Среда, 29 Мај 2019   
Христијанската мисија на Св. Кирил и Методиј меѓу Хазарите

n 

Проф. д-р Марија Емилија КУКУБАЈСКА

Филолошки факултет, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип

Христијанската мисија на Св. Кирил и Методиј меѓу Хазарите

Меѓу муслиманските и еврејските сегменти, мнозинство од Хазарската популација на територијата на јужна Русија, Украина и околните региони, прифатиле членство во Источно Словенската Црква преку просветителската мисија на Св.Кирил. Благородништвото (малцинство меѓу Хазарите) останало верно на претходно прифатениот Јудаизам и тој сегмент мигрирал кон Запад, приспојувајки се со сродна популација во Европа. Анализирани се различни хипотези и теории за потеклото и природата на Хазарите, во потрага по идентитетот на културите, расите јазиците на оној сегмент кој го прифатил Христијанството и Јудаизмот во Русија за време на Хазарската мисија на Св Кирил. Дадени се примери од духовните идеи на Св. Кирил применети во интер-културното разбирање, меѓусебното прифаќање и во расното, етничко и религиозно менаџирање на кризи меѓу Хазарите. Се анализира социјалната, културна и религиозна историја во контекст на последната вера, Хриситијанството, воведенро во 9от век меѓу Хазарите, преку образовната и книжевна мисија на светите странци од Балканот, браќата од македонскиот град Солун, патроните на Европа, Светителот Кирил и неговиот брат Методиј.

Од 7-от до 9-от век различни култури и јазици ја сочинувале федерацијата на Хазарскиот каганат. Позиционирањето на Хазарите на тие територии поставило линија помеѓу Истокот и Западот, со цел да ги вклучи во своја територија Арапите, Евреите, Христијаните и паганите кои биле во соседство на средновековната Европска култура, низ период кога Европа го доживувала своето рано религиозно и национално формирање. Во тој период Хазарските народи или продолжиле да мигрираат како номади, или останувале седентарни народи. (Brook, 1999).

Кевин Брук опишува дека Хазарите биле пред се поклоници на Јудаизмот, факт забележан во Латинскиот ракопис  Expositio  in Matthaeum  Evangelistam,  иако други историчари нудат обемна аргу-ментација дека Хазарите имале потекло поврзано со Алтајските Турци, Келти, Пикти, други Кафкаски народи, Сабирци, Булгари, Кинески Ујгури, па дури и со Палестински племиња, кои во тој период се движеле во, и населувале, денешни територии на јужна Русија, западен Казакстан, источна Украина, Азербејџан и Крим-ските области.

Советскиот археолог М. И. Артаманов смета дека се до 9от век Хазарите од јужните делови на Источна Европа и во регионите северно од Црното Море до соседните степи и шумски подрачја околу реката Дњепар,  „немале ривали во нивната надмоќ во однос на политичка и културна супериорност“.

Арапскиот географ Иштакри, еден од главните Арапски извори на податоци за демографија и историја од тој период, пишува:  „Хазарите немаат сличност со Турците. Турците се црнокоси, и се од друга сорта, така едните Хазари  се наречени Кара-Хазари (црни Хазари)… а другите, белата сорта се наречени Ал-Хазари, и се многу убави“.  Овој став е во спротивност со ставот на Артур Кеслер од неговата книга  Тринаесеттото племе,  во која тврди дека Хазарите се од „турска сорта“.

Соочувајќи се со Хазарската неодредена генеалошка линија и нивните религиозни и културни разлики, Св. Кирил успеал да освои голем дел од Хазарското население со моќта на Христи-јанската вистина за духовните и морални закони во природата и човекот. Културното и верско влијание на Св. Кирил се поврдува со извадоци од неговите дискусии на религиозни и морални теми, водени со нехристијанските учени луѓе во Хазарската земја. Тие разговори се зачувани и во Византиски и во Римски црковни истории како и во  Краткото  Кирилово Житите  од Климент Охридски.  Автентичните дијалози за културни и религиозни идеи промовирани од Кирил Филозоф, цитирани во финалниот дел од овој труд, потврдуваат дека за време на Хазарското покрстување во Православна вера, Еврејската и Муслиманската религија веќе биле присутни таму, но дел од нив сепак го прифатиле Христијанството.

