Вторник, 27 Октомври 2020   
Претседателот наш ашлак, копук или шутрак???

Кога „големиот советнички“ тим на чело со Катерина Цаневска на некогашниот Стево т.н. Претседател на Македонија ќе тргне да му рецитира како некој од типот на Виктор Грозданов познат како ГРОМ-овецот на Стевче Јакимовски дека го навредил со насловот на оваа колумна прво треба да земе и да прочита основни работи за нашиот ненасушен и секогаш двосмислен МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК.

Зборовите се вистински глобтротери. Тие, без некои поголеми пречки и ограничувања, патуваат од еден во друг јазик, правејќи кружен пат околу светот, при што, патем, често се случува да го изменат своето првобитно значење.

Инаку лицето В.Ш. како составувач на првиот македонски Лексикон на странски зборови и изрази е свесен за одговорната задача, јас со крајна благодарност ќе ги објаснам на крајот од колумната изразите од почетниот наслов. Ќе биде своевидно изненадување за големата г-ѓа Советник за односи за јавност Катерина Цановска.
Впрочем нема потреба да чекаме до крај за да објаснам што значат овие изрази кои се користат во погрешна конотација од неначитаниот свет. Со цел да нема погрешни заклучоци, нели:

Ашлак значи мангуп човек ама и неранимајко
Шутрак значи Несмасен Човек
Копук значи Сиромав, Беден Човек

Нашиот некогаш Стево, а сега како демек голем Претседател на Нашата Држава (во негов стил) имам намера да го критикувам за две работи:
1. Гоце Делчев
2. Пописот во Македонија

Дигресија 1: Го замолувам Претседателот на Нашата Држава (за мене Македонија) да престане да игра сплеткарошки игри во корист на моменталната владеачка структура, а се со цел рушење на Христијан Мицкоски од позицијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ и лидер на опозицијата.
Дигресија 2: Го замолувам Претседателот на Нашата Држава (за мене Македонија) да разбере дека Христијан Мицкоски е само нормален човек кој си ја сака сопствената држава Македонија, кој се изреализирал образовно како научник, не е криминалец и не дозволува Власта на СДСМ да ја контролира опозицијата преку свои далечински теледиригирани мапет политичари.
Дигресија 3: Џабе шурување со дипломатскиот естаблишмент дека Христијан Мицкоски е антизападно расположен зошто заедно со сите нас од опозицијата кои безрезервно го поддржуваме го имаме следниот Заклучок од дигресиите: Шампионот не е дефиниран по неговите победи, туку по начинот на закрепнувањето откако нема да успее.

Но, да се вратиме на двете критики кои се ислучително важни за МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.

Критика 1.
Претседателот на Нашата Држава (за мене Македонија) ја даде следнава непромислена изјава: Гоце Делчев бил Бугарин, ама се борел за Македонија.
Ах, бре Претседателе. Па, имаш ли ти некој таму да ти раскаже малку историја? За разлика од Претседателот на Нашата Држава (за мене Македонија) јас пак го информирав мојот драг комшија и голем Историчар чичко Ацо, од кого учеле проф. Чепреганов и проф. Чакрајановски, за изјавата на дотичниот ни Претсдател. Неговиот одговор беше: Претседателот незнае ниту Историја, ниту пак знае Политика.
Колку моќен одговор. Чичко Ацо само може да го интерпретирам дека ако го изгубиме во идиотските политички договори на моменталната власт Гоце Делчев од големо бугарскиот напливен шовинизам тогаш повеќе нема МАКЕДОНСКИ НАРОД.
Впрочем почитуваната г-ѓа Велика Стојковска Серафимовска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, не случајно во емисијата „Заспиј ако можеш“ недвосмислено ќе каже дека Бугарите никаде не го опејуваат Гоце Делчев. Затоа што не е нивни.

Потврдата дека нашата пратеничка г-ѓа Велика Стојковска Серафимовска е во право впрочем го дава и генерал Стојанче Ангеловски за сосема друга личност, а тоа е Величко Димитров Керин, познат под псевдонимот Владо Черноземски (кој според многумина е македонски револуционер и терорист од Бугарија) со следниот цитат:
Најверојатно првата снимена верзија на песната за Владо Черноземски, истакнат член на ВМРО, кој на 9 окотмври 1934 година извршил атентат врз кралот на кралство Југславија Александар I Караѓорѓевиќ, песна која кај нас е позната како „Кралот Александар“. Авторот на оваа верзија е непознат. Без навлегување во историски полемики го пренесувам само текстот на оваа верзија, испеана на бугарски јазик, во која авторот ја завршува песната со стиховите:

„Нека се знае, знае и помни по цела Европа, че Македонец ропство не трпи, смрт на тираните!“.

