|
|
Оставка на Заев слобода на народот! |
Свекрва Зоран Заев ги загрози националните интереси на македонскиот народ и држава кој на крајно сомнителен начин ја презеде власта во замјата. Зоран Заев апсеше глумци, пејачи, интелектуалци, пратеници, членови на Македонски Патриотски Здруженија само затоа што ја сакаат и се чуствуваат Македонци. На Зоран Заев мора некој да му застане на патот. Дојде време да ја спасуваме Македонија од Македонци. Борбата е внатре среде македонското население – таму каде што треба секогаш да бидат насочени нашите усилби и мисли. Борците за Македонија мора да се обединат, за да се спречат ударите на Заев, за кого одамна Македонија не постои. Зоран Заев одби национално единство за најважното прашање. Одби да има консензус а овие денови гледаме и зошто- за да може многу евтино да го продава тоа што е најскапо за нас- нашиот идентитет, нашиот јазик, нашата историја и нашите херои. Ако имавме единство тогаш и позициите на Македонија ќе беа посилни во преговорите со Бугарија, а наместо тоа Заев ја крчми Македонија како на тезга. Времето ќе покаже дека во прашање се и бизнис интереси. А кој е правецот во кој се движат работите најдобар показател е именувањето на Владо Бучковски за преговарач со Бугарија. Човек незнае дали е македонски преговарач или бугарски. Софија сигурно славела што од другата страна има човек кој смета дека македонската нација е од 45та па наваму, што е воодушевен од Цар Борис и редица други показатели кои говорат дека Бугарскиот ас во Владата на Заев е Бучковски. Значи нашите црвени линии треба да ги брани тандемот лепливи прсти. Бучковски и Заев. Едниот осуден за криминал, другиот амнестиран за криминал. Едниот фатен воен профитер од 2001-ва другиот профитер од корона криза. Првиот фатен во афера тенковски делови, Маџар Телеком, продажба на ЕВН, другиот познат по евро за вицето, по глобал и криминал од 8.5 милиони евра, по плантажи со марихуана, рекети. Овие двајца не може да бидат решението, туку извор на многу проблеми. Од сите нас зависи. Протести сега за да не биде предоцна. Заев нема никаков легитимитет за преговори, и оставката е решението. Оставка на Заев слобода на народот! |