Во своето познато дело  Книга со докази во одбрана на омразената вера, (Kitab al-Hujjahwa’I-Dahl fi Nasr al-Din al Dhalil, The Book of Arguments of Proof in Defense of the  Despised Faith  на англиски), составена од 1120 до 1140 година и преведена од Арапски на Еврејски кон средината на 12от век, Јуда ха-Леви (Judah ha-Levi) го објаснува прво прифаќањето на Јудаизмот од страна на Хазарските благородници и нивниот крал Булан, откако Христијан-ството било прифатено во Западното Римско царство, како и во Македонија.

Во книгата популарно позната како  Книга за Хазарите  (The Book  of  the  Khazars,  Sefer  ha Kuzari –  на Еврејски или  Kitab  al-Khozari – на Арапски), се наведува дека Исак Сангари бил причината за кралот Булан и властелата да бидат официјално воведени во Сефардиски а не во Ашкенази Јудаизам.  (Wigoder, 1991). Часдај ибн Шапрут (Сhasdai  ibn  Shaprut:  915-970  год.) бил Шпански Сефардиско-Еврејски човек од образование, кој „го напишал познатото писмо до кралот на Хазарите во кое на страна 239 од англиската верзија изјавува радост за нивното независно еврејско кралство“, се наведува во  Блеквел Речникот на Јудаизмот. (The Blackwell Dictionary of Judaic,1993).

Иако некои научници ова го сметаат за  „мит од Еврејско потекло“, останува фактот дека Хазарите себе си етнички се сметале за потомци на 10то изгубено племе,  „племето на Симеон или полу-племето на Манасие“.  (Schuman, 1963)  Спрема овој став Хазарите го прифатиле јудаизмот пред преселбата на нивното Хазарско племство од областа околу Црното Море во Источна Европа, по распаѓањето на Хазарската империја, во 969 година, кога Русите ги освоиле Хазарите. Рабинот Дан Кон-Шербокас (Rabbi Dan Cohn-Sherbokhas) пишува:  „Хазарите (Чазари),  (исто така изговарано како Chazars и Hazars), спрема наведениот Блеквел Речник на Јудаизмот, се  „Турски или Фински племиња кои се населиле во пониските текови на Волга“. Во речникот пишува дека од 8-от до 10-от век Казарската држава се простирала на запад се до Киев. Во 8от век јудејското движење се појавило помеѓу народот и нивниот крал Булан, и при тоа илјадници благородници ја прифатиле еврејската вера.

Истражувајќи различни меѓукултурни извори денес, може да се најдат и други спротивставени толкувања за недоволно одреденото потекло на Хазарите. Во прилог на тоа овој труд го консултира и истражувањето на Јаир Давиди  (Davidy,1996), кој верува дека Израелскиот генеалошки идентитет се изгубил надвор од Израел, кога едновремено и други народи ја попримиле еврејската вера. Она што го сочинува јадрото на Хазарскиот народ, тврди Давиди, се Агатирските, познати и под името Акацири. Хазарите попримиле еврејска вера, потоа во одреден период постанале и светска сила, а нивната моќ се простирала од центарот на нивната територија која ја опфаќа јужна Русија, и најголем дел од Скитија.

Јаир Давиди исто така тврди дека Хазарите се поврзани и со Саксонците, поврзувајки го тоа со Саксонскиот Град кој за еден период бил и главен град на Хазарската територија. Толкувањето понатаму тврди дела Агатирските биле поврзани и со Готите. Една Кавкаска традиција позната кај Субаријанците верува дека Агатирсите потекнуваат од Ашур, а постои и традиционално убедување дека Агатирсите дошле од Асирија, што е северен Ирак. Оваа претпоставка може да биде и прифатлива бидејќи огромен број на Израелци биле протерани во ропство во Асирија и Вавилон а потоа расселени по границите на нивната Асиро-Вавилонска империја.

Во своите понатамошни истражувања Давиди ја надминува поврзаноста на Асирците и Евреите, и доаѓа до сознание дека Агатирските Пикти, кои во микроскопска суштина ги претставуваат сите северо-западни европски народи, всушност имаат Израелско потекло и се потомци на Ајгазарите кои се потомци на Гилеад од Манасија, што е всушност едно од еврејските племиња. Давиди е убеден дека повеќето Пикти и Шкоти се потомци на Манасија, брат на Ефрем, син на Јосиф, син на Јаков, лидери низ библиските податоци од Стариот Завет. За доказ на својот став Давиди пишува:  „Агатирсите, кои дојдоа од Скитија, потекнуваат од кланот на Џезир (Jeezer), син на Гилеад, кој што е син на Манасија  (Стар Завет, Броеви, 26:30). Транслитерација на еврејското име Џезир, можеби е изговарана како (А)газар, бидејки Агатирсите исто така се нарекувани Акацари, Харари и Газари. Оние Агатирси, односно Акацари, кои преостанале во Скитија, подоцна го формирале јадрото на Хазарската нација.

