Среда, 23 Септември 2020   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 85

1martin1 ВО МАКЕДОНИЈА ВЛАДЕЕ КРИМИ-ДИКТАТУРА

1. Старо-новата владеачка клика во Република Македонија што се наметна на власт по најспорните и најнелегитимните парламентарни избори одржани на 15ти јули о.г. не почека ни миг за да го покаже своето грдо лице на криминогена номенклатура со диктаторски стил на владеење! За само неколку дена од конституирањето, градското  собрание на Тетово експресно ги донесе сите неопходни одлуки за да може контроверзниот црногорски бизнисмен Дака да гради комплекси со 2.ооо станови и огромен деловен простор, а како противуслуга локалните властодршци (во Тетово локалната власт е во рацете не ДУИ) ќе бидат "наградени" со два милиони евра во готово и 2000 квадрати деловен простор.

   Свесни дека власта им е на стаклени нозе со само два пратеници повеќе, власта за да влева лажен авторитет и страв веќе применува методи на кои може да им позавиди и Лукашенко од Белорусија. За да го дисциплинира деловниот свет - осакатен по сите основи од пандемијата со вирусот и лошите економски политики на владата, власта за почетокот одлучи со посредство на Народната банка да ја затвори Еуростандард банката (во која е заробен капитал од над 200 милиони евра), наместо барем да се обидеше да ја спаси, бидејки во неа свои пари имаат над 130 илјади штедачи и пензионери!? 

     Диктатурата не би била диктатура без примена на насилие: крвнички беше претепан поранешниот претседател на градскиот комитет на СДСМ, а сега нивни најголем критичар Љупчо Палевски; приведени се во полиција на сослушување и физички малтретирани 16 млади фудбалски навивачи - "Комити". заради наводни непристојни (!) извици (не се сеќавам дека некој од навивачите "Балисти" одговараше за демолирањето на Mакедонскиот народен театар и беше приведен или повикан на разговор!?). Врв на диктатурата секако е осудата на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска на четири години затвор бидејки, замислите:"влијаела при донесувањето на одлуката за купување на 600 илјади вреден блиндиран мерцедес" и тоа за службени - протоколарни потреби!!! По идиотска судска поресуда, од оваа, морам да признаам, во животот не сум чул, што само себе е потврда дока во македонското судство се носат политички одлуки, а не пресуди според логиката на законот! Тоа што многу често се палат автомобили на политички неистомисленици ширум Македонија постана редовна пракса!!!

2.  На диктатурата во Македонија голема подршка и дава актуелната владеачка номенклатура во Бугарија. Тие повторно ја активираа антимакедонската кампања па дури испратиле некакво писание /меморандум/ на шест страници до сите членки на ЕУ во кое го спорат македонскиот јазик, македонската нација и македонското малцинство во Пиринска Македонија! Но бугарите со тоа писание предизвикаа бурни реакции и во Македонија, со што успеаја да го дефокусираат вниманието на македонската јавност од последиците на владеењето на неспособната и злосторничка старо-нова влада на лицето Зоран Заев (З.З.) . На тој начин бугарите буквално одработуваат за лицето З.З.! А како и не би? Па З.З. веќе им има ветено дека ќе им го подари Гоце (Делчев), а ќе попушти и за јазикот (само се чека правиот момент да го стори тоа).

3. Бугарската антимакедонска хистерија достигна до тој степен што бугарите сега почнаа да лансираат измислици дека во Македонија, по војната, постоеле концентрациони логори во кои, според нивните тврдења, биле убиени над 20 илјади бугари!? Да се крстиш и да не веруваш!!!

    За  љубов на вистината знам само за еден импровизиран конц логор што постоеше во Скопје, но истиот го направи бугарската фашистичка окупаторска власт во зградата од Тутунскиоит комбинат (зградата сеуште постои), во кој на 11 март 1943 година, во една ноќ, беа спроведени 7.180 евреи од Битола, Скопје и Штип, за на 23 март да бидат предадени на нацистите во старата скопска железничка станица каде беа стрпани во сточни вагони и однесени во логорот на смртта Треблинка, во Полска.

