Среда, 10 Февруари 2021   
Свекрва : Ако една земја е несреќна и другите ќе бидат несреќни

1abСвекрва

 „Македонија е клуч за Балканот“

Денешните македонски власти и нејзините соседи никако да ги научат историските лекции и да извлечат поука од минатото.

Промената, на името, воведувањето на двојазичноста, бришење на историјата, промени на историските вистини, пописот во време на пандемија и кога изостанува вакцинација, кaко и дозвола на влез на странска пропаганда која го негира македонскиот идентитет, е вовед во национална катастрофа -  бришење на Македонците од картата на Европа, реокупација со поделба на земјата,  што ќе доведе до пошироки потреси. Затоа треба оваа власт по итно да си замине.

Многу одамна е познато дека Македонија е клуч на Балканот, раскрсница која ја поврзува Европа со Медитеранот, Блискиот и Далечен исток. За контрола на Македонија отсекогаш се воделе војни. Само во минатиот век за неа се водат двете Балкански војни, додека пак во двете светски војни, Македонија е монета за поткосурување (ветување на нејзината територија на земјите кои ќе се приклучат кон еден или друг сојуз, без притоа да се прашаат Македонците). Едноставо, Македонија отсекогаш била буре барут кој може да го запали светот.  

Бугарија со својот Санстефански сон, заради Македонија постојано војувала, но секогаш била на погрешната губитничка страна. Сепак, таа никако да ги научи историските лекции, дека Македонците не се ни Бугари, ни Срби, ниту пак Грци, туку дека се посебен народ. Едноставно тие се Македонци кои имаат свој македонскиот јазик, корени и идентитет.

Многу е пишувано за посебноста на Македонците, за македонската револуцинерна организација и за борбата за неависна држава, за поделбата на Македонија во 1913 година и санкционирањето на оваа поделба со Нејскиот договор, како и за последиците од оваа поделба.  

Уште по Првата светска војна белградска „Политика“ (09.01.1924 г.), како една од државите која ја окупира Вардарска Македонија, се осврнува на пишувањето на дописникот на „Тајмс“ од 5 јануари 1924 година, кој говори за потребата за правилно решавање на македонското прашање. Во врска со објевената статија  во лондонскиот весник, белградскиот весник во својата анализа под  наслов „Англичани и Александров“ ќе напише: 

„Тајмс“ ја објави денес втората статија на својот дописник за Македонската револуционерна организација. Дописникот ги изнесува разговорите со комитите и нивните аспирации, а на крајот на својата рефлексија за решавање на македонското прашање, дописникот вели: „Македонија е клуч за Балканот“.

После Париската конференција и ратификацијата на Нејскиот договор надежта на Македонците за легално решение исчезна. Поради тоа Македонците ја обновиле Македонската револуционерна организација и отпочнаа борба за создавање на автономна Македонија. Оваа борба предизвикува нервоза кај балканските држави. Грција стравува за Солун. Меѓутоа, автономна Македонија со излез на море кај Солун би ја отстранила недовербата помеѓу Србите и Бугарите.

Бугарија поучена од Големата војна увидува дека нејзините амбиции доведуваат до несреќи., и исто така увидува  дека нејзиното помагање на револуционерната организација би можело да предизвика интервенција на Малата Антанта (Кралство С.Х.С, Чехословачка и Романија-н.з.), на страната на Србија. За да се избегне отворен судир, дописникот мисли дека постојат две можности за успешно решавање на македонското прашање.

Првата можност е интервенција на Големите Сили или Лигата на народите. Интервенција на Големите Сили во сегашната европска ситуација нема големи изгледи, додека интервенцијата на Лигата на народите зависи од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, а во нивен интерес е да ги задоволи Македонците. Потоа Александров му изјавил на дописникот дека тој би се согласил македонското прашање да се постави пред непристрасен суд, и дописникот мисли дека Александров би прифатил, исто така да стапи во преговори со белградската влада. Во случај на компромис помеѓу Белград и македонската организација Србите би мирале да ги исполнат обврските според договорот односно националните малцинства и радикално да ги исчисти своите службеници во Македонија и да ги замини со тамошни луѓе. Македонците би морале пак да ги прекинат сите изазивачки насилни акции и анти-српската пропаганда. Ваков договор би можел веројатни да ги острани сите понатамошни несреќи.“ 

Меѓутоа, очигледно дека многу брзо по Првата светска војна македонските соседи ги заборавиле историските лекции добиени во трите војни. Особено Бугарија која во Втората светска војна влегува на страната на Тројниот пакт, привлечена повторно од ветувањето за добивање на делови од територијата на Македонија. Така да по инвазијата на Германија и капитулацијата на Кралството Југославија и Кралството Грција во април 1941 г., територијата на Македонија била окупирана од Бугарија и Италија. Бугарија покрај Пиринскиот дел на Македонија го анектирала и поголемиот дел од Вардарска Македонија, како и дел од Егејска Македонија (до реката Струма и островите Тасос и Самотракија). Од друга страна пак Италија ја доби Западна Македонија со градовите Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар и Струга, како и делови од Егејска Македонија, Преспа, Костур, Лерин и Кожани. Меѓутоа, веќе во јули Италија ова окупациско подрачје го предала на квислиншка Албанија која го анектирала.  

Додека во бугарската окупациона зона била воведена бугарска администрација и бугарски јазик, во италијанско-албанската окупациска зона бил воведен албанскиот јазик.  