Постои уште едно традиционално верување, запишано од Елдад ХаДани, од 800та година, а исто така спомнато во Кочинските записи,  дека Хазарите потекнуваат од еврејските племиња на Симеон и Манасија. Давиди исто така верува дека Саксонците од Мерсија, кои подоцна ја населиле денешна Германија и Англија, како и Мирингите, во Европа, всушност мигрирале од околината на Букара, северно  од Бактрија. И Букара и Бактрија се претпоставува дека се именувани по кланот наречен Бакри, кој потекнувал од Ефрем (Стар Завет, 26:35). Од Бактрите потекнале Боручерите кои пак учествувале во Англо-Саксонските инвазии на Британија.

Компаративните лингвистички и интер-дисциплинарни истражувачи ја имат интензивирано нивната потрага низ историјата на повеќе од 6500 јазици и говори, и нивните народи и племиња на планетата. Тоа придонесува и за проширување на истражувањата во области од антропологија, религијата и генеалогијата, односно во генетските докази за доминантните траги на потеклото на одредени народи.

Во однос на идентитетот на Хазарите, обидувајќи се подетално да се анализираат поимите од лингвистичко-историски интерес, се доаѓа до следните показатели. На  Еврејски јазик зборот „ар“ или  „сар“, од кој произлегуваат и деривативните титули: „цезар“,„кајзер“ или  „цар“ (кои и во Рим, Германија и во Русија означуваат владетелство), всушност означуваат господар“,„погла-вар“ и  „владетел“. Во еврејскиот јазик на постојат суперлативи, затоа префиксот  „ка“ во Еврејскиот јазик е употребен како прилог за  особина и квалитет, и оттаму со употреба на  „ка“ како префикс на зборот „сар“, се појавува интерференција која означува    „ (нај)мо-ќен владетел“.

Овој текст ќе наведе  уште еден податок достапен во интер-дисциплинарните истражувања, дека зборот  „сар“ или  „шар“ исто така значи  „оставен, кој останува“ или  „остаток“. Оттаму народите кои го сочинувале Хазарското царство се сметаат и за „остатоци“ од изгубеното племе на Израел, племе кое со векови било поробено и во тој процес било нарекувано и  „преостанатите“ од  „најголемиот владетел“.

За доказ на валидноста на овие претпоставки модерната наука има собрано факти пообемни од било кога, и истите служат за соочување со нови предизвици во лингвистиката, генеалогијата, религијата и културата, иако наведените претпоставки за потеклото и името на Хазарите се граничат и со митологија. Но, и при ова, само неетичка и необјективна пристрасност на тоталитаристички идеологии во 21от век  можат да бранат своја митологија, или историја, а жестоко да негираат туѓа (пр.: Балканските соседи против Македонија).

И црковните податоци за Св. Кирил можат да се сметаат за мит или легенда, од страна на нехристијани, атеисти или агностичари. Меѓутоа, како што новодобските верувања имаат право на своите екстремни ревизии со верување во  „космички  – темни или светли, подземни или надземни генерични сили“, дотолку повеќе историско-црковните податоци за животот и делото на филозофот и културно/религиозен мисионер меѓу Хазарите, Кирил, не можат да бидат отфрлени поради спротивни убедувања дека „Христијанството треба да биде избришано од земјината топка“, како што една религија ги негира сите останати религии на светот денес, во памфлет од 23 страници насловен  „Глобална Исламска Цивилизација: Оживување на моќта на една нација“.  Оваа идеологија произлегува од групата наречена Интернационално Обеди-нети Муслимански Нации“, предводена од Шеик Фарук ал-Моха-меди.

Во време кога науката се обидува непристрасно и споредбено да ги истражува особеностите на народите и преку нивната позитивност да ги зближува културите, изданија и идеологии како наведениот памфлет, од некого  се сметаат за просперитетна борба за светска доминација на стариот Калифат, а од други за катастрофа против западната, христијанска култура, и против јудаизмот. Враќајки се назад во 9от век кога религиите биле антагонизирани но сепак се согласувале да дебатираат, како за време на Хазарската мисија на Св. Кирил, се наметнува согледувањето дека културната војна меѓу  „цивилизираните“ народи денес завзема варварски нецивилизирани и нетолерантни позиции.

