Вторник, 01 Јануари 2019   
Види мајката, Џес Бејли бил вознемирен
alt

Види мајката, Џес Бејли бил вознемирен

Читам деновиве, во писменцата што како новогодишни честитки ги испрати на судовите во државава, Џес Бејли се жали дека бил вознемирен. И, нормално, ме вознемири неговата вознемиреност, па се запрашав зошто токму сега човеков е вознемирен? Арно ама, ова „човеков“ ми изгледаше многу човечки и неприкладно за него, па го променив прашањето во „зошто токму сега Џес Бејли е вознемирен“

А, можеби е подобро да се запрашаме зошто тој истиот не беше вознемирен кога пред повеќе од четири години го подготвуваше пеколниот план за уништување на Македонија?

Зошто не беше вознемирен кога потроши пет милиони долари од американските даночни обврзници за преку невладини организации да организира протести против тогашната легална и легитимна власт во државава?

Зошто не беше вознемирен кога на луѓето им влезе во интимата и воајерски во својата резиденција ги преслушуваше нивните телефонски разговори?

Зошто не беше вознемирен кога гореше канцеларијата на Претседателот на државава и кога гинеа македонските полицајци во кумановската „Дива Населба“?

Зошто не беше вознемирен кога како Јан Кесеџија шеташе по избирачките места и директно се мешаше во изборниот процес?

Зошто не беше вознемирен кога директно влијаеше на формирањето на ново парламентарно мнозинство кога ноќта во 5 минути пред 12 часот му забрани на Али Ахмети да коалицира со ВМРО ДПМНЕ?

Зошто не беше вознемирен кога во својот кабинет ја пишуваше Тиранската платформа, па со дипломатска пошта ја испрати во Тирана на потпишување?

Зошто не беше вознемирен кога на 27 април минатата година го честиташе газењето на Уставот и законите како избор на нов претседател на Собранието?

Зошто не беше вознемирен кога како паун се рашетуваше низ македонскте судови на кои сега вознемирен им пишува писма?

Зошто не беше вознемирен кога вечерта во Собранието им се закануваше, им ветуваше, ги уценуваше и ги искорумпира осумтемина пратеници против своја волја да гласаат за потребата од уставни измени?

Зошто сиве овие години откако е овде, ниту еднаш не се вознемири дека ја прекршува Виенската конвенција со која е регулирано немешањето во внатрешните работи на земјата домаќин за секој амбасадор?

И уште стотина зошто, зошто, зошто?

И сега, за да не се вознемирува понатаму, еве ние Македонците сме подготвени да одиме тивко, на прсти по дома, да не киваме и не кашламе гласно, да си ги зашиеме устите за да не зборуваме нешто лошо за него, да си ги скршиме и рацете ако треба за да не можеме и да пишуваме штогоде, што не му е по волја. Само и само да не биде вознемирен Џес Бејли.

Но, тој ниту е, ниту некогаш бил вознемирен од нас, од Македонците, ниту од јавното мислење во државава, ниту од институциите кои беа и останаа немоќни пред неговите антимакедонски дејанија.Тој е вознемирен од „Движењето“. Вознемирен е од големиот бран кој низ државите ширум Европа веќе ги извлекува од црнилата на длабокото мочуриште на длабоката држава краставите жаби и подмолните стаорци. Вознемирен е од „Движењето“ зашто им помага на државите да си го повратат суверенитетот и да се извлечат од канџите на подмолните стаорци. Вознемирен е зашто и недопирливите од времето на длабоката држава на Обама, денес, стануваат достапни за американските судови. Вознемирен е од можоста да одговара за своите недела.

И сега, некој ќе рече да не се занимаваме повеќе со Џес Бејли, зашто тој веќе е во заминување. Да,за среќа, Џес Бејли ќе замине, но за несреќа, бејлиевштината како систем на неморал ќе остане. Ќе ни остане нам да се справуваме низ годините што доаѓаат со бејлиевштината како изграден систем на поткуп, уцени, закани, како длабоко инсталиран систем на корупција и криминал. Ќе ни остане да се справуваме со бејлиевштината како систем на непочитување на Устав и закони, непочитување на народна волја, како систем на насилно управување со државата. Ќе ни остане да се справуваме со бејлиевштината како систем на длабока подземна држава во која измамниците ја ставаат државата на коцка. Ќе ни остане да се справуваме со бејлиевштината како неолиберален систем за уништување на национални држави и национални економии, бејлиевштината како добро разработен систем за создавање нефункционални држави преку инсталирање на неспособни, корумпирани, алчни за власт и пари политичари.

И доколку успееме да се справиме со бејлиевштината како систем на деструкција, ние Македонците ќе ја сочуваме државата Република Македонија, онаква каква што ја посакуваме. Доколку не успееме, ќе остане да се изучува во политичката наука како бејлиевштина. Како подземен систем на подмолни стаорци успеал да „изеде“ една цела држава. Државата на македонскиот народ.

Автор:Страшо Ангеловски, претседател на МААК за НетПрес

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.