Среда, 22 Мај 2019   
Креирани делби за уништување на Македонија

angelovski

Страшо Ангеловски-претседател на МААК

КОЛУМНА НА АНГЕЛОВСКИ: Креирани делби за уништување на Македонија

Уште од времето на стариот Рим се провлекува стратегијата дека доколку сакаш да владееш со некого најпрво треба да го поделиш неговото ткиво, ткивото на еден народ, на една држава, на една провинција, сеедно. Два милениуми подоцна, во време на исклучителен технолошки развој, кој го поттикнува хедонизмот и алчноста на поединецот и групата, токму оваа стратегија се покажува како најуспешната во обидот на најкрупниот мултинационален капитал преку неолибералните ултралевичарски системи да завладее со светот, завладувајќи држава по држава, регион по регион. Притоа, наместо автохтона и автентична владеачка гарнитура, инсталирајќи ВД управители на државите кои се повеќе наликуваат на “акционерски друштва во стечај“.

Примери има безброј, но суштината е секаде иста – да се создаде нефункционална држава која потоа или ќе се подели (како крајна варијанта), или со нејзе ќе се владее од надвор преку инсталираните вазали кои глумат власт. И начинот на обработка на државите означени како нивна цел е ист – најпрво се креира незадоволство од актуелната автохтона, на регуларни избори добиена власт. Потоа се организираат невладини, вакви и онакви платенички групи, кои секоја посебно се обраќаат на однапред определени целни групи на незадоволници. Во секоја сфера од општественото живеење се детектира по еден или неколку случаи на неправда кои предизвикуваат незадоволство и, тие осамени случаи, преку скапо платена пропаганда и со помош на странски замешатели, се подигаат на ниво на колективна неправда и незадоволство. Па така, мала група “избрани однадвор“, дарежливо помогната со многу пари, човечки ресурси од неолибералните организации за “уривање на режими“ и лажни вести пренесени преку најголемите светски глобалистички медиуми, делејќи го неповратно општеството, создаваат услови за надворешно замешателство. Па, почнуваат посети на дипломати загрижени за недостаток на демократија во државата, нудат “свои“ решенија, се  закануваат, уценуваат, поткупуваат. И, онаму каде што е доволно, приказната завршува со “булдожер“ дипломатија и разноразни “пржински“ договори. На други места, демократијата се носи со авиони бомбардери, спакувана во касетни и не знам какви бомби и, штедро се истура врз “недемократскиот режим“, но и врз невините деца, жени, старци… Ако тргнеме од Авганистан, преку Ирак, Либија и Сирија, до СР југославија и Украина, стасуваме до Македонија и, Венецуела и Иран кои се се уште во проектна фаза, како држави пример за неолибералното злосторство против човештвото и против цивилизациските придобивки. Неолиберално зло, управувано од еден центар на моќ кој сака да загосподари со светот.

И, до овде чинам секому се е јасно и веќе видено. Но, прашање е зошто инсталираната мала група “избрана однадвор“, која киднапира една цела партија и цела социјалдемократска опција во државава, продолжува се поинтензивно да создава делби во општеството?

  1. Имено, неколкумина гласноговорници, во името на СДСМ, дури и од позиција на подарена власт, продолжуваат да ја сатанизираат македонската десница со цел да создадат меѓуетнички,но и внатреетнички јаз кој ќе биде тешко да се премости. Па така,со извртени тези,со невистини и конструкции тие ја сатанизираат македонската десница меѓу нашите сограѓани Албанци до ниво да оневозможат заеднички живот во Република Македонија. Знаејќи и самите дека мнозинството од македонскиот народ стои зад тезите на македонската десница, тие вештачки ја создаваат можеби најопасната делба за иднината и постоењето на државава, внесувајќи непотребна и со ништо предизвикана омраза меѓу мнозинството Македонци и најголемиот дел Албанци. Омраза, која краткорочно им носи изборна полза на оние од СДСМ, но долгорочно може да претставува неконтролирана разурнувачка сила.
  2. Внатреетничката поделба во ткивото на македонскиот народ ја продлабочуваат по неколку основи. Најпрво,со целосно сатанизирање на македонската десница, кај еден дел на своите поддржувачи создаваат ситуација на нереална омраза кон се што барем мириса на ВМРО, на традиција, на историја, на херојство и саможртви.