Деталното познавање на Библијата од страна на Кирил Филозоф, и за време на неговата мисија меѓу Хазарите ги имало предвид различните генеалогии на  населението кое зборувало и арапски и еврејски и славјански јазик. Кирил знаел дека еден од синовите на Исак се нарекувал  „Шар Јашуб“, што значи  „преостанатиот ќе се врати“ (Стар Завет, Исаја, 7:3). Самиот Бог преку „светата книга“ прорекнувал дека  „И тоа  ќе се случи еден ден, остатоците од Израел, кои биле оддалечени од Јаков, нема да останат под оној кој ги отсекол, туку навистина ќе бидат со Господ, Светиот на Израелците. Ќе се врата останатите, дури и остатоците од Јаков ќе се врата, спрема Божјата моќ“.

Ако се прифати овој библиски став, како и лингвистичката хипотеза, треба да се очекуваат и понатамошни, отворени и непристрасни истражувања во многу интер-дисциплинарни студии за културата и етничкото потекло на Хазарите, како што во 21от век станува  се поактуелна потрагата на многу африкански и азиски народи и племиња по нивниот идентитет. Важно е да се зема предвид и географскиот факт дека Хазарите биле лоцирани во област каде биле населени десетте Израелски племиња, откако биле заробени од Асирската Империја во текот на три години, од 718 -721 година пне. Се до нивното ослободување од Асирското ропство од страна на Александар Македонски кога тој ги победил Персија и Вавилон, во 331 година пне, Израелците во текот на тие 500 години успевале и таму да се развијат како силен народ. Некои научници ја земаат предвид и претпоставката дека во текот на 1400 години, до формирањето на Хазарското царство, кај Израелците се намалила свеста за национален идентитет додека лутале по степите на Азија. Израелците тогаш престанале да ја следат Тората, се препуштиле на обожување на паганскиот бог Баал, и почнале да наликуваат на оние кои некогаш ги критикувале, нееврејските народите.

До времето кога Св. Кирил пристигнал во Хазарија, многу Евреи се оддалечиле од  Божјите закони и заповеди, и ги загубиле религиозните и духовни маркери на својата идентификација како народ. Сепак, тие ги зачувале своите физички карактеристики: бела кожа, сини очи, црвеникава коса. Кралот Давид и самиот имал „светла кожа на лицето (“ruddy”  complexion). На Еврејски  „руди“ значи  „светлоок“,  а веројатно тој  имал и црвеникава коса (Стар Завет,  I,  16:12).  Оттаму името Кашар (Ka-Shar) може истовремено да значи и  „посебен остаток“ или  „особен остаток, или луѓе „изгубени од десетте племиња“.

Менувањето на верата на Хазарите во Јудаизам (740 година) а потоа и во Христијанство (860) побудува неограничени можности за споредбени студии кои би се изведувале од сите различни вери и култури што ја сочинувале Евро-Азија. Спрема Еврејскиот научник Артур  Кеслер, моќната Хазарска држава од 7  –  10 век била тампон зона за заштита на Византија од инвазии на  „варварски“ племиња од северните степи: Булгари, Маѓари, Печењези и други. И Викинзите како и Русите често навлегувале подлабоко во таа територија.

Спрема Византиската дипломатија и Европската историја, Хазарските армии успешно го блокирале Арапскиот културен и религиски фанатизам да се наметне во својата рана и радикално неприја-телска фаза против сите немуслимански народи. Хазраската терито-рија го заштитувала и одложила Муслиманското непријателство и потчинување на Источна Европа, за што можат да се најдат податоци во книгата Тринаесеттото племе, (Кеслер, 1976).

И спрема професорот Данлап од Колумбија универзитетот во Њу Јорк, кого Кеслер исто така го цитира, историското значење на Хазарите во тој период и за таа територија било клучно за одбраната на Христијанска Европа. Данлап пишува:  „Утврдува-њето на Европската цивилизација на Истокот ќе беше соборена од Арапите, а историјата на Христијанството и  Исламот најверојатно би била поинаква од денешната, ако Хазарите не ја заштитувале  „Вратата“ помеѓу Волга и Касписокото Море, бранејќи го составот на тамошните народи и религии од постојаните судири со други племиња од Европа и Азија“.

