Среда, 28 Октомври 2020   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 90
1martin1
ПОЛИТИЧКИ РИТУАЛ НА МАЧКА И ГЛУШЕЦ
 
1. Политичкиот ритуал во стилот "мачка и глушец" што го форсира владеачката елита во Бугарија уценувајки ја Република Македонија со невозможни барања како услов за почеток на преговорите за членство во ЕУ, како да го достигна својот климакс. Во уценувачката кампања активно се вклучени министерката за надворешни работи Захариева која, според незванични сознанија, му врачила на македонскиот МНР Бујар Османи список (нон-пејпр) на бугарски желби што бараат Македонија да ги исполни за Бугарија да не не блокирала(!) за почеток на преговорите за членство  во ЕУ! На антимакедонската хистерија се надоврза и нивниот претседателот Радев, кој од воен пилот по вокација одеднаш стана и историчар, но врв на избликот на национал-шовинизам од Софија по правило се изјавите на оној мрачен тип, националистички фундаменталист Красимир Каракачанов!
 
   Најнов бисер на Каракачанов секако е неговата закана дека ќе прател инжинериски полк да ги отстрани спомениците во РМ со кои се тргаат од заборав кај нас злосторствата на Бугарите како фашистички окупатори на две третини од Република Македонија во текот на Втората светска војна!
 
   Како поранешен амбасадор на РМ во НАТО очекував реакција од централата на Алијансата во Брисел бидејки станува збор за отворена  в о е н а  закана на една нејзина членка (Бугарија), кон друга нејзина членка (Македонија), што е акт без преседан! Таква реакција од Брисел не чувме, но претпоставувам дека дискретно сепак нешто е порачано од челниците во централата на НАТО бидејки во меѓувреме Каракачанов значително го омекна својот став и се обиде да укаже дека "погрешно бил разбран".
 
   Но Каракачанов отворено кажа и дека Германија како актуелен претседавач на ЕУ, врши силен притисок на званична Софија да не го блокира почетокот на преговорите за членство на Македонија!!!
 
   Според мене, улогата на Германија во спорот што го наметна Бугарија е  од к л у ч н о, ако не и пресудно значење! Германија е најзначајна и највлијателна членка во Унијата и нејзин најголем финансиски контрибутор и логочно би било нејзиниот глас најсилно да се чуе, но и да се почитува (иако формално во Унијата постои консензус во донесувањето на одлуки, што ќе рече: гласот на секоја членка е подеднакво важен заради принципот на донесување одлуки со консензус, демек - едногласно).
 
    Ја нагласувам свесно улогата на Германија и во овој случај, потсетувајки на ситуацијата кога Словенија многу одлучно го условуваше (блокираше) приемот на Хрватска во членство во ЕУ, заради нерешениот проблем со Пиранскиот залив. Но токму Германија беше клучниот фактор тој проблем со блокадите да се надмине со одлучниот притисок врз Словенија за да попушти во спорот, да ја повлече блокадата за прием на Хрватска, а поморскиот спор со Хрватска да се решава билатерално, со арбитражи и слични инструменти! Патем, спорот со Пиранскиот залив и до ден ненешен не е решен!
 
    Еден од клучните предуслови за прием во членство во ЕУ е да не се внесуваат меѓусоседски проблеми во Унијата! Но во реалноста меѓусоседски проблеми во Унијата има безброј! Некои членки се скоро пред конфликт заради нивните малцинства во соседна земја членка на ЕУ, ама сепак интересите и на едните и на другите преовладуваат. Но проблем како што наметна Бугарија за македонскиот јазик, македонското малцинство во Бугарија, негирањето на фашизмот и сл. до сега немало. Или како што констатираше неодамна еден германски дневник во стилот:"Не верувавме дека е можен спор за името на една земја, но сега гледаме дека од Балканот се можни уште поневеројатни работи".
 
