Среда, 10 Февруари 2021   
Мартин ТРЕНЕВСКИ : ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 105

1martin1 НЕ БИЛО ТАКА

1. Бугарската научна и особено политичка јавност упорно настојуваат да го избришат, или поинаку да го прикажат (во стилот, демек: "Не било така") нивното фашистичко минато во Втората светска војна. Тие денес тврдат дека не биле окупатори, туку ослободители и администратори во две третини од окупирана Mакедонија и не чинеле злостори...!?

   Арно ама, на оваа тема сега се надоврза и српската историска наука (значи не сме имале мака од бугарските окупатори само ние), бидејки голем дел од источна Србија бил окупиран од царборисовска Бугарија во текот на последната светска војна. Методите на владеење и злосторствата што ги чинеле над тамошниот народ биле идентични како и за време на нивното окупаторско владеење во Македонија. Историчарот Симеуновиќ ги обвини Бугарите за злоупотреба на деца и силувања тврдејки дека Бугарите и нивната војска се познати по ѕверствата. Такви зверства малку кој прави, тврди професорот. Германците убиваа, но Бугарите се изживуваа: вадеа деца од стомак на трудни жени, набиваа деца на бајонети, силуваа жени пред членовите на целото семејство. Тие како окупоатори убиваа локални учители и спроведуваа бугаризација на локалното население! Тоа го правеа и во денешна Македонија, но тоа е правено и на југот на Србија, тврди српскиот исоричар и додава дека:„Апетитете на Бугарија се дека се до Крушевац и реката Морава е бугарско!? Професорот смета дека денешна Бугарија има територијални претензии и кон неговата земја, исто како и кон Македонија!

   Професорот Драган Симеуновиќ - вршител на должност директор на владината Академија за национална безбедност, во едно интервју повеќе пати ги нарекол Бугарите „ѕверови кои убиваат сè што ќе видат“!

   Е арно ама, овие тврдења на професорот Симеуновиќ не им се бендисале на властите во Софија и го повикале српскиот амбасадор во нивната земја Жељко Јовиќ во бугарското Министерство за надворешни работи оптуживајки дека во неговата земја се шири јазик на омраза кон Бугарија и бугарите! Ги доболела вистината, очигледно!

2. Еден настан од пред осум години ме потсети на фанатичниот (јас го нарекувам: фундаменталистички) однос на бугарите кон се што звучи или навестува дека е македонско. На покана од нашиот сонародник Гоце Дуртаноски, голем патриот и експерт за калиграфија и глаголицата, кој живее во Германија, а во рамките на меѓународната манифестација PRO DIAKONIA CHRISTI што се одржуваше во чешкиот град Велехрад (чешкиот дел од Моравија) од 13-16 јуни 2013 година, двајцата настапивме со изложбата илустрации MANUSCRIPTO GLAGOLICA со копии нa стари македонски ракописи и оригинални калиграфски илистрации на букви од глаголицата што ги подготви Гоце, а јас како ентузијаст-аматер со предавање за Првата и според мене  н а ј з н а ч а ј н а  мисија на Светите Кирил и Методиј, Брегалничката мисија (кога и е создадена глаголицата) во Македонија. И се течеше во најдобар ред, кога од нигде-никаде се појавија три свештеници, од кои двајца германци, а третиот висок и крупен со панагија на градите, очигледно беше православен владика. Се претстави како владика Кирил, митрополит Варнавски и Величко-Преславски од Бугарската православна црква кој бил учесник на конференцијата во Велехрад. Германските свештеници му честитаа на Гоце за изложбата, а владиката Кирил, веднаш прејде во напад: „Таму стои старо-македонска азбука и старо македонско писмо. Тоа треба да биде старо-бугарска азбука и старо-бугарско писмо. Старо-македонско писмо не постои, нема такво нешто“. На тоа Гоце одлучно му возврати со зборовите: "Оче, ние кај нас во Македонија го викаме старо-македонско писмо. Како вие во Бугарија го викате не знам, но со оглед на тоа што глаголицата е создадена на територијата на Македонија за нас најадекватен термин и научен и општоприфатен како таков е старо-македонски." Владиката Кирил не заврши со тоа туку продолжи и  со тврдењето дека и Охрид бил бугарски град, а за македонизмот била виновна „американската политика“, бидејки "таа ги создала тие проблеми"!: „Американците први почнале на големо да шират дека постои македонско писмо и ракописи и така настанала заблудата во целиот свет“, рече владиката Кирил.

   На овие веќе познати бугарски пропаганди тиради овој пат изречени од владиката Кирил, Гоце му возврати: "Изложбава во Велехрад ја претставува Македонија на ова меѓународно прославување од мисијата на браќата Кирил и Методиј, исто како вие што ја претставувате Бугарската црква на конференцијата Pro Diaconia Christi и нормално оваа изложба, бидејќи е македонска, мора да има македонски предзнак, а не бугарски. Заради тоа се избрани (и прикажани на изложбата, М. Тр) ракописите кои имаат македонска редакција или се пишувани во Македонија. Тоа што вие го зборувате е сосема погрешно и верувам дека Господ е голем тоа да го види!".  На оваа реакција од Гоце, владиката се потпиша во книгата за посетители и ја напушти изложбата!

