Среда, 30 Јануари 2019   
Промоцијата на монографијата "Македонија, мој копнеж- Манојил Мане Јаковлески" од Киро Кипроски

naslovna

Промоцијата на монографијата "Македонија, мој копнеж- Манојил Мане Јаковлески" од Киро Кипроски

Книгата „Македонија мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски“ од Киро Кипровски, успешно го отсликува животот на човекот кој го посветил на својата татковина Македонија. Авторот говори за Мане кој воден од идеалите на македонските дејци со својата посветеност и самопрегор во работата, ја продолжува борбата за македонската кауза и станува еден од оснивачите на најголемата македонска партија ВМРО ДПМНЕ, која е продолжение на историската ВМРО и ДООМ.

За ова, за неговиот живот и дело сведочи неговата исклучително богата архива. Само еден поглед на оваа документација е доволен за да се свати неговиот огромен ангажман и посветеност кон македонското дело, кое уште во времето на кумунистичкото едноумие ќе го привлече вниманието и ќе стане предмет на опсервација на тогашните безбедносни служби.

Мане Јаковлевски со своите соборци, предводени од Драги Богдановски, го изоде патот кој доведе до таканаречениот „трет Илинден“.

Книгата „Македонија мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски“ говори за овие и други настани, покриени со тенката копрена на тајност и заборавеност. Исто така говори за порталот „Македонска нација’, преку кој Мане Јаковлевски продолжи со мисијата за ширење на вистината за Македонија, бидејќи таа мораше да се чуе, да се напише, да остане трага за идните генерации.

Денес „Македонска нација“ е вистинска енциклопедија на македонскиот народ, место каде се говори и за онаа скриена историја од борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, но и за новите предавства кои водат кон разградување на државата на македонскиот народ.

Промоцијата на монографијата "Македонија, мој копнеж- Манојил Мане Јаковлески" од Киро Кипроски ќе се оддржи на:

1 февруар 2019 (Петок) во 12.00 часот

Музеј на Македонската Револуцинрна Борба-Скопје

Македонска нација

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.