Четврток, 10 Јануари 2019   
До: Ѓорге Иванов Претседател на Р.Македонија-Заштита на македонската држава

40-godini-jubilej-prlicevMacedonian Literary Association “Grigor Prlichev”

Македонско Литературно Друштво „Григор Прличев“

До: Ѓорге Иванов

Претседател на Република Македонија

Предмет: Заштита на македонската држава

Почитувани претседателе Иванов,

Со воодушевување го следевме вашиот говор – обраќањето во Собранието на Република Македонија на 28 декември. Ние од Дијаспората и сите чесни Македонци сме горди од вашиот став дека останавте доследни на вашата дадена заклетва дека како „Претседател на Република Македонија и како Врховен командат на вооружените сили ќе ги браните суверенитетот, територијалниот интегритет и независност на Република Македонија од внатрешните и надворешните предизвици, закани и ризици“ и дека ќе ги браните „Уставот и уставниот поредок на Република Македонија“.

Во право бевте она што го изнесовте во вашето обраќање во Собранието дека „Република Македонија се соочува и со внатрешни и со надворешни закани и ризици по нејзиниот суверенитет, територијален интегритет, независност.“

Само да се потсетиме, со доаѓањето на власт на Зоран Заев, кој повеќе пати потврди дека е патолошки лажго и нема никаков кредибилитет да биде премиер на владата, а покрај него и самото Собрание покажа дека е едно антимакедонско криминално дувло потплатено од Албанија, ЕУ и од САД.

Македонскиот народ не треба да живее во заробеништво и да подлегнува на притисоците на уличарското хулиганство на Заев кој со помош на ЕУ и САД го манипулира народот, правниот систем и ја деградира државата.

Со Албанската платформа, договорот со Бугарија и договорот од Преспа покажува дека владата сака да го избрише македонскиот јазик и идентитет, македонската историја, наследство и култура, сака да ја уништи македонската држава и нација.

Ние Македонците од Дијаспората и од поробените делови на Македонија си ја сакаме и почитуваме Република Македонија и не сакаме да се уништи, а со тоа ве повикуваме во доменот на вашата сила да превземете нешто и го запрете недемократското и антимакедонското делување на Собранието на Република Македонија.

Вие му дадовте мандат (што може да се отповика) на Зоран Заев врз основа на неговата дадена писмена гаранција која тој не ја почитува и повеќе пати ја прекршил, а со тоа го прекршил и Уставот на Република Македонија.

Почитуван Иванов, мислиме дека е време да превземете нешто како легитимен претседател, заштитник на нашата држава и нација, да им ставите крај на тортурата, корупцијата и беззаконието во Македонија, уништувањето на македонскиот јазик, нација и држава. Уставните измени не треба да се прифаќаат и процесот на себе-уништување (битисувањето) треба да запре.

Со почит, од членовите на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Австралија.

Претседател

Душан Ристевски

9.01.2019

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.