   Наместо заклучок на оваа тема: во недостаток на регулатива да ги дисциплинира членките, ЕУ сепак може да ја скроти Бугарија во нејзиното неевропско и типично балканско примитивно однесување доколку, на пример, ги затвори славините за финансирање на разни проекти во нивната земја со пари од даночните обврзници на граѓаните на ЕУ. Бугарија некое време беше под мониторинг и притисок од ЕУ заради криминалот и силната корупција во земјата, а истото би можело да им се приреди и доколку го блокираат почетокот на преговорите со Македонија што, според изјавите на германската дипломатија, е еден од приоритетите на германското претседателство со ЕУ.
 
   Евентуалната блокада од Бугарија за почеток на преговорите за членство со Македонија би била силна шлаканица диреклно на Германија што званичен Берлин верувам нема да го дозволи.
 
   Но, повторно ќе нагласам бидејки сметам дека е од исклучителна важност: да не заборавиме дека и Бугарија и Македонија се членки на НАТО, демек сојузници (!), ама до сега не чувме ама баш никаква реакција од седиштето на Алијансата во Брисел, или од некој нејзин висок претставник, за овој апсурден   спор меѓу сојузниците, ниту пак некоја идеја за медијаторство (што можеби и би било корисно) за надминување на проблемите со коишто се соочува Македонија (секако не по своја вина) кои тотално бесмислено и оптеретена со Санстефанските соништа, ги наметнува Бугарија.
 
2. Бројните изјави на Зоран Заев (З.З.) за условувањето и уцените од Бугарија за /не/почетокот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ недвосмислено укажуваат дека тој подготвува некакви отстапки и концесии за бугарската страна која го проблематизира етничкото потекло на нашиот титан Гоце Делчев, која го смета за Бугарин, и инсистира на промена на историјата!?
 
   На конференцијата за новинарите по завршетокот на виртуелниот 25ти конгрес на неговата партија З.З. се завешта дека ако треба писмено, или усно ќе понудел гаранции (!?) за да ја задоволел бугарската страна?
 
   Дека владеачките властодршци работат на случајот за предавство на македонските интереси донекаде укажува и премолчената и тајна промена во македонската комисија за историски и образовни прашања,  далеку од очите на јавноста на членот на комисијата, историчарот Дарко Стојанов, наводно поради лични обврски, а место него е именуван доктор на политички науки Огнен Вангелов. Да напоменеме дека фамозната комисија расправа за историски прашања, а на местото на историчар а именуван политиколог!? Патем, промената е извршена во мафијашки стил - многу тајно, без знаење на јавноста!? Лицето Огнен Вангелов е син на професорот Атанас Вангелов, долгогодишен член и активист на СДСМ. Се наметнува прашањето: дали Зоран Заев со поставување на свој член во комисијата ќе настојува да изврши притисок за прифаќање на неговите (читај: бугарските) политички барања по однос на историјата од останатите членови - историчари, во македонската комисија???

    Но, најголем е сомнежот затоа што промената се случи во време кога се состанаа македонската и бугарската комисија после толку долго време, а тема на тие разговори помеѓу комисиите беше токму прашањето за Гоце Делчев. Колку за потсетување: Бугарската страна инсистира дека Гоце Делчев е Македонец, но само во регионална смисла, односно како роден во областа Македонија, но по националност, според нивното тврдење, бил Бугарин кој се борел, според ставовите на Софија, за "македонските Бугари од Македонија"!?

    Укажуваме: Македонија не смее да се откаже од темелот на македонскиот идентитет -  најголемиот херој околу кој и се градел македонскиот идентитет и борбата за современата македонска држава, бидејки ако се откажеме од Гоце Делчев, би се откажале од целиот илинденскиот период и од нашата историја се до АСНОМ и практично  би се прифатило дека тој дел од историјата и припаѓа на Бугарија!?
 
   Праксата од изминативе неколку години колку што е донесена на власт покажува дека на оваа власт не треба да им се верува и се плашам дека моите сомнежи можеби и ќе се остварат!
 
