Вторник, 29 Септември 2020   
АНГЕЛОВСКИ: Светот гори, Заев се чешла во берберницата на Груби

АНГЕЛОВСКИ: Светот гори, Заев се чешла во берберницата на Груби

Страшо АНГЕЛОВСКИ

Додека во светската политика се случуваат тектонски поместувања, додека меѓународните односи почнуваат да вријат како тукушто турено годинашно вино, само Владата на Артан Груби, за која некои велат дека е и на Зоран Заев, се занимава самата со себе, со тендерите и државните пари во приватни џепови. Секако, и со остварување колективни права на една етничка заедница спротивно на Уставот на Република Македонија. Колективни права под превезот на градење граѓанско општество.

Се занимава и со реваншизам и политички прогон на неистомислениците, па кога ја гледаме реалноста околу себе, како да сме влегле директно во дејствието на култниот роман “Шега“, на големиот Милан Кундера. Како со временска машина, нормално, скапо платена од Фондот за иновации на стрина на некој функционер, да сме се вратиле седумдесеттина години наназад во време на најголемата чистка на партиски неистомисленици. Во време кога децата, уште голобради, си ги предаваа татковците за да им гнијат в затвор или да бидат ликвидирани, гордо сметајќи дека со тоа и помагаат на Партијата.

Зашто Партијата, а не државата, беше нешто за што се гинеше, нешто за што се кодошеше, нешто за што вредеше да се жртвуваат и најблиските. А оние слободоумните, оние кои си ја сакаа татковината повеќе од Партијата, е тие, како што пишува Кундера, беа испраќани на превоспитување, а некои и во смрт.

Денес, ние Македонците, по втор пат го преживуваме голооточкото време, кога требаше да се избрише се’ што е македонско, а во исто време и се’ што е, во најмала рака, сомнително за интересите на Партијата. Денес, се гонат политички неистомисленици, дури и се претепуваат со што директно се посегнува по нивниот живот. Денес, се гонат новинари и се затвараат медиуми само доколку изустат нешто против Партијата. Денес, преку монтирани судски процеси се влечкаат по затвори поранешни високи функционери за кои Партијата проценила дека се неподобни. Денес, Зоран Заев, во име на Партијата, додека мирно се чешла во берберницата на Груби, брутално се пресметува со се’ што е македонско – со живите неистомисленици, но и со се’ она изградено, а што асоцира на македонското постоење. Денес, за жал, пред очите на Македонците, се врши обид за конечно одмакедончување на Македонија.

А, во меѓувреме, светот гори. Се создаваат сојузи, се врши прегрупирање на стари и нови сојузници, што води кон можни војни, па дури и на територијата на Европа, но и на Блискиот Исток. Оној кој дури и не умее да ги следи овие процеси, а не пак да ја води државата со ветер во грб и да ја сочува во овие бурни времиња, треба час поскоро да си замине.

Имено, она што во моментов се случува околу Белорусија и обидот да се тргне Лукашенко од власт е веќе провидна игра на Западот, која, за жал, може да има несогледливи последици по европскиот мир. Со старата, веќе изветвена теза за недостаток на демократија и за нерегуларни избори, веќе искористена во “демократизацијата“ на Ирак, Либија и Сирија и ликвидацијата на Садам Хусеин и Гадафи и обидот за ликвидација на Башар Ал Асад, се игра и играта околу Белорусија, а заради потребата на западот, посебно на НАТО за геополитичко разместување.

Треба да се знае дека некогашната германска територија на Балтичкото Море, северен дел на Источна Прусија, со главен град Кенигсберг, кој Русија по анексијата во 1945 година го преименува во Калининград е влогот заради кој треба да падне Лукашенко. По распадот на бившиот Советски Сојуз, таа руска територија остана енклава меѓу Полска и Литванија, без копнена врска со матичната Руска Федерација.

Во случај на каков било воен судар во Европа, Русија ќе биде принудена на копнен продор на своите воени сили преку територијата на Полска до Калининград, со што, ќе го пресече северното крило на НАТО, па Литванија, Летонија и Естонија ќе останат отсечени од Полска и останатиот дел на НАТО. Е сега, сосема случајно најблискиот копнен пат за руските воени сили води токму преку Белорусија, со што, стасувајќи на нејзината западна граница, имаат да поминат само стотина километри полска територија преку таканаречениот коридор Сувалки (Suwalki Gap), кој може да стане точка од најголем интерес за големите играчи.

Ете затоа на западот им пречи прорускиот Лукашенко и му треба марионетска власт по примерот на Украина, па мора да се смета на понатамошен и засилен притисок врз Лукашенко.

Истовремено, започнува азербејџанско-ерменскиот судир кој, за жал, со замешателство на Турција и Русија, може да прерасне во вистинска војна.

Од друга страна, на Блискиот Исток, со воспоставувањето дипломатски односи меѓу Обединетите Арапски Емирати и Бахреин со Израел, а во очекување многу скоро истото да го сторат и Саудиска Арабија и Судан, се создава противиранска коалиција, која Макрон, како наметнат лидер на ЕУ, а заради својот личен анимозитет кон Турција, се обидува да ја насочи и против Ердоган. Таквата коалиција многу скоро може да биде искористена за “демократизација“ на Иран, со што светот може да биде втурнат во нови крвопролевања.

Е сега, после турското влегување во Либија и поддршка на тамошната Влада и, на инсистирање на Макрон, грчкото потпишување договор за соработка со Египет, покрај отворениот судир на Грција и Турција за наоѓалиштата на гас во водите источно од Кипар, се заострува и битката за интересни сфери во Медитеранот и Средоземното Море.

Ако кон ова ја додадеме и израелската игра на картата на таканаречен “христијански ционизам“, посебно во Грција, а заради заеднички фронт против Турција, станува повеќе од јасно дека се вршат последните подготовки за конечна разрешница на натрупаните точки на интерес за големите сили ширум светот.

Државите, дури и оние најмалите, бараат начин како да останат “непрегазена ливада во битката на слоновите“, односно како да се сочуваат себе си и сопствените интереси. Бараат вистински сојузници и вистински пријатели, или барем некој со кого им се поклопуваат интересите.

За жал, само несериозната македонска Влада, односно делот на Зоран Заев, ниту го знае ниту го забележува сето ова, а не пак да се обиде да се вклучи во меѓународните збиднувања. Неа, НАТО веќе ја брани, а кај да е, ЕУ ќе ја храни.

Другиот дел од Владата, оној на Артан Груби, додека Заев се чешла во неговата берберница, секојдневно, упорно и се’ поуспешно работи на реализација на албанските интереси, без разлика после конечниот расплет, во која држава ќе треба да ги реализираат.

Така, додека едниот дел од Владата врши одмакедончување, другиот дел врши албанизирање на Македонија. Нешто што македонскиот народ, предводен од опозицијата мора да го спречи пред да биде предоцна.

Да не биде да изгориме во големиот оган и да ни се пеплоса и народот и државата.

(авторот е претседател на МААК)

 

На прво место

News image

Падот на западнохристијанската цивилизација

Инквизиција, од латинскиот збор Inaqusittio, што значи – иследување, претставувала група н...

Историја

News image

Владетелите на Македонија

Сите познати и образувани луѓе во вековите пред Христа пишувале за македонската историја и за Македо...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ОД КИСЛЕВ – МЕСЕЦ ОД ЕВРЕЈСКИОТ КАЛЕНДАР - ДО ЗБОРОТ КРШТЕВАЊЕ (21)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе ги претставиме имињата, збо...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (44)

ТРОЈАНСКАТА ВОЈНА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.