Сабота, 23 Февруари 2019   
За оние кои од дрвото не ја гледаат шумата
страшо ангеловски

За оние кои од дрвото не ја гледаат шумата

На времето, пред да не’ окупираат компјутерите и да не’ вмрежат во социјалните мрежи, во зачадените меани, покрај чашка муабет, сите бевме „фудбалски селектори“ и најдобро го компониравме составот на репрезентацијата или на омилениот тим.

Денес, во топлината на домот покрај компјутерот, во кругот на, кој повеќе кој помалку „Фејсбук“ пријатели, сите станавме познавачи и аналитичари за се’ и сешто. Сите се обидуваме да креираме некакво јавно мислење за сенешто, се разбира, секој во својот круг на „Фејсбук“ пријателчиња. И нормално, колку луѓе, толку рамисли, колку „Фејсбук“ профили, толку ставови. Па, неретко несогласувањето со нечиј став преминува во омраза, преминува во гнев. Неретко, различниот став се толкува како предавство, а сопствениот како догма, од бога дадена. Ова посебно кога станува збор за политиката и ставовите во врска со политичките збиднувања. Ваквата битка на „ставови“ посебно се заострува пред секои избори, па така и пред претстојниве претседателски. Дел од ставовите, лични, со најдобра намера, без разлика дали се исправни или не, но искрени, чесни и од срце, а еден добар дел, форсирани од луѓе или „Фејсбук“ профили платени за да сеат сомнеж, недоверба, омраза и гнев.

Ваквата практика на платени „ставови“ стана еден од ударните методи на сценаристот за разнебитување на македонската држава. Свесен дека, сакал некој тоа да го признае или не, ВМРО ДПМНЕ е единствената организирана политичка сила која стои на патот на потпишување штетни договори со Софија и Атина, на патот на двојазичноста на цела територија како иницијална каписла за федерализација на државата, надворешниот сценарист во соработка со македонската длабока држава, пристапи кон најподмолната игра за негово уништување. Формирајќи групи на „незадоволници“ внатре, во тогаш сеуште владеачката ВМРО ДПМНЕ, преку „автентични“ ставови на незадоволство од раководството на партијата, веќе на парламентарните избори во 2016-та, успеа да ги намали гласовите за коалицијата „За подобра Македонија“, создавајќи можност, со притисок врз ДУИ, насилно да се инсталира власт подготвена за разнебитување на државата.

Откако ВМРО ДПМНЕ со коалицијата, насилно беше втурната во опозиција, сценаристот, меѓу другото и создавајќи опозиција на опозицијата, продолжи со сценариото за нејзино целосно уништување. Се редеа локалните избори, па непризнавањето и нападите врз новоизбраното раководство на валандовскиот конгрес, па нападите на „бојкотирачи и блокирачи“ само врз ВМРО ДПМНЕ, за сето тоа да кулминира деновиве, токму пред претседателските избори.

И, зошто е сето ова?

Затоа што надворешниот сценарист и македонската длабока држава, кои ги влечат конците во куклениот театар наречен „парламентарно мнозинство“, знаат дека моќното ВМРО ДПМНЕ, заедно со партнерите од коалицијата, по враќањето на власт, после оваа изгубена прва рунда, ќе ја започне новата рунда во вечната битка за Македонија. И ним, колку што им е важно СДСМ да има свој, поточно речено, косензуален претседател (консензуалноста е тема сама за себе), двојно поважно им е ВМРО ДПМНЕ да доживее пораз од катастрофални размери, за веднаш по изборите, на некој изнуден конгрес да се повтори исходот од охридскиот и ВМРО ДПМНЕ да се подели без можност за брза консолидација. Така, веќе на есен би се распишале предвремени парламентарни избори, на кои опозицијата би била збришана од политичата сцена. Па, во наредните четири години, сценаристот би добил мирно, небранувано политичко море за да го одведе бродот Северна Македонија во правец кој го зацртал. Оној, најнепосакуваниот за македонскиот народ.

