Среда, 30 Јануари 2019   
Промената на името е лош компромис со Грција!

svekrva1Свекрва

Промената на името е лош компромис со Грција!

 

Македонскиот народ денес се наоѓа на својот најголем историски крстопат.

Во 1913 година, соседните земји и големите сили, спротивно на неговата воља, му ја поделија родната татковина Македонија на 4 дела. Денес, меѓутоа, тие ни го сменија името и презимето, не обезличија, посрамија и не понижија, а утре ќе ни ги уништат и корените. Директни учесници на ваквото срамно сценарио, за жал се Социјалдемократите кои во коалиција со ДУИ, само да ја сочуваат власта, прифатија секаков компромис, па и на срамен компромис со Грција за промена на нашето вековно име во „Република Северна Македонија.“

Политиката на компромиси и постојана дефанзива за националните и државните интереси на владата на Зоран Заев, со цел по секоја цена да се влезе во НАТО и ЕУ, доведе за промена на името на Република Македонија во „Република Северна Македонија“. На тој начин тие не само што го урнаа повеќевековното достоинство, културата и историјата на македонскиот народ, туку создадоа погоден терен Македонија повторно да стане лесен плен на соседните земји.

И наместо да се повлечат од политичката сцена и да одговараат за своите антимакедонски постапки и политика, владата на Зоран Заев по тешкиот пораз на меѓународен план, денес се обидува поразот да го претвори во триумф. Во тоа успешно им помагаат (соросовите) режимски медиуми преку кој се води акција за перење на мозокот на македонскиот народ, при што го убедува дека единственото решение за прием на Република Македонија во НАТО и ЕУ, по кое ќе дојде до поарен живот во земјата, мораше да биде со промена на името.

Меѓутоа, проблемите на македонскиот народ не застануваат тука. Сега, по ратификацијата на договорот од Преспа за промената на името, доаѓа барањето на домашните Албанци за воведување на двојазичност. Денес се задоволени барањата на Грците, утре на Албанците, а во иднина кој знае што уште ќе побараат другите соседи и што владата на Заев ќе им даде.

Во вакви околности, наместо Уставниот суд веднаш да реагира и да ги осуди и отфрли противуставните и незаконити активности на актуелната но нелегитимна власт, која е поддржана од надворешните центри на моќ, судиите  упорно молчат.   

Иако дел од тие што се спротивставуваа на продажбата на македонските национални интереи денес се во апсана, потоа некои се сеуште се влечкаат по судови, а други под уцени и притисоци се повлекоа, сепак, најголемиот дел од македонскиот народ, голем број интелектуалци и опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ најенергично го отврла ваквото гнасно сценарио за разнебитување на македонската држава. Истовремено тие укажува дека прифаќањето на промена на името, спротивно на вољата на народот изразена на референдумот на 30-ти септември 2018 г. претставува антинароден и криминален акт за кој Зоран Заев, Никола Димитров и други сторители, кога тогаш, ќе мораат да одговараат пред својот народ. Македонскиот народ неможе повеќе да допушта антинародната власт и натаму да ја уништува македонската држава.

Драматично тешката и крајно неизвесна ситуација во која актуелниот премиер Зоран Заев и другите македонски предавници ја доведоа Македонија, не трпи денес никаков компромис,повлекување или дволичност во поглед на сочувувањето на државните и националните интереси на Македонија.

Оваа ситуација бара од секој чесен Македонец да се сплоти околу заедничките национални и државни интереси. На македонскиот народ денес му е потребно вистинско единство без отпадници и предавници. Само на тој начин, сложни и единствени ќе се успее да се отфрли наметната од надвор коалициона влада и да се изгради демократска и слободна македонска држава која ќе биде почитувана и уважувана од сите народи и држави во светот. Македонскиот народ тоа одамна го заслужува.

На домашните предавници и на целиот свет конечно треба да им стане јасно дека Ние Македонците сме одамна крстени и нашето вековно исконско име било, е и ќе биде Македонци. Ние со векови сме биле, сме и ќе бидеме Македонци и само Македонци и ништо друго.

Тоа се повеќе го потврдуваат и самите Грци. Имено, при ратификацијата на договорот од Преспа, во парламентот во Атина, грчкиот пратеник Никос Филис ќе го каже:

„ Македонија не е една и грчка. Има повеќе Македонии. Кога го слушаме извикот: „Македонија е една и грчка!“ се возприема како иредентизам, како непочитување на меѓународните договори на земјата. Може и да не звучи добро, но тоа е вистината. Грчката Македонија е грчка и да сум појасен стана грчка. затоа што по население Македонија до 1912/1913 и 1921/1922 кога дојдоа бегалците (од Мала Азија) немаше грчко мнозинство, само одредени зони на југ. Значи стана грчка со размена на население преку тешките настани кои ги преживеавме и ние но и други народи во регионот. Ако тоа е така, со грчкиот потпис, а не со моето тврдење тука, кон што водат извиците: „Македонија е една и грчка!“? Со кого си играме мајтап? Со самите себе?“

(извор: https://republika.mk/vesti/makedonija/nikos-filis-otvoreno-kaza-belomorska-makedonija-so-sila-stana-grchka/)

Оттука името Република Северна Македонија е само уште една преодна епизода, која што може да трае помалку или повеќе од референцата ПЈРМ. Сепак на крај ќе победи вистината, ќе победат Македонците.

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.