Моќта на Христијанската верзија на „љубов кон соседот, кон ближниот“, за која проповедал и Кирил во неговата Хазарска мисија, нудела повеќе од „потреба за толеранција“ меѓу неколкуте вери во Хазарската држава. Христијанскиот концепт за прифаќање на  „другиот“ значи и  „инклузивност“, што не е случај со некои други религии, како муслиманската, кои го сметаат христијанството за  „не нивно, неверничко, нечисто“. На врвот на својата моќ Хазарите контролирале триесет различни народи и племиња кои ги населувале степите помеѓу Кавкас, Аралското Море, Уралските Планини и степите на Украина. Хазарите владееле над повеќе нехристијански народи како Бугари, Буртаси, Гузи, Маѓари, Готи и пагани од рано-грчките колонии на Крим, заземени по смртта на македонскиот крал Александар Велики, додека Хазарските армии ја напаѓале Грузија и Ерменија, како и оддалечениот Арапски Калифат во Мосул. Во деталните истражувања на Кеслер објавени во книгата  „Француска Врска, Тринаесеттото Племе, Хазарската Империја и нејзиното наследство“, Кеслер пишува:  „Последните древни Хазарски села по должината на Дњепар беа уништени во Козач-ката револуција на чело со Хмељњицки, во 17-от век, а преживеа-ните го поддржаа натамошното зголемување на Еврејската популација во постоечките населби“.

Токму во тие Хазарски територии и Христијаните покрај Евреите, немале проблеми да ги практикуваат своите различни етнички и етички вредности и духовни средства за менаџмент на кризни ситуации. Таквите вредности и доблести засновани на Христијански морални принципи кои ги проповедал Св. Кирил, по своето значење и мирољубиво прифаќање од другите култури и религии, и до денес остануваа несоборливи. Моралните доблести кои произлегуваат од Писмата на Апостолот Павле до Македонците (кои го примиле Христијанството во 1-от век), и кои го споделувале како и ослободителна вест за доброто на човештвото, стигнувале преку Св. Кирил и до Хазарите во 9-от век. Христијанските мо-рални вредности не можеле да бидат побиени ниту од не-Хрис-тијаните со кои Кирил водел дебати и нудел библиски и здраво-разумски аргументи во одбрана на Христијанската вера во Бог Исус Христос. Спорадичните судири помеѓу различните култури и вери во Хазарската  земја, биле надминати од возвишената светост на Кирил, универзално вдахновениот гласник кој поседувал највисоки морални кодови од сите духовни лидери во тој период од Христијанството во Европа. Затоа, заедно со братот Методиј, тој е избран за заштитник на Европа, во 1980 година. Кирил се стекнал со вредносните кодови и преку Стариот и преку Новиот Завет во кој мисионерот во Македонија, Павле, ги напишал откровенијата од Божјиот закон кои се однесувале на моралните квалитети, на доблестите преку „Плодовите  на Духот:  „љубов, радост, мир, трпеливост, добрина, љубезност, мислосрдност, верност и само-контрола“,  (Нов Завет, Галатјаните: 5:17-22), од кои љубовта е круната на лулката на сите вредности кои ниеден закон и наука не можат да ги порекнат. Христијанството постанало шампион на моралниот карактер и на етичките вредности токму кај оние кои се покрстувале поради врвниот хуманизам во нив и стремењето кон усовршување на личноста преку божествениот идеал за квалитетно живеење.