За да се оствари ова, сценаристот определил целна група врз која ќе делува. Целната група се најискрените и најчесни македонски патриоти и луѓе кои не можат да се помират со разнебитувањето на вековниот идеал – Македонија како национална држава на македонскиот народ, со свое вековно име, историја и идентитет.

Истовремено, ги определил и четирите начини на делување во оваа специјална војна против сопствениот народ и сопствената држава:

1.Како во поговорката „фрли ја болвата и замини си“, ја пуштија тезата за бојкот, која на многумина од искрените патриоти им изгледа прифатлива, па продолжуваат да ја шират, со образложение дека со бојкотот не даваат легитимитет на новата држава Северна Македонија, иако, за жал, со секојдневното живеење сите ние и несакајќи живееме во новата држава (и ова е тема сама за себе, која бара многу простор за образложување). Истовремено, платените од власта „креатори на јавно мислење“ ја пропагираат се’ повеќе, а противниците на бојкотот ги претставуваат како предавници. Повеќе од јасно е дека сите оние кои ќе бојкотират би гласале за кадидатот на опозицијата, па затоа токму бојкотот е најсилното орудие во реализација на подмолното сценарио на кое треба да наседнат најискрените патриоти.

2. Пронајдоа кандидат, кој собирајќи 10.000 потписи за кои доколку е потребно, ќе му помогнат во собирањето, со „најпатриотски“ мотиви ќе учествува во изборниот процес. Притоа, никој не го обвинува за предавство, бидејќи нели со учеството и’ дава легитимитет на новата држава. Така доколку ВМРО ДПМНЕ не учествува на изборите, тој би бил нивни фингиран противник во вториот круг. Со тоа, доколку и постоела идеја за бојкот во ВМРО ДПМНЕ, партијата едноставно е принудена да учествува за да не ја дозволи ваквата местенка. Повторно е повеќе од јасно дека овој кандидат треба да ги „краде“ гласовите токму од кандидатот на опозицијата.

3. Започнаа невидена кампања против демократски избраниот кандидат на ВМРО ДПМНЕ за претседател на државата, во обид за нејзина целосна дисквалификација. Отидоа дури до таму највулгарно да ја споредуваат со жени со „бујни облини“, небаре избираме „Мис на нудистичка плажа“, а не претседател на држава, па верувам дека за наредните парламентарни избори, болните умови, сите кандидатки за пратенички ќе ги споредуваат со поранешната пратеничка во италијанскиот парламент, Илона Сталер, позната како порно ѕвезда – Чичолина. И повторно повеќе од јасно дисквалификациите се насочени кон определената целна група за да им се сугерира дека не одговара на нивните поими за патриотизам. И,можеби не одговара ниту на моите, но на забревтаниот макијавелизам на сценаристот, мораме да одовориме со макијавелизам – целта ги оправдува средствата. Затоа, доколку кандидатот на опозицијата е орудието за започнување на демонтажата на инсталираната власт, ние, ако сме искрени во љубовта кон татковината, ни се допаѓал или не, имаме обврска да го поддржиме. Безрезервно.

4. Внатре во партијата се извлекуваат личности кои веќе бараат оставка од раководството доколку партијата биде неуспешна на изборите. Со тоа се врши уште еден притисок и мотивација кај незадоволните членови да не гласаат за да дојде до промена на, од некои структури, непожелното раководство.

Со еден збор, на оние кои од дрвото не можат да ја видат шумата, треба да им биде јасно дека битката се води за неуспех на ВМРО ДПМНЕ, со што би се растурила партијата и на вонредни парламентарни избори инсталираната власт би ја зацврстила својата позиција и би го легализирала злосторството што и го стори на сопствената држава и народ. Затоа, колку и да боли, можеби како никогаш до сега, имаме обврска да му се препуштиме на разумот, а не на чувствата.

Поинаку, после тоа ќе боли уште повеќе.

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.