   А наместо заканите од македонската опозиција во стилот: кога ќе дојдела на власт ќе ги поништела контроверзните анекси што ги најавува Заев за Гоце и за историјата, силно ми се наметнува следната аналогија: кога владата на Цветковиќ и Мачек 1941 го потпиша договорот за пристапување на Третиот рајх против вољата на народот, тој ист народ излезе на улица и успеа да ја собори таа предавничка влада. Според тоа, народе македонски......
 
3. Најнов  "бисер" лансиран од Софија е тезата: наместо кованицата "бугарскиот фашистички окупатор", во Македонија да се користи флоскулата  "бугарска администрација"? Министерот за надворешни работи, Идејата е на бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев, кој се залага на сите плакети и споменици на кои пишува „бугарски фашистички окупатор“ во Македонија да се сменат во „германскиот нацистички окупатор на Кралството Југославија" и "привремената бугарска администрација составена главно од Македонци“. За жал, македонскиот МНР Бујар Османи смета дека "требало да се охрабрат (македонските) историчари, за да  потрудат да најдат основа за ублажување на тонот и историските квалификации, тоа и да го направат"!?
 
   Бугарскиот европратеник Ковачев на Фејсбук дури си дозволува иронично да предложи во западна Македонија да се направат споменици на „италијанскиот фашистички окупатор“, а темата што е можно побрзо да се дискутира и со германските власти, со цел да се покријат трошоците за замена на стотиците споменици и плакети низ цела Македонија!? Да потсетиме дека Ковачев не е единствениот бугарски политичар кој има дополнителни барања во пресрет на усвојувањето на преговарачката рамка за Македонија и закажување на првата меѓувладина конференција за старт на преговорите со ЕУ, бидејки, на барање од бугарската страна веќе се подготвува и дополнителен анекс на оној контраверзен Договор за добрососедство, со кој анекс ќе се дообјаснувало дека сегашната држава Република Македонија нема територијални претензии на историскиот регион Македонија.
 
4. За прв пат во плуралистичка Македонија се случи пратеник да поднесе оставка од функцијата во знак на протест заради неговото незадоволство од одредени состојби во општеството (јас би рекол во партијата на чија листа беше предложен за пратеник на последните парламентарни иѐбори).
 
   Имено, пратеникот на “Коалицијата за Обнова на Македонија“ и носител во изборната единица 5, Игор Дурловски соопшти на фејсбук дека го напушта Собранието на Република Македонија со образложение дека: Неговите приоритети: националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца не се реализираат, а политичката прагма станува поважна од моралот! Дурловски им посака на пратениците Коалицијата „За обнова на Македонија“  истрајност, доследност и мудрост и вети дека:" За тоа што го зборувашe, a не можеше да го направи, сега нема да зборува, но ќе продолжи да го прави!
 
   Бројни беа реакциите на овој потег на Дурловски, од осуда дека сепак требало да остане пратеник во Собранието и таму да се бори за своите идеали, до честитки за доблеста да направи таков чекор.
 
   Оставаме на времето да покаже која опција е најисправна, но на Игор му упатуваме најубави желби!
 
5. Лична порака до Американците од македонско потекло:
      
ГЛАСАЈТЕ ЗА ДОНАЛД Џ. ТРАМП/ PLEASE VOTE FOR DONALD J. TRUMP
 
 
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
  •  
 

На прво место

News image

Ламбе Арнаудов избран за член на Претседателство на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ

Ламбе Арнаудов избран за член на Претседателство на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ

Историја

News image

Извештај за бомбашките напади на Солун во американскиот весник „The St. Louis Republic“ од 9 август 1903 година

„Сцена на улица во Солун веднаш по поставувањето динамит на Отоманската банка. Овој криминал, како п...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ МОНОГРАФИЈАТА „СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ“ ОД ТОРОНТО

Во издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Ско...

Култура и туризам

News image

ОД ИЗРАЗОТ МЕСИЈА – ПОМАЗАНИК – ДО ИЗРАЗОТ МУЗИКА (25)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе ги претставиме имињата, з...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (48)

„ЕВГЕНИКА“ ВО СПАРТА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.