Покрстувањето во Хазарија се одвива девет века по Христовото раѓање и само два века по појавата на религијата која го негира христијанството, Исламот (7-ми век). Св. Кирил изразил натпросечно квалификувани и хумани способности за менаџмент на кризи во религиозните и културни разлики и несогласувања пројавени меѓу нехристијанското население во Хазарските територии. Со Библија која тој ја превел од Грчки на неговиот мајчин јазик, македонски со Солунски дијалект, мисионерот Кирил мудро ги просветлувал народите од Русија, Украина и Источна Европа. Уште од својата 13та година, кога Константин-Кирил го загубил својот татко, тој покажува генијалност и преку научување на јазиците на етничките малцинства во Солун, Еврејскиот и Грчкиот, посетувајќи престижни школи во овој македонски центар, а веќе  говорејќи го јазикот на својата татковина, Македонскиот. Следната година тој научил и Латински и Сириски јазик а изучувал и филозофија преку гледиштата на Грегорие Назиански од 4от век. Вака подготвен Кирил бил испратен во Магнаурската школа во Истанбул. Пред Кирил да се впушти во Хазарската мултикултурна и образовна мисија, Кириловото срце било освоено и од најголемиот мислител на тоа време, логотетот (премиер на Византиската империја), Теоктист. Откако и Теоктист се восхитил од чудесните вредности на Кирил, му постанал и заштитник и му помогнал да биде избран на позицијата професор по филозофија на Магнаурската школа во Истанбул. Кирил и таму го докажал својот брилијантен христијански интелект, особено со победата над Архиепископот, иконокластот Јован 7ми, Граматичарот, во религиозните дебати со него. Во својата Христијанска мисија Кирил му ја има понудено на својот брат Методиј сопствената образовна експертиза за подобрување на школскиот систем во Македонија заснован на христијански светоглед (што ќе се  продолжи од неговиот ученик Св. Климент). Тогаш Методиј владеел во северна Македонија како словенски принц.

Кога Кирил влегол во Хазарската земја, тој успешно се справува со културните и религиозни судири, и мирољубиво ја спречувал ескалацијата на нетрпеливост со помош на:

  1.     Рационална и духовна супериорност, комуникациски способности и длабоки познавања на филозофијата на верата, преку што ги претставувал трајните вистини за највисоките вредности во Христијанската етика, кои и денес остануваат необорени и од ново-пагански, атеистички и од социјално-активирани „револуциони-ери“ од било кои вери.
  2.     Старословенскиот јазик со македонски дијалект кој го употребил во преводот на Библијата, и истиот бил прифатен со највисоко ниво на разбирање од страна на народите во Јужна Русија и Украина, каде се зборувале и јудејски и семитски јазици. Кирил веќе ги познавал јазиците и на тие народи кои се наоѓале на крстосницата од прото-индо-европскиот лингвистички автопат кој во своите пра-корени споделувал заеднички особености и со прото-Македонските племиња кои постоеле на Балканскиот полуостров, милениуми пред да се населат племиња од Мала Азија, и Африка, опишани во митската Илијада, Одисеја и Енеида, како доселеници на Јужно Балканските острови и на Апенинскиот полуостров.

Заедно со својот брат Методиј, Кирил ја остварил Хазарската мисија од 859 до 861 година, во период на една друга религиозна догма низ Европа, кога Словенскиот јазик на Библијата бил парадоксално неприфатен покрај Латински, Еврејски  и Грчки. Ова е период кога Европската црква управувана од Рим како и од Кон-стантинопол, претрпува институционални кризи и етикетирање (ерес) додека феудалниот систем се бори за власт со црквата.

Кирил и Методиј биле првите двајца аскетски идеалисти, но и прагматичари, кои ја напуштаат својата земја и угледното наслед-ство на нивниот татко, лидер во Солунската морнарица и предводник на одбраната на македонската тврдина во Солун од нападите на Арапи, Грци и други напади. Заедно со Кирил и Методиј ги почнал духовните, интелектуални и практични подготовки за одбрана од невидливиот непријател  и неговите заканувачки идеи преку другите вери, пред се со антагонизираната муслиманска религија. Браќата согледале дека  „лоши духови се надвиснуваат на Авро-Азија“ (Кратко Кирилово Житие) метафора слична на онаа која ја употребил и Черчил, предупредувајќи за тоталитарната  железна завеса која се надвиснувала над Европа, во говор „Жилите на Мирот“, Фултон, Мизури, 1946 год.

Христијанската хуманост на овие браќа имала  визија да ги надминува националните, државни и црковни поделби. Подоцна канонизирани во светци, Кирил и Методиј прифатиле повик за мисија, сличен на оној на Св. Павле: да дифузираат идеи за христи-јанските доблести, со љубов и милосрдие кон секого во Хазарската земја. Тој повик дошол токму од еден ново покрстен христијанин, Борис, водач на Бугарите кои се населиле од Азиските територии, ја освоиле денешна Бугарија и од пагански народ биле покрстувани во Македонија, на реката Брегалница, токму од Константин-Кирил.Македонските браќа верувале дека сцената на која ги предо-дредила судбината, требало да биде изложена на вистина прогова-рана на глобалниот јазик на Божјата љубов, Христијанскиот јазик.