Еве и јас да се надополнам со следниве стихови:
Там го посрещнал
Министер Барту
С генералите.
Те се събрали
Съюз да правят
Против Македония.

Претседателот на Нашата Држава (за мене Македонија) слободно нека си го активира својот советник што разбира и се служи со бугарски јазик, и кој вели дека припаѓа на поновата генерација дипломати од кариера кој во 2004 дипломира на Московскиот државен институт за меѓународни односи, да му преведе каде во Песен за Владо Черноземски пишува Бугарија.

Така да Претседателот на Нашата Држава (за мене Македонија) наместо да обвинува дека опозицијата е антизападен и антидржавен елемент да престане да ја распродава интелегенцијата на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД и да си го научи значението на овој преубав збор ЈАЗАК. Како тргнала работава Претседателот на Нашата Држава (за мене Македонија) ќе оствари дебата дали МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК е ист со Бугарскиот со следново пример прашање: Дали е исто ШЕЌЕРинска и ЗАХАРиева?

Критика 2.
Попис. Претседателот на Нашата Држава (за мене Македонија) треба да разбере дека попис не се одржува за да се преброиме во оваа држава со споредбени информации, уште помалку на национална основа да се броиме. Патем попис не се организира за да се претстави Христијан Мицкоски дека не е рационален лидер и да се става на тест. И тој тест да има само една логика да добиеме несебична поддршка од меѓународната заедница за да продолжиме да владееме. Се надевам дека Претседателот на Нашата Држава (за мене Македонија) го има прочитано интервјуто на Иван Стоиљковиќ кој предупредува дека е можен фалсификат и тоа со аргументи. Претседателот на Нашата Држава (за мене Македонија) мора да запамти дека попис се прави заради информации кои се од клучно значење пред се’ за креирање на иднината од бизнис аспект.

Еве на пример што би ги интересирало некои телекомуникациски компании:
• Број на домаќинства
• Структура на жителите и нивната платежна моќ
• Зошто има разлика од 80.000 незаведени претплатници во последните 10 години од официјалните податоци со податоците од истражувањата и сето тоа изнесува некаде околу 100 милиони евра
• Каков тип на телевизори се употребуваат
• Итн

Впрочем за Претседателот на Нашата Држава (за мене Македонија) може само да се заклучи дека се однесува праволиниски онака како што ќе му наредат неговите пријатели од партијата која го кандидирала. Едноставно нема самостојност во одлучувањето. Затоа сакам да му дадам една, Препорака на Претседателот на Нашата Држава (за мене Македонија) од приватниот и професионалниот живот. На времето многу сакав да се правам АШЛАК (МАНГУП), ама се претворив во ШУТРАК (НЕСМАСЕН ЧОВЕК). Не до крај, ама до сериозна половина. КОПУК (СИРОМАВ ЧОВЕК) никогаш не станав зошто се движам со гордо исправена глава и имам деца, жена (од неколкуте), верни другари кои ме сакаат и ме почитуваат и никогаш ми немаат кажано: ПУ ЈАЗАК ДА ТИ БИДЕ ИМЕТО ШТО ГО НОСИШ.

Така да еве уште еднаш да му повторам на Претседателот на Нашата Држава (за мене Македонија) да разбере за век и веков:
ШАМПИОНОТ НЕ Е ДЕФИНИРАН ПО НЕГОВИТЕ ПОБЕДИ, ТУКУ ПО НАЧИНОТ НА ЗАКРЕПНУВАЊЕТО ОТКАКО НЕМА ДА УСПЕЕ.

Автор: Виктор Грозданов за НетПр

 

На прво место

News image

Ламбе Арнаудов избран за член на Претседателство на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ

Ламбе Арнаудов избран за член на Претседателство на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ

Историја

News image

Извештај за бомбашките напади на Солун во американскиот весник „The St. Louis Republic“ од 9 август 1903 година

„Сцена на улица во Солун веднаш по поставувањето динамит на Отоманската банка. Овој криминал, како п...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ МОНОГРАФИЈАТА „СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ“ ОД ТОРОНТО

Во издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Ско...

Култура и туризам

News image

ОД ИЗРАЗОТ МЕСИЈА – ПОМАЗАНИК – ДО ИЗРАЗОТ МУЗИКА (25)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе ги претставиме имињата, з...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (48)

„ЕВГЕНИКА“ ВО СПАРТА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.