Канческа Милевска.

Во Владата на ВМРО ДПМНЕ Елизабета Канческа Милевска го имаше зад себе најдолгиот министерски стаж во ресорот култура – од јули 2008 до јуни 2017 година.

Инаку Канческа која дипломирала на Филозофскиот факултет (социологија) во Скопје во 1993 година, магистрирала на постдипломските „Европски студии за интеграција и комуникации“ на истиот факултет на тема „Општествената заштита на културното наследство во контекст на културната политика на РМ и процесот на интегрирање во ЕУ“.

Од 1992 до 1998 година работела во приватна фирма, а потоа во Министерството за култура како шеф на Кабинет на министерот за култура. Во 1999 година била именувана за советник на министерот, а во 2000 година за државен секретар во Министерството за култура. Потоа работела во Агенцијата за државни службеници како раководител на Одделението за европска интеграција и во Центарот за комуникации при ВМРО-ДПМНЕ (2004). Потоа е избрана за асистент по предметите: Јавна политика, Надворешна политика и Заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ (2005). Од 2006 до 2008 година е државен секретар за култура во Министерството за култура на РМ, а потоа е избрана за министер за култура.

Ако се погледне развојот на најзината кариера, тешко може да се заклучи дека Елизабета Канческа Милевска, до скоро член на ВМРО ДПМНЕ и поранешна министерка за култура во чие време се спроведува и проектот Скопје 2014 година, ќе гласа за уставните измени со кои се ништи македонскиот идентитет. Сепак, тоа се случи, а она што навести дека е можно нејзино премислување беше мартовското повикување на специјалната обвинителка Катица Јанева, која побара од ексминистерката за култура Елизабета Канческа – Милевска да си го признае делото во случајот „Тендери“. Односно побара да го признае кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувањата, во врска со нелегален тендер за градежни активности за уредувањето на Музејот на ВМРО,, доколку сака судот тоа да го цени при носење на одлуката.

Ваквите барања за нагодби индиректни или директно беа упатени и до другите пратеници, што потоа се рефлектира со обезбедување на двотретинско мнозинство при гласањето за уставните измени. Обвинетите за настаните од 27 април, добија можност да се бранат од слобода пред гласањето за уставните измени во Собранието. Другите пак добија закани по живот. Се се сведе да пратениците на ВМРО ДПМНЕ гласаа против довчерашните сопствени убедувања.

Намаше Македонец, намаше член на ВМРО ДПМНЕ на кој не му беше скршено срцето гледајќи како нивните членови гласаат за уставните промени. Елизабета Канческа Милевска, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Нола Исмајлоска Старова, Емилија Александрова, Зеќир Рамќиловиќ, Владанка Авировиќ…гласаа ЗА уставни промени.

Новните лица ќе бидат запаметени како лица од ВМРО ДПМНЕ кои им овозможија на социјалдемократите предводени од Зоран Заев да се сруши асномска и осмосептемвриска Македонија, државата на македонскиот народ. Но исто така, ќе бидат запомнати како лица кои овозможија поставување на темели на нова држава, во која македонскиот народ ќе биде асимилиран.

Сега кога во Собранието започна постапката за измена на Уставот со предложените амандмани се бришат сите државотворни одлуки на АСНОМ. На овој начин се уриваат темелите на уставна изградба на македонската држава и се создава целосно нова држава.

Сето ова го овозможија гореспоменатите лица, кои без разлика дали беа уценити или под закана, едноставно „за бурек“ го продадоа сопствениот македонски народ.

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.