   На Владиката Кирил ова практично му беше последен пат да се појави во јавност бидејки после само 23 дена го најдоа мртов на една плажа на Црното море!? Наводно се удавил во морето иако важеше за одличен пливач!

    Се чини сепак, дека македоската клетва го стигна контроверзниот и проблематичен бугарски владика (или нивните тајни служби си ја завршија работата заради неговото присуство на македонски културен настан) поради глупостите што ги изрече во Велехрад!?

1opis

Потписот на владиката Варнавски г. Кирил во книгата на впечатоци на изложбата стари македонски ракописи и глаголица MANUSCRIPTO GLAGOLICA од Гоце Дуртановски во Велехрад, Чешка, јуни 2013 година

3. Од Македонија ништо ново и ништо убаво! По шокот што ни го приреди Транспаренси Интернешнл сместувајки не на 111 место според индексот на корупција во светот за 2020. (што е историски најлоша оценка и пад од 35 места во однос на претходната година) во друштво на БиХ, Панама и Монголија, критика за лошото справување на власта со корупцијата, дојде и од американската амбасадорка во државава, Кејт Мари Брнс.Таа отворено ја осуди власта за толеранција на корупцијата и нагласи дека нејзин (на власта) главен приориет треба да е токму борба против корупцијата што започнува пред се со отчетност."Сè започнува со отчетност. Политичките партии треба да работат на борба против тоа од врвот до дното во рамките на нивните партии и местата каде што се избрани и да му дозволат на судството да ги гони случаите без политичко мешање", истакна Брнс.

   Но тука за жал, не завршува низата порази на земјата која угледниот британски лист Економист ја смести на листата хибридни режими!

   А што е најжално, за сите овие порази, заради кои и речиси исчезнаа странските инвеститори, актуелнава власт наместо да ги свати сериозно и да се корегира, вината ја лоцира во претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Гротескно, зарем не!?

4. Од први март македонските граѓани ќе можат да ја следат програмата на бугарската државна телевизија! И сето ова е македонска отстапница (би рекол глупава и злонамерна политичка концесија) во духот на градење на меѓусебна доверба и унапредување на добрососедските односи!? Ова нештп го издејствува специјалниот претставник на Владата Владо Бучковски (уценет од Владата за да не оди во затвор бидејки е осуден поради аферата со набавка на тенковски делови кога беше министер за одбрана).

   Бугарската национална ТВ е најбрутален пропагатор на големобугарските идеи и апетити кон Македонија и сега некој ни ја носи во нашите домови! Какво лудило!!! А дали нивните програми ќе бидат титлувани на македонски јазик, или нашиве - како по обичај, ќе потклекнат на бугарските ултиматуми и бескрупулозност?

   Којзнае уште какви се шокови ќе ни приреди лицето Зоран Заев и неговите ментори од длабоката држава отаде барата - сега многу осилени, бидејки си наместија со фалсификувани избори дури и во САД свој претседател и експонент (Џо Бајден).

5. Најголемиот и докажан непријател на Република Македонија Красимир Каракачанов изрече деновиве до сега невиден излив на бес и нетрпеливост кон нашата земја со изјавата дека Македонија може да стане членка на ЕУ само ако се приклучи на Бугарија или ако стане албанска покраина. Значи, изборот е (според него) – или Голема Албанија или Голема Бугарија!?

    Според некои аналитичари ваквите изјави не се случајни и голема е веројатноста накој силен меѓународен фактор да стои зад нив, а според тврдењето на многу искусниот дипломат Ристо Никовски, тоа е - Вашингтон. Проектот на бришење на македонската нација е во завршна фаза, а истиот започна по катастрофалното потпишување на договорот со Грција и Бугарија и по усвојувањето на законот за албански јазик, смета Никовски. Тој е категоричен дека Европската унија треба да реагира на изјавите од Бугарија затоа што тие доаѓаат од висок функционер на земјата која е нивна членка.

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

 

На прво место

Историја

News image

Иселување на македонците во прекуокеанските земји

Треба да се спомене и фактот дека меѓу двете светски војни од Егејска Македонија поради големата тор...

Иселеници

News image

СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ – МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (7)

СРЕДБА СО ТВРДОМИР СТАМЕВСКИ – ПОЧИТУВАНИОТ ТАТКО И ДЕДО...

Култура и туризам

News image

Приказни за кириличното писмо

Како јата птици зборовите летаат и ги разнесуваат мислите и пораките на луѓето. Тоа што е напишано о...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (61)

ОРИГИНАЛНОСТ НА МИТОЛОГИЈАТА НА БАЛКАНОТ, НЕЈЗИНО ПОТЕКЛО И ЗНАЧЕЊЕ ЗА РАЃАЊЕТО НА...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.