     На оваа тема објавив и книга на македонски и англиски јазик (ХОЛОКАУСТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ - ЗЛОСТОРСТВО ШТО НЕ СЕ ЗАБОРАВА, Нампрес, 2018) полна со документи и илустрации за злочините на бугарските фашисти над македонските евреи и лично му ја испратив на Денот на победата над фашизмот 9ти мај на премиерот на Бугарија г. Бојко Борисов за малку да го просветлам (Во бугарското школство не учеле за злочините што бугарската фашистичка власт ги сторила во окупираните територии!?). Од него никогаш не добив повратен одговор.

4.  Многу интересен развој на настаните во македонското Собрание. Четири пратеници од членката во  владината старо-нова коалиција "Беса" ја напуштија пратеничката група со СДСМ и најавија дека ќе дејствуваат како посебна пратеничка група!?

     Иако самите тврдат дека тие, наводно, не ја напуштаат пратеничката група на владеачката коалиција, сепак треба да се следи многу внимателно развојот на настаните во Собранието и доколку овие пратеници, а можеби уште некои го напуштат мнозинството - опозицијата веднаш да побара во Собранието гласање за доверба на владата и да работи на нејзино туркање. Бидејки, оваа збирштина од влада, што во голема мерка е резултат на подземното делување на елементите на длабоката држава инфилтрирани во нашето општество, или како гости со дипломатски статус, не заслужува ни 100 часа мир, а не пак 100 дена, за да не продолжи да ги распродава македонските вредности и историски ликови!!!

5.  Во соседството, веќе трет месец секојдневно се случуваат масовни протести против корумпираната влада на Бојко Борисов (некои медиуми тврдат дека Борисов, наводно, "тежи"  3,8 милијарди долари). За да го дефокусира јавното мнение во сопствената земја, Бугарија им испрати некаков документ на шест страници /меморандум/ на членките на ЕУ со барање истиот да бил инкорпориран во тезите за преговарачката рамка на ЕУ со Македонија.

     Документот беше пречекан со презир и оценет како "неевропски" од мноштвото членки на ЕУ, а најкатегоричен беше ставот на Германија која јасно им даде на знаење на бугарите дека билатерални спорови не може да се наметнуваат во преговарачка рамка за членство на земја-кандидат во ЕУ.

     Сепак, најдециден беше германскиот историчар Улф Брунбауер кој порача дека: "Бугарија провоцира глупав конфликт за целосно измислени проблеми"! Според Брунбауер, Бугарија турка националистички поглед на историјата и културата врз друга земја и народ! Германскиот професор смета дека Бугарија го прави тоа поради внатрешните политички превирања во земјата што нема никаква врска со Критериумите од Копенхаген или кои било други критериуми кои треба да исполни земја-кандидат за членство во ЕУ.

     Зошто меморандумот, на пример, не ја споменува бугарската окупација и угнетување, и воените злосторства во Македонија, прашува Брунбауер!? Според него, индикативно и анахроно е бугарското  разбирање на историјата во овој меморандум според кое се бара од македонската страна да го прифати бугарското гледише дека Македонците и Бугарите имаат „заедничка“ историја, нагласува професорот Брунбауер.    

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

 

На прво место

News image

Падот на западнохристијанската цивилизација

Инквизиција, од латинскиот збор Inaqusittio, што значи – иследување, претставувала група н...

Историја

News image

Владетелите на Македонија

Сите познати и образувани луѓе во вековите пред Христа пишувале за македонската историја и за Македо...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ОД КИСЛЕВ – МЕСЕЦ ОД ЕВРЕЈСКИОТ КАЛЕНДАР - ДО ЗБОРОТ КРШТЕВАЊЕ (21)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе ги претставиме имињата, збо...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (44)

ТРОЈАНСКАТА ВОЈНА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.