Среда, 20 Февруари 2019   
Република Македонија - колатерална штета на американската геополитика

kochДр Харалд Кочи

Република Македонија - колатерална штета на американската геополитика

ИМА И НОРМАЛНИ ЛУЃЕ НА ПЛАНЕТАВА - НЕ СЕ СИТЕ ПОЛИТИКАНТИ

Високотиражниот и  мошне угледен австриски дневник Ди Пресе (Die Presse) објави неодамна опширен прилог на Др Харалд Кочи, поранешен амбасадор на Австрија во Македонија и голем познавач и подржувач на нашата земја.

Во прилогот под наслов: РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - КОЛАТЕРАЛНА ШТЕТА НА АМЕРИКАНСКАТА ГЕОПОЛИТИКА Д-р Кочи остро го осудува сценариото на САД за разобличување на Македонија, промена на нејзиниот Устав и уставното име на земјата сторено под невиден притисок и коруптивно делување поткупување со големи пари на медиуми, пратеници, политички субјекти, поединци...) се со цел надминување на повекедеценискиот спор околу името на земјата.

Ваквото однесување на САД, Д-р Кочи го смета за "етноцид" изразува жалење што таквата политика на САД е подржана од Европската унија.                                   

Реакцијата на Д-р Кочи охрабрува бидејки е недвосмислен доказ дека на планетава земја не се сите политиканти и подржувачи на реал-политиката на Вашингтон и Брисел, туку дека има и нормални и одговорни луѓе што ги кажуваат работите онакви какви што навистина се, а не како некому од дневнополитички причини му одговара.                      

Порталот mn.mk го пренесува писмото на Д-р Кочи до виенскиот дневник Ди Пресе во оригинал на германски јазик и во превод на македонски што го уприличи инж. Јордан Бошков.

Многу почитувана Редакцијо,

Како повеќедецениски познавач на Република Македонија (буквално стои: Земјата) морам жестоко да се воспротивам на коментарот на уредникот-гостин од 26.01.2019 со наслов: СЕ ЗАВРШИ - СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА и да Ви укажам во мојот напис/чланок, кој е изложен  подоле, на неколку аспекти секако не без предумисла се изоставени/изоставаат во сите дискусии.

Со почит Ваш Д-р  Харалд В. Кочи, амбасадор вон служба (кај нас се вели: во пензија)

Бројните коментари во медиите, па дури публикации на научници за темата „Северна Македонија„ - покрај нивната предопределена намена - покажуваат, дека Македонија повторно е “жртва на меѓународна игноранција„, како што професорот д-р Волф Ошлис  од Универзитетот во Гисен (Prof. Dr. Oschlies, Universität Gießen) веќе во 2001 година правилно го опиша нивото на знаење во западните администрации и медии. Бидејќи во меѓународното известување, кое се раководи од интереси, се премолчува вистинската цел на потфатот, што го водат гонителите на војни во Вашингтон и нивните помагачи во Брисел: сега со „Северна Македонија„ како членка на НАТО се создава широк заокружен терен за натрупување војски (ein grosses, geschlossenes Aufmarschgebiet) во целиот јужен Балкан за политиката на опкружување на Русија. Не се работи за влезот на Македонија во ЕУ, бидејќи тој влез ќе причека десетлетија заради стопанската заостанатост на земјата.

Република Македонија - под агресија од создавањето држава

Во 1991 година „федералната единка-република Македонија„ (Teilrepublik Mazedonien) се оддели од посттитовска Југославија и се прогласи самостојна како македонска држава со мултиетничко општество. Така наречената Бадентерова Комисија на Европската Заедница утврди дека новата држава ги исполнува условите/претпоставките за да се признае како демократски легитимирана република и дека државното име „Македонија„ не подразбира/имплицира територијални претензии. Сепак Грција реагираше со економска блокада (1994/95). Врз основа на Времената спогодба со Грција од септември 1995 година парламентот во Скопје го промени државното знаме и запиша во Уставот, дека земјата нема територијални побарувања кон соседните држави. Грција од своја страна се обврза да ги поддржи желбите на Македонија за приклучување во меѓународни институции. Хашкиот Меѓународниот суд во 2011 година го осуди ветото на Грција (2008 година) против влезот на Македонија во НАТО како кршење на договорот.

Превез (буквално: крпа) на молк за грчките повреди на човековите права од 1913 година наваму 

Во „спорот за името„ со Грција само навидум се работи за државното име, кое Грција го негира. Историски и географски „Македонија„ опфаќа далеку поголема територија отколку денешната република. Ова се однесува посебно на Северна Грција (Егејска Македонија) и делови на Бугарија (Пиринска Македонија). На тој простор уште од времето на преселбите на народите се разви „македонски“ како означување/именување за одделно население  кое говори словенски јазик сосе неговиот јазик и култура. Кралството Грција ја освои во 1913 година Егејска Македонија, чие население се состоеше од Турци, Македонци и Бугари, но и приближно 20 % Грци. Негрчкото население - доколку не било убиено или протерано (последниот пат во 1948 година), беше грцизирано насилно. Дури со населувањето на малоазиските Грци врз основа на Лозанскиот договор од 1923 година Егејска Македонија го доби својот новохеленистички отпечаток (Gepräge).

