Среда, 05 Јуни 2019   
Вардарци во Келн напишаа уште една убава ракометна бајка

61666661 749602615437407 6738176583544078336 n

Вардарци во Келн напишаа уште една убава ракометна бајка

a 1Свекрва

По втор пат во својата историја ракометарите на „Вардар“ станаа прваци на Европа.  Вардарци испишаа уште една убава ракометна бајка, откако во полуфиналето ја победија Барселона, а во финалето на ЕХФ лигата на шампионите во Келн ја победија унгарската екипа Веспрем со 27:24. Човек не може, а да не напише нешто за модерната бајка која ја испишаа ракометарите на Вардар.

Можеби еден ден, родителите ќе ги успиваат своите деца со приказната за Вардар, во која ќе се говори како овој клуб се искачи на ракометниот трон на Европа.

Додека генералниот секретар на НАТО и амбасадорите на земјите членки на Алијансата, членови на Северноатлантскиот совет престојуваа во новоосвоената и  преименувана територија Република „С“ Македонија, дотогаш ракометарите на Вардар во Келн го освојуваа ракометниот престол на Eвропа за Република Македонија.

Имено, капитенот на Вардар Стојанче Стоилов на прес-конференција по натпреварот со Веспрем го коригираше водителот откако го најави Вардар како „шампионот од Северна Македонија“. На ова македонскиот капитен искажувајќи го својот став во врска со името ќе рече:„Сакам да потенцирам дека мојата земја е Република Македонија“,

Видливо е дека во градите на Стоилов и другите ракометари на Вардар, бие срце јуначко. Иако, веќе девет месеци не примиле плата, ракометната фаланга напиша уште една убава ракометна бајка. Вардарци со своето срце кое бие за Македонија ги прегазија противниците.

Поранешниот играч на Вардар Илија Абутовиќ, во честитката за победата со своите поранешни соиграчи и пријатели, цитирајќи го Петар Петровиќ Његош ќе го потврди тоа велејќи дека  „бојот не го бие светло оружје, туку бојот го бие срцето на јунакот“.

Така на ракометниот престол на Европа седна екипа чии играчи со месеци не примиле плата и од кои голем дел веќе имаат ангажмани за следната сезона во други клубови. И за разлика од оние кои примаат плата од македонскиот народ и го продадоа името бидејќи во меѓуножјето не се дефинирани, ракометарите на Вардар имаа и срце и муда не само да се борат за Република Македонија, туку и победата да му ја донесат на македонскиот народ.

Иако предвреме отпишани поради проблемите со кои се соочува клубот Вардар, Вардарци не дозволија на теренот да се почуствуваат маките низ кои поминуваат. Тие играа како во најдобрите денови. Оваа сезона Вардар го освои домашниот шампионат, регионалната СЕХА лига и на крај титулата на Европа. Единствено не успеа да го освои Купот на Македонија, потклекнувајќи на пенали пред Металург.

Меѓутоа, победата на Металург во Купот на Македонија, како да беше знак за мобилизација во тимот на Вардар. Така да, иако во полуфиналето на полувремето шпанскиот тим Барселона водеше со 7 голови разлика и по измината една половина од второ полувреме изгледаше дека ќе победи, на крај ги удри македонскиот цунами. На крај од утакмицата, Вардар го стигна недостижното и ја потопи Барселона

Со самото доаѓање во финале, Варадар покрај сите проблеми, постигна многу повеќе од тоа што се надеваше. Но тука не застанаа, туку му се наврте и на Веспрем кој по четврти пат се обидуваше да дојде до титулата. Унгарците мислеа дека сега им е време да ја освојат титулата на стариот континет, но налетаа на Вардарци кој им ги расипа сметките. 

Во утакмицата достојна за право финале, Вардар го доби првото полувреме со 16:11. Второто беше полно со неизвесност, откако Веспрем ја намали разликата на само 17:16. Но тоа беше се. Под палката на Реберто Гарсија Парондо, Вардарци се консолидираа и ја оддржаа предноста до последната минута, за потоа да се искачат на ракометниот престол.

Со тоа заврши една убава модерна приказна, кога сиромашниот и истраен „провинцијалец“ победува и се искачува на престолот. Вардарци со оваа победа испратија убава порака на човештвото дека не треба човек да се откаже кога му е најтешко!  Но истовремено порачаа дека за да се победи не требаше да се менува името. Парите не се се во животот на еден човек, на еден народ. Требаше борбата да продолжи и еден ден, кога тогаш, вистината мораше да победи.

А вистината е дека, за разлика од денес, додека ВМРО ДПМНЕ беше на власт, многу се вложуваше во спортот. Се градеа спортски сали, за да имаат младите каде да спортуваат, наместо да станат заложници на улицата. Некогаш се поддржуваа спортистите и клубовите кои носеа резултати и беа гордост на македонскиот народ, а денес се оставени на милост и немилост.

Новата власт која го смени името на земјата, заборави и на спортистите. Затоа поранешниот тренер на Вардар Веселин Вујовиќ ќе изјави:  „Оваа победа е феноменална порака за Владата, за Градот Скопје, да внесат во статутите, Вардар не смее да замре! Мора вечно да биде спонзориран“

Исто така и Игор Карачиќ по мечот емотивно ќе испрати силна порака до сите надлежни која се однесува до иднината на клубот, а во која се вели : „Се надевам дека Вардар ќе опстане и ќе се извлече и ќе најде право решение со Владата и политиката. Каква држава би било тоа, какви луѓе би биле тоа кога би пуштиле еден ваков проект. Ова чудо, овој амбасодор Македонски, амбасадро балкански“.

Горчината од поразот никој не може да ја избрише, а гордоста од победата никој не може да ти ја одземе.

Весник објави: Лицемерен пречек на скопскиот аеродром – Петре Шилегов во дресот на Вардар осамен пред авионот со кој слетаа шампионите. Ниту тој сака да е таму, ниту пак некој го сака и очекува. Но, кога се собираат плодовите на успехот, сите сакаат да зграбат грст и да се запишат во победничката историја. затоа Петре облекол дрес од Вардар и застанал до авионот. Далеку од тоа дека му значат светите бои или пак ја разбира нивната суштина.

Власта, на која ѝ припаѓа Шилегов, не покажа слух за Вардар, за неговиот трнлив пат до Лигата на шампионите, но затоа е тука кога треба да се бројат успесите и да се книжат заслуги.

СДСМ го поврзува сопственикот на Вардар со ВМРО-ДПМНЕ, а Вардар како симбол на националното единство е трн во окото на оваа гарнитура, па оттука неразбирливо е присуството на Шилегов на пистата и тоа во дрес на Вардар.

Вардар ја испиша својата историја и време е владата да превземе нешто. Ако не, тогаш време е македонскиот народ да ја испише својата историја.

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.