–Потоа,наоѓајќи плодно поле внатре во македонската десница околу начинот на натамошна борба против ова инсталирано зло, против Преспанскиот договор и сите уништувачки последици од него, преку свои инсталации поттикнуваат недоразбирања до ниво на омраза меѓу оние кои сметаат дека треба да продолжат со политичка борба и оние кои сметаат дека секаков вид политичка борба треба да се бојкотира. Со еден збор, со подмолни методи, преку свои уфрлени најгласноговорници, легитимните разлики околу начинот на политичка борба, ги креваат на ниво на непремостлива омраза, на која, за жал, како на јадица, се фаќа дел од македонскиот народ.

–Преку свои инсталации, платени или уценети, сеедно, внатре во најголемата организирана политичка сила во државава, ВМРО-ДПМНЕ, упорно работат на оцрнување на секој од врвот на партијата, па дури и на целата партија, заради внесување делби внатре во членството на партијата, делби кои засега успешно се надминуваат но, доколку успеат, повторно ќе донесат краткорочна изборна полза за оние од СДСМ, но ќе урнат еден од носечките столбови на државната конструкција.

–  Она што од “златното“ време на УДБА никогаш и не престанало да се реализира е поделбата меѓу Македонците овде и Македонците отселени ширум светот. И, доколку како аналогија ја земеме омразата на тогашната УДБА кон се што беше “емиграција“, било да е хрватска, словенечка, македонска… само затоа што се залагаше за самостојност и независност надвор од југословенската федерација, денешната омраза кон делот од македонскиот народ отселен од државава, станува јасна. Повторно, тој дел од македонскиот народ, според оние од СДСМ треба да биде омразен заради истата заложба за независна, самостојна и суверена Република Македонија. И, за жал, повторно преку своите инсталации овде, но и во иселеништвото, прават се за да внесат омраза меѓу двата нераскинливи дела од еден ист народ – македонскиот, без разлика кој каде живее.

Поделбата на “антички“ и “Словени“, поделбата на “вардарци“ и “егејци“, поделбата на православни и муслимани, поделбата на “елитни“ и “рурални“ Македонци, станува се поинтензивна во изминативе две години. Станува толку интензивна што се поткрева на ниво на барем нетрпеливост, ако не и на посакувана омраза. Омраза, која, за жал, треба да го подели општеството до степен да не може да се живее заедно. Да не можат да живеат заедно Македонците и Албанците, но и десничарите и левичарите, “античките“ и “Словените“, елитните и руралните, “бојкотирачите“ и оние другите. Проект, кој, со толкав степен на омраза по глава на жител, може да доведе само до едно – до распад на општеството што неминовно води и до распад на државата.

Затоа, можеби е последен момент да не веруваме повеќе на наметнатата омраза која им одговара само на грст луѓе инсталирани во власта. Можеби е време чесните и искрени социјалдемократски левичари и чесните и искрени десничари, чесните и искрени Македонци и чесните и искрени Албанци, чесните и искрени “вардарци“, “егејци“, “граѓани“, “селани“, овдешни и прекуокеанци, да застанеме заедно наспроти сеачите на омраза. Наспроти платените сеачи на омраза кои можеби треба да одработат за нечија интервенција во државава или за евентуална поделба меѓу некои од соседите.

Има премногу држави примери, кои се се уште свежи, а кои треба да не подучат. Додека не биде доцна. Или, предоцна.

 https://denesen.mk/kolumna-na-angelovski-kreirani-delbi-za-unishtuvanje-na-makedonija/

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.