Среда, 25 Ноември 2020   
Манојил Мане Јаковлески: Официјално Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ!

1Mane

Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ по предлог на Претседателот Христијан Мицкоски вечерва изгласа одлука за официјализирање на Унијата на Ветерани.

Честитки!!!

Голема благодарност до Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Генералниот Секретар Ѓорѓија Сајкоски и членовите на ИК, што после долгогодишната неправда, собраа храброст и најдоа сили во вакво генерално тешко време од секој аспект, да ја вметнат УВ во статутот за да денес официјално имаме уште едно силно партиско тело.

За нас основачите и ветераните тоа не претставува само особена чест и задоволство, туку и признание за долгогодишните жртви и заложби за доброто на партијата и државата, а истовремено и обврска за понатамошна борба за конечен пад на оваа ненародна власт.

Денес меѓу нас го нема основачот и идеолог на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Богдановски и многу други наши сопартијци и патриоти кои се вложија во ВМРО-ДПМНЕ, но, нивниот вмро-вски дух ни влева сила, надеж и волја да истраеме и да одиме само напред.

Вечна им слава на сите!

Де­нес, ко­га има­ме сво­ја ма­ке­дон­ска др­жа­ва, да не ги пра­ви­ме исти­те гре­шки од ми­на­то­то. Да не се де­ли­ме! Да се бо­ри­ме за ма­ке­дон­ско­то на­ци­о­нал­но единство! Да ја про­дол­жи­ме иде­о­ло­ги­ја­та ко­ја ја втемеливме де­ве­де­сет­ти­те годи­ни!

Со заедничка ангажираност на сите нас, Ма­ке­до­ни­ја ќе из­ле­зе од кри­за­та мно­гу по­сил­на и по­о­бе­ди­не­та, само и само пред­во­де­на од ВМРО-ДПМНЕ.

Ние ветераните, ги повикуваме сите кои на некој начин се незадоволни или разочарани, се пасивизираа или застранија, да се вратат каде што им е местото, да ја вратат вербата во организацијата, да се вратат “дома“ во ВМРО-ДПМНЕ.

a 18

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Претседателот Христијан Мицкоски, Генералниот Секретар Ѓорѓија Сајкоски и ИК, продолжува пообединето, поорганизирано, посплотено...

Уште еднаш едно големо благодарам до Претседателот Христијан Мицкоски, Генералниот Секретар Ѓорѓија Сајкоски и членовите на ИК за оваа одлука. Ја имате нашата безрезервна поддршка!

Заедно сме посилни! Борбата за Македонија е вечна!

Да живее ВМРО - ДПМНЕ! 

Да живее МАКЕДОНИЈА!

 

Историја

News image

Историски белешки за Мијаците – Св. Јован Претеча (Бигорски) (1)

Во V поглавје од својата „Книга за Мијаците“ (Македонска библиотека No. 12, Софија, 1941), Георги Тр...

Иселеници

News image

ДЕМОКРАТИЈА НА АМЕРИКАНСКИ НАЧИН

ДЕМОКРАТИЈА НА АМЕРИКАНСКИ НАЧИН

Култура и туризам

News image

Одење по невестата во Зубовце

Во неделата наутро, младиот девер, со зојачката карта и со тапаните оди да ги покани кумот и старосв...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (56)

ЗНАЧЕЊЕ НА ПОИМИТЕ „ХЕЛЕНИЗАМ“ И „МАКЕДОНИЗАМ“

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.