Денес, осум децении подоцна, историјата како да се повторува. Покрај тоа што албанскот јазик се изучува во школите и на албанските универзитети, и се употребува во локалната администрација каде албанската популација е повеќе од 20 %, тој за време на владеењето на СДСМ стана и втор државен јазик, што по територијалната поделба од 2004 година, води кон федерализација на државата, по истите линии исцртани уште за време на Втората светска војна, речиси целосно потредени со територијалната поделба од 2004 г.  

И додека денес во Западна Македонија се веат албанските знамиња (по улици и канцеларии), а на институциите во земјата се истакнати двојазични табли, на мала врата прво преку Струмица влегуваат бугарски телевизии преку кои во последно време официјални лица водат антимакедонската пропаганда во која се негира македонскиот јазик, идентитет и историја.

Имено бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија Красимир Каракачанов, кој го негира постоењето на македонскиот народ, неодамна ни порача дека ако сака Македонија да влезе во Европа треба или да стане албанска провинција или пак да се приклучи кон Бугарија. Односно, Македонците да прифатат дека имаат бугарски корени, дека историјата до 1944 година е бугарска и дека македонскиот е всушност западен дијалект на бугарскиот  јазик.

Ако се погледне делувањето на албанските партии во земјата и однесувањето на источниот сосед кој со вето ги спречи преговорите на земјата со ЕУ, целокупната ситуација изгледа како да се врши реокупација на Македонија по истите линии како за време на Втората светска војна, на што ЕУ не реагира.  

На тоа наведуваат повеќе факти. Имено и покрај неболузните барања на бугарската страна, ЕУ не започна преговори за членство со Македонија, а македонските политичари од СДС и ДУИ, продолжуваат да преговараат со Софија, притоа прифаќајќи барања на штета на македонските национални интереси. Никој не може да не убеди дека бришењето на историјата како посебен предмет и нејзиното интегрирање со географија кај нас не е во контекст на барањата на Бугарија која ја негира македонската историја до АСНОМ одржан на 2 август 1944 година. Покрај корекцијата на историјата, тие сакаат преку влез на нивни телевизии да влијаат врз македонскиот народ да го сменат мислењето на македонците и да ја натурат бугарската вистина дека тие се ослободители а не окупатори.. 

Опасноста од бришење на Македонците се зголемува и со пописот, кој оваа власт сака да го одржи во април. И покрај барањето на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да се одложи поради пандемијата, актуелната власт инсистира дека истиот треба да се одржи во април или евентуално два месеци потоа. Но зачудува фактот што не прифаќа ниту една забелешка која би била во интерес на земјата. Имено ако појдете да подигнете патна исправа тоа мора да го направите лично поради отисокот на показалецот на фингерпринтот. Не може ниту еден друг од семејството да ви ја подигне исправата иако живеете заедно,

Но, ако тоа МВР не го дозволува, зошто тогаш е дозволено на пописот најстарата особа, ако ги има матичните броеви на членови на семејството да може да дава одговори за сите, за нивата етичка и верска припадност и т.н.,  Со кое право може тој да говори за други полнолетни членови без разлика дали му се тоа членови на семејството. Тоа покажува дека пописот не е статистичка туку политичка операција, која може да предизвика поголеми потреси и дестабилизација на земјата. 

При попис кој се врши за време на пандемија, при услови кога попишувачите ќе одат од куќа во куќа и ќе престојуваат подолго време, во услови кога сеуште вакцинацијата не е почната или ќе биде само мал дел вакциниран, можноста од десиминација на болеста е голема. Тоа може да доведе да голем број македонски семејства и покрај казните да избегнат да се попишат. Со оглед дека македонскиот народ може да апстинира, а албанското малцинство со оглед на менталитетот да попише се што може, тогаш може да дојде до поместувањето на досегашниот однос. Односно преставниците на ДУИ веќе најавија дека нема да го признаат пописот доколку Албанците излезат помалку од 25 %, а некои споменуваат и фантастични проценти.

Ваквото однесување укажува дека иднината на земјата не е розова, а дестабилизацијата на земјата која е клуч на Балканот може лесно ќе го зафати Балканскиот Полуостров и пошироко.

Затоа власта во земјата предводена од СДС мора веднаш да си замине и да дојде еспертска група која ќе застане во одбрана на нациналните интереси, интересите на македонскиот народ, и интересите на другите малцинства кои живеат во Македонија.

Ако една земја е несреќна и другите ќе бидат несреќни.  

 

На прво место

Историја

News image

Иселување на македонците во прекуокеанските земји

Треба да се спомене и фактот дека меѓу двете светски војни од Егејска Македонија поради големата тор...

Иселеници

News image

СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ – МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (7)

СРЕДБА СО ТВРДОМИР СТАМЕВСКИ – ПОЧИТУВАНИОТ ТАТКО И ДЕДО...

Култура и туризам

News image

Приказни за кириличното писмо

Како јата птици зборовите летаат и ги разнесуваат мислите и пораките на луѓето. Тоа што е напишано о...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (61)

ОРИГИНАЛНОСТ НА МИТОЛОГИЈАТА НА БАЛКАНОТ, НЕЈЗИНО ПОТЕКЛО И ЗНАЧЕЊЕ ЗА РАЃАЊЕТО НА...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.