Сабота, 23 Февруари 2019   
И сите Спировци од Македонија да завршат во Шутка, нема спас за Заев!
КОЛУМНА НА ЈАНЕВСКИ: И сите Спировци од Македонија да завршат во Шутка, нема спас за Заев!

КОЛУМНА НА ЈАНЕВСКИ: И сите Спировци од Македонија да завршат во Шутка, нема спас за Заев!

Значи имаме двајца во притвор. И некоја банда сака да ги убие. Ама ништо страшно. За да не мрчиме многу, едниот си оди дома, другиот демек го сместиле во хашките соби. И се е во ред, нели.

Директорот ќе си дал оставка, ама вработените го штителе. Тие што треба да ги штитат притворените, го штитат директорот кој го овозможил тепањето. И така и волкот сит и овците на број. Барем така си мислат.

Рускоска и Јовевски излегуваат на прес конференција и им лепат устичките додека зборуваат. Им се тресат. Ете им го Крсто како става дополнителни килограми сало на стомакот со тендери од Заев, додека они после речиси две години апсат луѓе затоа што некој од веќе притворените кажал збор-два. После една година држење во Шутка, демек пропеал човекот. А не дека не знаат, знаат, и Рускоска и Јовевски, оние кои не смеат да бекнат за причините кои доведоа до влегување во Собранието, кои не смеат да бекнат за изборот на Талат, за улогата на Ферид Мухиќ, за Горан Мисоски кој уште изигрува жртва со синчето, ама се прават на удрени, дека обвинет може и да лаже. Сведок – не, ама обвинет – да. За да се спаси. И потоа бараат притвор за Јанакиески и Ристовски, а некој си судија тоа го спроведува, иако досега, од „27 април“, Вардар десет води сменил, па за Вељановски, Јанакиески и Ристовски нема ама баш ниту еден основ да седат во Шутка.

Но муртинските мудреци, биле кај Ирод во Ерусалим, се советувале, и решиле да го пуштат Јанакиески, а да го остават Ристовски. Пораката е дека треба сите да седиме мирни, зашто борците за човекови права и миленици на Зоран Заев од Дива населба можат веќе утре случајно да го сретнат Ристовски во двор. А, згора на тоа, ако тој им е малку, кај и да е, ќе го донесат и Вељановски. Што би рекол Хемфри Богарт во неговата славна Казабланка, кога од сите „биртии“ на светот, неговата Ингрид закорачува токму во таа што тој ја има, сместена позади грбот на Господ – „еден оди надвор, друг доаѓа внатре“.

И оваа „велелепна мудрост“ на внесување на страв, Заевци ја играат на два месеци пред претседателските избори. На кои СДС ќе загуби. Зашто моќниците кои го црпнаа Заев од нива, ја завршија работата, па сега им е сеедно за него. Тој не е калибар, тој не е бренд на соработник, кој вреди да го чуваат. Таквите се како празно пластично шише фрлено во река. Не го фрлаш дури ни во корпа, зашто Амди Бајрам ќе го земе ќе го рециклира, и пак ќе има траг од него. Го фрлаш во река, во вода, за да биде однесено. Таму каде што судбината веројатно веќе одредила – во Егејското Море.

Кој знае дали Муртино тоа го сфаќа. Всушност, сосема сигурно – не! Но сигурно го чувствува. И затоа му требааат и тие од Дива населба, затоа му треба Ристовски во пртивор. Иако дури и Горазд од преку океанот му порачува дека колку повеќе газат, толку повеќе ќе бидат газени.

Зашто, да спроведуваш ваква Гестапо-репресија во услови кога политички не ти оди најдобро, значи само дека тотално си го загубил компасот. Значи дека се обидуваш сите оние кои ни во сон не се за СДС, ама нешто не им е по ќејф ни ВМРО, да ги бутнеш во прегратките на Силјановска, создавајќи им заедничка цел – Заевци да ги нема. Што во комбинација со фактот дека „шарените“ немаше да ги има да не беа странците (се некако ми паѓа на ум восхитеноста на домашните шарлатани од белгискиот „мачкар“ и нивниот статус на ефтина „роба“ во амстердамски излог), а овие, на кои муртинската нива им дојде преку глава, се автохтони, спонтани незадоволници кои тешко ќе бидат премислени во овие два месеци, па и до предвремените парламентарните избори, не создава розова осмомартовска слика за иднината на нелегалната ни Влада. И тука фактот што Ристовски го оставија во притвор, нема да им помогне. Напротив.

Кон ова, секако лесно може да се додаде и фактот дека македонскиот народ го прегрме стравот. Така што апсења, театри, притвори, тепања, пресуди за „27 април“ темпирани пред изборите…, нема многу да се од полза за СДС. Своевремено, кога Груевски беше нешто прашан за односите со Грција, рече дека ние сме во ситуација на мачка (ете пак тие мачки) притесната во аголот од собата на која не и останува ништо друго освен да почне да гребе со канџите. Овде сега станува збор за нешто повеќе од тоа. Не се веќе во прашање канџи, не е само желбата да се победи СДС, кој впрочем и последните избори ги загуби, туку сето тоа е дополнето со страотна желба да се врати за сето малтретирање во овие години. А таа желба нема да исчезне, туку само ќе јакне. Како велеше Заев? Живи луѓе ќе јадеме! Како велеше Заев? Од чистачка до директор, за да можат да отворат места за нивните швалерки. И колку треба да ти фали во главата за самиот да го вртиш тркалото на судбината на своја штета.

Затоа, шутраци, пуштете го Ристовски надвор и чукнете си ја главата. Ама, изгледа веќе е касно било што да сфатите.

https://denesen.mk/kolumna-na-janevski-ni-site-spirovci-od-makedonija-da-zavrshat-vo-shutka-nema-spas-za-zaev/?

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.