Сабота, 16 Февруари 2019   
Еј мизеријо комуњарска моја!

51775702 10216121233375223 8618197345118453760 n

Режисерот Јани Бојаџи, чиј филм „Ругање со Христос“ беше цензуриран и забранет за емитување во Македонија од страна на власта на Зоран Заев, кој лично се заложи истиот да не се проектира, на својот ФБ профил им „отчита“ беседа на властодршците кои тој ги нарекува „капиталистички комуњари“

Еј мизеријо комуњарска моја!

Од 1949 година па се до ден денешен управувате во сите сфери и со сите ресурси и потенцијали на ова земја!
70, и со зборови: СЕДУМДЕСЕТ ГОДИНИ вие сте учители, директори на училишта, наставници во средните школи, професори на универзитети, декани и ректори, вие сте шефови, управители на задруги, сопственици на фирми, менаџери, газди на банки, директори на јавни друштва и компании!

Вие сте министри, амбасадори, новинари, уметници, интелектуалци, научници и академици!

Вие го приватизиравте, приграбивте и посвоивте целиот имот на државата! Ви го дадовме молкум, надевајќи се дека ќе го управувате и за ваше и за наше добро!

Ваша е земјата,ваши се утрините, ваши се полињата, шумите, водите и езерата!

Ваши се електраните, браните, езерата, ваш е воздухот што го усмрдивте!

Ваше е сета власт на Северната Република!

Ваше е се!

И, вие сте тие кои треба на сето тоа да додадат дополнителна вредност за општеството, затоа што вие го поседувате имотот и средствата за работа, а така е тоа во демократијата и капитализмот! Ако не ми верувате мене, прашајте го Сорос, капиталистички комуњаришта мои!

Нели вие сте учените?

Нели вие сте елитата?

Нели за вас седумдест години трпиме, гладуваме, се понижуваме, пред цел свет, пред себе си и пред сопствените деца?! Оти кажавте, ќе биде поарно и за вашите и за нашите?!

Нели за вас еден век го вадиме црното од под ноктите?!
О елито моја.

О ти беден уму мој, за Ти да создадеш, за сите нас подобар и поубав свет?!

Боже мој, каква лага, и о Господе - каква вистина!

Вие самите, без присила и по своја воља докажавте дека од свој труд, и со свој ум не сте способни ниту за себе си да создадете вредност колку за три пати јадење на ден и за два пара волнени чорапи, па морате да си ги пикате децата на државна работа, за државна плата! Државата да ви ги рани децата и да им купи рало гаќи и ѕифт опинци!

Несреќо! Срамото, една невидена!

Абе, кукиумјавки едни, вие, тие - вашите деца, кои седумдесет години ни ги продавате за аристократија, елита, буржуазија, крем, тие треба да ја ранат и државата, и нас, и нашите деца?! Знаете ли?

Нели од устата одделувавме за да им дадеме стипендии за да се учат во странство за бизнисмени кои откако ќе се научат, ќе се вратат во татковината и ќе отворат бизниси и фабрики кои ќе работат за вас, новока-питалисти мои, но и фабрики во кои парче бел леб ќе јаде и нашата проста, дробна и работничка челад?! Нели?! А?!

Оти нели вие и тие - вашите деца, вие сте најдоброто од Македонија и најдобро за Македонија! Само вие и никој друг! Нема друга алетернатива?! Нели така кажавате? Или вие – или смрт!?

Како тоа сега, јас фукара, аргат, дробен работник, гастарбајтер и пролетер, треба да ги ранам вашите дерлиња и дудулиња?

Од кај излезе сега ова?!

Кај се видело крава да цица од теле, телиња едни недоцицани!?

Знаете ли како завршува тоа кога кравата цица од телето? На крајот ќе му ја исцица крвта на сопственото дете.

Ете, тоа сте вие, коумуњари повампирени – вие сте бреј вампири кои седумдесет години му ја цицаат крвта на сопствениот народ! Абе, цел еден век!

Ама, дур да речете ``оф`` тој народ што денес го сметате за недоветен и малоумен, ќе ви го донесе и алот и крајот, крвопијци мои!

Знаете ли како тој, народот, се ослободувал од вампирите што му ја цицале крвта? Не ве плашам, само ве потсеќам, чуено ми е од дедо Марко Цепенков, ви го кажувам да си го имате на ум!

Со дренов кол! Овој пат, апелирам до побратимите вамприџии, за секој случај, за никогаш повеќе да не се вратите од умрените, нека наострат два кола!

Еден за во градите а друг во газот!

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.