Според „Преспанската спогодба„ меѓу Македонија и Грција од јуни 2018 година поимот „македонски„ се однесува само на државната територија на Северна Македонија. Со оваа и со другите одредби титуларниот народ на Република Македонија, но и македонските дијаспори ширум светот, се лишени/ограбени од себепознанието и чувството на заедништво како и од нивната врска/поврзаност со определен pростор („културен геноцид„). Себепознанието и чувството на заедништво се развиени преку/со заедничкото име/означување, јазик, потекло, историја и култура. Оваа нова дефиниција на македонскиот идентитет, историја, јазик и култура е фактичката цел на Грција, бидејќи тогаш надвор од Северна Македонија не ќе постоеле (некогаш порано) ниту македонско домицилно население ниту македонска историја, јазик и култура. Следствено: истите не биле ни истребени.

На таков начин треба еднаш за секогаш да се простре превезот на молкот врз престапните дејанија од бруталната грчка анексија на Македонија во 1913 година наваму, преку принудното грцизирање и други повреди на човековите права до денес.

Растечка стратегиска важност на Балканот во новата Студена војна

Западот децении на ред ја остави Грција да се однесува непријателски кон соседот затоа што грчката блокада на македонските стремежи за зближување кон ЕУ имаше практичен страничен/пропратен ефект за Брисел. Се одбегна, имено, непријатната задача да се помести денот на прием на земја, која бездруго не е „зрела за ЕУ„ , на Свети Никогаш или пак дури да се одбие нејзината желба за пристапување.

Со новото отворање Студена војна и американската политика на засилено опкружување на Русија Балканот станува важна фигура на „евразиската шах-табла„ (Збигњев Бжежински)  за завладување на „евразиската елипса„ со нејзините неизмерни резерви на нафта и земјен гас како и следствено со важни коридори на трубопроводи. Без стратегиски важната Македонија Балканот останува како терен за натрупување војски на НАТО само парче од мозаикот, а западнобалканската територија на НАТО останува поврзана со нејзиниот источен дел (Бугарија и Романија) само преку земјен мост/коридор (Landbrücke) околу Солун со широчина од 60-ина километри.

Заради немањето подготвеност на граѓанската влада во Скопје, која се потпираше на големо мнозинство на македонскиот народ, да ја предаде својата земја преку промена на името, САД во сплотеност со ЕУ посегнаа по испробаното средство на „промена на режимот„ („regime change“). Покрај масивна финансиска и логистичка помош од страна на САД и ЕУ опозицијата на престорените комунисти на парламентарните избори во 2016 година не го доби посакуваното мнозинство. Затоа во 2017 година дојде под палката на Вашингтон и Брисел до пучистичко востоличување на „Квизлиншка влада„ со Зоран Заев како претседател на Владата. Тој е безрбетен социјалист, гонет од судот веќе двапати заради корупција.

Во контекст на спроведувањето на „Преспанската спогодба„ се покажа одново проблематиката со национално издиференцираното, претежно иредентистчко албанско малцинство во Македонија. Тоа (малцинство) од околу 15 % би требало да е далеку понезначително отколку при последниот попис од 2002 година („утврдени„ 25 %) и живее во западните и северозападните делови на земјата воглавно компактно. На база на сопствената историографија и целосно инаквото колективно помнење на христијанскиот православен титуларен народ и на исламското албанско малцинство веќе при оснивањето на македонската држава се покажа линијата на кинење во смисла на тезата на Хантингтон за „судир на цивилизациите„ („Clash of Civilizations“) за заедничко поимање на македонска нација и заедничка држава. Албанските политичари во Македонија - за да не ги посрамотат своите спонзори  во Брисел и Вашингтон - ги спроведуваат своите долгорочни, иредентистички, сецесионистички цели само во мали хомеопатски дози. Етапна цел е постепеното зголемување на значењето на малцинството во насока на државотворна нација со подоцнежно/надоврзано федерализирање на земјата. Како со воведувањето на албанскиот јазик во целата земја, значи и вон малцинските предели - како цена за нивната поддршка на „Преспанската спогодба„.

САД, НАТО и ЕУ поддржуваат и одобруваат кршење устав

Империјалистичкото вмешателство на САД, НАТО и ЕУ во Македонија фрла карактеристична слика врз двојниот морал и врз еластичното толкување на „правните вредности„ на Западот зависно од ситуацијата.

Во 2017 година беше избран нов претседател на парламентот, станува збор за албански терористички водач од 2001 година. „Изборот„ се направи  вон регуларна седница на парламентот без потребниот број гласови од пратениците. САД и ЕУ веднаш го легитимираа така избраниот претседател на парламентот, кој потоа ја нарача (?bestellte) владата. „Преспанската спогодба„, уставните закони за промена на државното име и за воведување на албанскиот јазик како втор државен јазик во целата земја се ратифицираа односно стапија во сила со објавување во Службен весник, при што указите не беа потпишани од Претседателот на државата, кој е единствениот преостанат легитимен орган.

И кога се е противуставно, тоа не е никаков проблем за ЕУ и САД, кои инаку во секоја згода/пригода непрестајно се повикуваат врз „владеење на правото„ („rule of law“).

Д-р Харалд В. Кочи, роден 1946 година во Виена, правник, политички аналитичар и публицист, од 1973 до 2011 година беше во служба на австриското министерство за надворешни работи. Тој работеше во Северна и Јужна Америка. Преку неговите функции како Заменик на Австрискиот Амбасадор  односно Австриски Шарж-д-афер во Социјалистичката Федеративна Република Југославија (1988-1992), набљудувач на ОБСЕ во Косово (1993), Австриски Амбасадор во Република Македонија (1997-2002) како и долгогодишен набљудувач на избори на  ОБСЕ и на Советот на Европа Д-р КОЧИ е докажан познавач на Западниот Балкан.

Превод од германски: Јордан Бошков

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.