Среда, 17 Февруари 2021   
Омразата ја создава и шири кај народот тој кој му го оспорува правото на македонското име, македонските корени, македонскиот јазик, идентитет и култура

1ab Свекрва

Македонците полека го губат своето име, јазик, идентитет, државата!  

Нашите дедовци и родители кои се образуваа за време на Крлаството Југославија, како и за време на Вората светска војна, беа тепани ако зборуваа на својот мајчин македонски јазик или ако кажеа дека се Македонци. Бугарите и Грците до ден денешен не признаваат постоење на македонски народ, како во анектираните делови на територијата Македонија, така и во Република Македонија,. За жал, по речиси осум децении од Втората светска војна и три децении од осамостојувањето на земјата, т.н. „македонски власти“ почнаа со забрани за употреба на терминот Македонија.

Срамно и жално, но според објавените документи во медиумите, еден македонски министер од социјалдемократите во денешно време забранил употреба на терминот Македонија во називот на невладина организација, Исто така, социјалдемократите не сакаат да се впише во личните исправи етничката припадност, односно да се избегне употребата на македонската етничка припадност, а се подготвени на барање на Софија, заради условено членство во ЕУ, полека да се откажат од македонската историја, македонскиот јазик, македонските корени и да ги прифатат бугарските корени.

Нешто што со децении не им успеваше на нашите соседи, да ги асимилираат нашите родители, и покрај употребата на вооружена пропаганда, сега им успева во услови на мир преку инсталираната марионетска власт на Социјаледмократите. Во единствениот слободен дел на Македонија, по поделбата на земјата во 1913 во Букурешт, Македонците полека го губат своето име, јазик, идентитет, државата!  

Сегашната македонска власт е без кичма, без достоинство, без срам и образ. Таа без проблем им дава на сите што ќе и побараат, како некаква балканска ороспија. Но и таа знае да каже НЕ, за разлика од овие кои во својот речник го немаат тоа кога нешто ќе им побараат соседите или меѓународната заедница. Без збор ги распродаваат сите светли национални симболи, за кои гинеле македонските синови, небаре е ова пазар на кои се распродаваат струмичките пиперки. 

Со ниту еден договор не е забранета употребата на Македонија. Но, се острануваат табли каде пишува Република Македонија, додека пак на сите страни се поставуваат табли на албански јазик. Некој како да сака со сила да го избрише од секаде зборот Македонија, Македонец, Македонка, Македонски.

Чекајте бре луѓе. Каде тргнавте. Го сменивте името Република Македонија за да влезете во НАТО, небаре потоа ќе протече мед и млеко. Сега Р Македонија е членка на НАТО и што доби? Дали се зголемија инвестициите? Дали како членка на НАТО добивме вакцини за да се справиме со пандемијата КОВИД 19. Досегашните резултати се речиси на 0. Зеро инвестиции и зеро вакцини од Западот.  

Едноставно овие власти го испоганија македонското име. Повеќе тоа не е знак на достоинство, на гордост, туку знак за луѓе безрбетници, влекачи, кои откако го уништија секој сегмент на општетсвото и ја зголемија корупцијата, сега стојат пред портите на меѓународната заедница и се молат да им додели трошка милост. Тоа се луѓе кои за пари се способни се да продадат, па и својата татковина. Кој со такви луѓе сака да работи! Па се чудиме зошто не им даваат сертификати!!! Ако си го продадоа името, тогаш што им значи некаква тајна! 

Оваа власт многу пати го прекрши уставот и наметна своја воља без да тоа го сака народот. Меѓутоа, колку и да сака да им се улигува на странците, таа нема никакцо право да им го забранува на граѓаните употребата на терминот Македонија, Македонци, „македонско“.

Ако од една страна соседите не ви го признаваат македонското потекло, ако во соспствената земја каде сте мнозинство не ви дозволуваат да се искажете како Македонец, ако заради бранењето на името можете да лежите во затвор како терорист, нормално е да се јави револт и омрза кај народот.

Едноставно омразата ја создава и шири кај народот тој кој му го оспорува правото на македонското име, македонските корени, македонскиот јазик, идентитет и култура.

 

На прво место

Историја

News image

Иселување на македонците во прекуокеанските земји

Треба да се спомене и фактот дека меѓу двете светски војни од Егејска Македонија поради големата тор...

Иселеници

News image

СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ – МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (7)

СРЕДБА СО ТВРДОМИР СТАМЕВСКИ – ПОЧИТУВАНИОТ ТАТКО И ДЕДО...

Култура и туризам

News image

Приказни за кириличното писмо

Како јата птици зборовите летаат и ги разнесуваат мислите и пораките на луѓето. Тоа што е напишано о...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (61)

ОРИГИНАЛНОСТ НА МИТОЛОГИЈАТА НА БАЛКАНОТ, НЕЈЗИНО ПОТЕКЛО И ЗНАЧЕЊЕ ЗА РАЃАЊЕТО НА...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.