Среда, 08 Јули 2020   
Време е на Македонецот да му се врати достоинството, гордоста и честа

1ManeМанојил (Мане) Јаковлески

Од снимките објавени во последно време може да се примети дека мафијата владее во земјата.

Таа со помош на шарената револуција влезе во власта, завладеа со судството, ги ослободи криминалците, а ги затвори патриотите. Завладеа со помош на корупција, уцени, закани и сила. Го сменија уставот, потпишаа штетни договори. Го ничкосоа Македонецот. Преку разни тендери и анекси на тендери ја опљачкаа државата, а тој што ќе се осмелеше да им застане на патот во најдобар случај поминуваше со закана или како опомена запален автомобил.

Заслепени од парите и моќта, тие сакаат да продолжат да бидат дел од власта. Пред предвремените парламентарни избори закажани за 15-ти јули, тие продолжуваат да му ветуваат на народот брда и долини. Како воопшто да немаат срам од она што го направија. Изгледа имаат ѓон образ. Инаку, одамна јавно би се извиниле и би си заминале од политиката.

Меѓутоа, таков е нивниот карактер. За нив единствено се важни парите. Можат да ви ветат се и да ви се заколнат во се, но за разлика од „чесните“ криминалци, тие секогаш мислат како прво да го наполнат својот џеп, а не за народот и државата.

Во текот на последните три години, народот се увери во нивната наводна „чесност“. Имаше доволно време да види и слушне како тие владеат и која им беше целта. Имаше можност да слушне за рекетот кој тие го спроведуваат во земјата.

По насилното доаѓање на власт, потоа насилната промена на името, идентитетот и историјата, македонскиот народ го формира своето мислење против сеуште актуелната власт. Тоа не го промени ни состојбата со Ковид 19. Напротив, неспособноста да се кординираат активностите и мерките во справувањето со корона вирусот, како и попуштањето пред барањето на една етничка заедница да се ублажат мерките пред верски празник, само уште повеќе го зацврсна мислењето кај народот дека треба Зоран Заев, лидерот на СДС и неговите следбеници да станат политичка историја.

За мислењето на народот говорат и анкетите.

Америјанската агенција во САД DBC Danube bussines consulting (Mc Laughlin), која е дел од тимот за истражување на јавното мислење и односи со јавност на американскиот претседател Доналд Трамп објави анкета за парламентарните избори во Македонија во која во 5 од 6 изборни единици води ВМРО ДПМНЕ.

Ова е најголема направена анкета која брои скоро 6.000 испитаници. Таа е направена во јуни, во секоја изборна единица оделно. Од резултатите се гледа дека ВМРО ДПМНЕ би имал најмалку 8 пратеници повеќе од коалицијата предводена од СДСМ и би можела да одбира со кого ќе коалицира во власта.

Исто така, резултатите на анкетата покажуваат дека на македонскиот народ му е доста од уцени, криминал, корупција и понижувања и дека сака да ја исправи кичмата. Тој го крева својот глас и јасно вели дека му е доста од мафијата, дека сака правна држава во која ќе се почитува неговиот глас и желба да има суверена и слободна држава. 

Време е македонскиот народ да се обедини и да им стави крај на раскрчмувањето на државата. Време е народот да си ја врати сувереноста и истата да им ја додели на оние кои ќе знаат и умеат да ги бранат нациналните интереси, на оние кои знаат земјата да ја направат просперитетна и успешна во секој сегмент на општествениот живот, а тоа е партијата на народот - ВМРО ДПМНЕ на чело со даскалот Христијан Мицкоски.

Време е на Македонецот да му се врати достоинството, гордоста и честа, кои некој претходно бесрамно им ги одзеде. 

Сега треба да се обединиме, без разлика на вера и нација, неопределени и чесните членови на СДС, масовно да излеземе на 15-ти јули и со заоружување на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ и Бројот 14 да ја изгониме оваа антимакедонска власт. 

Почитувани, ова е четврти Илинден. Нашите предци со пушка во рака и по цена на сопствените животи ја создаваа и бранеа татковината. Ние денес тоа го правиме со пенкало во рака.

Немојте да потпаѓате под било какви притисоци, закани, уцени, поткупи и манипулации од страна на активисти и функционери на СДС. Тие не бираат ниту начин, ниту средства, само да ја задржат и да ја злоупотребат власта на штета на целиот народ и државата, исто како што правеа изминатите 3 години.

На 15 Јули, заокружете го број 14 за да си го вратиме достоинството на нацијата и да ја обновиме и исправиме нашата Македонија.

Време е Зоран Заев и СДС да станат политичка историја.

#ИсправиСеМакедонијо

#ОдбериОбнова

#ИзбериМакедонија

1nositeli

 

На прво место

News image

Коалициите на СДСМ траат само неколку часа

Коалициите на СДСМ траат само неколку часа се додека тие самите не се демантираат

Историја

News image

Русинот Бурич од Историската Конференција на Малта 1989: Без Македонизмот паѓа и целата цивилизација!

Осврт кон делото на рускиот мислител Владимир Бурич базиран на разговорите водени со него од макед...

Иселеници

News image

ПАРАКЛИСОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА И СПАСИТЕЛОТ ИСУС ХРИСТОС“ ВО ЗУБОВЦЕ (24)

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС...

Култура и туризам

News image

ЗБИРКА ПОЕЗИЈА ОД ОЛИВЕРА ЈОВАНОВСКА

Деновиве, во издание на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј, излезе од печат првата зборка поезија под ...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (33)

ПРАИСТОРИСКИОТ КРИТ И КИКЛАДСКИТЕ ОСТРОВИ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.