Тој  јазик  постанал за Кирил и Методиј клучен инструмент за општествена, интер-културна и интер-етничка средновековна комуникација и размена на информации за духовни и практични вредности на животот. Јазикот на нивната богоцентрична хуманост ја претставил меѓу Хазарите алтернативата за суштинско ослободување од строгите религиозни догми и антагонизам меѓу народите во Хазарската федерација.

Во познатите предавања, дебати и дискусии одржувани од филозофот Кирил, темата за Светото Тројство била една од најистакнатите. Природата и тајната на Тројството (Св. Троица) било негирано од не-христијанските Хазарски филозофи. За илустрација на вонредната остроумност и божествена Кирилова посветеност на духовното образование, ќе цитирам зачувани извадоци од неговите реплики против осудите од страна на испитувачите, кои убедени, подоцна ја прифатиле Христијанската вера.

„Дали ти филозофе, го сфаќаш ова: Пророкот Мохамед ни донесе од Бога добро знаење, и преобрази многу луѓе… кои ја исповедаат својата вера и ништо од неа не менуваат“?

На ова Кирил одговорил одлучно и со познавање на Коранот, како и на хипокризијата и хедонизмот кои се јавувале во толкувањата на Коранот:

„Во вашата вера постојат обичаи и филозофија од физичкиот свет на човекот и тие се лесни да се следат. Пророкот Мохамед не ве прави воздржани ниту од насилство ниту од неконтролирана телесна страст… Нашиот Спасител Христос не го има сторено тоа.

Самиот Тој кој е Чистина и кој е извор на се што е чисто, Тој им пожелува на Своите чеда да живеат свет и чист живот, далеку од сите пороци… бидејќи ништо нечисто нема да влезе во Неговото Царство“. (Нов Завет, Откровенија, 21, 27)

Тогаш Хазарските мудреци го прашале Св. Кирил:

„Зошто вие Христијаните делите еден Бог на три Бога, Татко, Син и Свет Дух?“

Кирил им одговорил:  „Дали вие самите го отфрлате она што всушност го прифативте како обрежување од старите пророци, кои исто така ве учеа дека Светото Тројство е од исто значење. Слично е Тројството на примерот со Сонцето, создадено од Бог да ја покажува: својата форма (круг без крај, како што е Таткото, Бог), својата Светлина (низ Исус, Синот Божји, отелотворен во овој свет), и својата Топлина (која заедно со Бескрајниот Бог и неговата Светлина зрачи испратена на Неговите луѓе).“

Муслиманските Хазари во друга дебата со Кирил Филозоф го изнеле и своето гледиште:

„Вашиот Господ Христос ви наредува да се молите за вашите непријатели, да чините добро и кон оние што ве мразат и кон оние кои ве прогонуваат, и да го свртите другиот образ кон оние кои ве навредуваат; но вие не постапувате на тој начин…“

И на тоа Кирил  им дал одговор: во однос на  заробеништво на умот и на телото  и во однос на личното и јавно прогонство. Им кажал на Хазарите дека Господ очекува да се следат и двата негови завета, а не само едниот:

„Нашиот Господ Христос ни заповеда да го почитуваме Бог и да чиниме добро кон оние кои не повредуваат. Бог исто така рече: Нема ништо поголемо од Љубовта на оние кои си ги даваат животите за нивните пријатели (Нов Завет, Јован, 15:13). Затоа, ние страдаме од напади лично насочени против нас, но кога тие напади се  насочени  кон народот, тогаш ние стануваме во отпор, заштитувајќи се еден со друг и плаќајќи со нашите животи, за да можеме да ги заштитиме нашите браќа од заробеништво на телото, и на нивните души, што води кон грозни и против-Божји дела.“

Христијанскиот  филозоф и едукатор, Св. Кирил од Македонија, промовира конструктивно разбирање и одржлива толеранција меѓу народите, против криминал-од-омраза (hate-crime), против дискриминација, а за мултикултурна коегзистенција и разбирање на вистината во човековото битие кое и  во 21 век се соочува со културно-верски антагонизам. Меѓу 730 религии и 3200 секти на планетата денес, 33% од човештвото се Христијани, 21% Муслимани, 16 % атеисти и друга нерелигиозна популација, 14% Хиндуисти и други. Независно од статистичките податоци, секоја религија заслужува еднакави и немилитантни права на истражување и претставување на својата културна и етничка посебност во меѓународната заедница.

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.