Четврток, 07 Февруари 2019   
В А Н Д А Л И

Martin Trenevski

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор

В А Н Д А Л И

Актуелната врхушка на Илинденска ул. б.б. во Скопје, што се претставува како Влада на Република Македонија, не престанува да ја шокира домашната јавност, но и пошироко, со одлуки од кои речиси без исклучок ке влезат во некоја нова Гинисова книга, но овој пат, на глупости и бесмислици.

Најнов бисер на врхушката од Илинденска б.б е владиното соопштение за јавност во кое се соопштува одлуката за отстранување на железната ограда околу Владата!? Колку за појаснување, станува збор за оградата од ковано железо поставена на вкусно обликувани бели столбови што го опколува и заштитува целиот комплекс на објекти на Владата на Македонија!

Кога не би била сериозна, оваа намера на Владата би звучела трагикомично. Еве зошто: Врхушката од Илинденска б.б. за да го дефокусира вниманието на домашната јавност е спремна буквално на се - да руши и одстранува содржини што ги изгради, или на било кој начин асоцираат на претходната влада или режим како што го нарекуваат сегашните властодржци. Почнаа со рушењето и одстранувањето на споменикот на Илинденецот и револуционер Ќосето, сега е на ред железната ограда околу Владата, а намерачени му се и на Музејот на револуционерната борба, па едно време дури и на Портата Македонија и споменикот Воин на коњ.

Ваквите дејанија на рушење споменично богатство во современата светска номенклатура се нарекува ВАНДАЛИЗАМ, а починителите на такви дела ВАНДАЛИ! Дали врхушката од Илинденска б.б. е свесна за ова - не знам но не исклучувам дека сепак е свесна, а и покрај тоа со садистичка наслада сака да руши се што би можело да се остстрани, а што потсетува на петходната власт. По секоја цена - да се руши неводејки сметка дека за се што е изградено се вложени народни пари, ниту пак да се има елеменатрно чуство дека, сепак, в р е м е т о е најдобар судија за оправданоста или неодржливоста на постоење на некој архитектонски објект.

Сличен однос - одбивен и рушилачки имале и Парижани кон архитектонското чудо - Ајфеловата кула (1887-1889) која била влез за светската изложжба што се оджала во Париз. Имено, многу Парижани ја сметале Ајфеловата кула заради нејзиниот облик како грд куп на железо и инсистирале да биде демонтирана по завршетокот на светската изложба. Но, на среќа на Париз и Парижани, Ахфеловата кула опсојува до ден денешен (Ајфеловата кула била највисок објект изграден од човечка рака во светот се до 1930 година кога била надвишена од кулата Крајслер во Њу Јорк). Само минатата година Ајфелопвата кула привлекла над осум (8) милиони посетители и можеме само да замислиме колку огромни приходи му носи на Париз и воопшто на Француската економија.

Но да се вратиме на домашните вандали. Според врхушката од Илинденска б.б. со отстранување на железната ограда просторот околу Владата повторно ке се врател на граѓаните за да можат слободно да се движат и да комуницираат таму. Но дали врхушката воопшто размислува дека во некоја блиска или далечна иднина може и нам, во Скопје и пошироко да ни се случат "жолти елеци" слично на оние како во Париз, па можеби и пожестоки реакции на народот!? Како ке постапи во тој случај врхушката од Илинденска б.б.? Ке постави оклопни полициски возила наоколу (како што подзаскриено го стори тоа неодамна по повод едни однапред најавени мирни демонстрации), или...?

Замислете ја Белата куќа во Вашингтон без железна ограда (нашата, според мое лично мислење е дури и поелегантна од нивната), каде речиси секојдневно има жестоки демонстрации, или пак Бакингенската палата во Лондон без тамошната железна ограда која е двојно повисока од нашата околу Владата на РМ!?

Ако одлуката за вандалскиот чин што го планира врхушката од Илинденска б.б. степак е само пропаганден чин за дефокусирање на јавноста - какви што видовме без број во континуитет поледниве години, тогаш на владиното соопштение да гледаме философски, без поголема возбуда, но ако се сериозни во намерата, тогај вреди да ги предупредиме: за изградба на железната ограда потрошени се 750.000 (седум стотини и педесет илјади) евра н а р о д н и пари, а веројатно уште толку ке бидат потрошени за нејзиното рушење.

Некоја наредна влада цехот, т.е. сметката за ваквиот вандализам ке треба да го испорача на нарачателот за тој чин, во случајот семејниот конзорциум Заеви!

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.