|
|
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 107 |
Мартин ТРЕНЕВСКИ ДИЛЕТАНТИ/ЗАМ/ 1. Настаните во Македонија се одвиваат со филмска брзина. Уште не слегнала прашината од некоја афера или сензација што скоро по правило се врзани со власта (секако за да се дефокусира јавноста од реалните - сериозни економски и други проблеми), веќе се лансира нов случај и така (во атмосвера на целосна блокада на духовниот живот заради пандемијата со Ковит 19) е исполнето македонското секојдневие. Но најновиот скандал рar excellance е врзан со издавањето на нови лични карти. Опозицијата, за да покаже "конструктивност", т.е. мускули и патриотизам на политичката сцена и во Парламентот, најави дека ја подржува идејата на власта во новите лични карти ako стои и графата за етничка порипадност (Македонец, Турчин, Србин, Албанец....), но дека ќе го услови донесувањето на законот со инсистирање во личните карти да стои РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, а не според Преспанскиот (капитулантски) договор "Северна Македонија"!? (Ваквото манифестирање на патриотизам од опозицијата се покажа дека е прилично задоцнето бидејки кога народот самоиницијативно масовно излезе на улиците кога не черечеа со промената на името и Уставот на земјата, наместо да застанат во челните редови со протестантите - опозиционите лидери се дистанцираа со твердења дека "немаат ништо со протестите и дека станува збор за самоиницијативно организирање на граѓаните"!?). Сега е доцна за такви манифестации бидејки реалноста е многу грда и брутална! Не сме сами на планетава, не сме Робинзони на пусто острово па да ги редиме работите по сопствена волја! Фамозната меѓународна, т.е. длабоката држава со помош на домашните измеќари си ги реди работите како што ги има зацртано и, на мое искрено и длабоко жалење, ќе мора да живееме се таа непријатна реалност. Барем во догледно време! Но, морам да укажам: се чудам на умовите на лидерите на опозицијата. Луѓе, имате и во пратеничката група во парламентот неколку професори по право и искусни политичари, па зошто бре луѓе не се консултирате однапред и да прашате: што значи меѓународен договор и обврските што произлегуваат од истиот, пред да излезете во јавност со некој став или барање!? Вака, во пракса излегува дека македонската опозиција е против меѓународната заедница и со тоа си ја запечатува сопствената иднина како политичка опција и алтернатива на власта! A небаре се бориме да изнудимее и предвремени парламентарни избори, заедно со редовните локални извори закажани за наесен и смена на актуелната власт!? Зарен не ви е јасно опозицио: Ним (на меѓународната заедница) им е арен Зоран Заев (затоа и го донесоа на власт). Тој им исполнува се како што е зацртано во нивните сценарија за разнебитување на Македонија и македонската нација и нема да дозволат никакви изненадување по тоа прашање! Следствено, опозицијата м о р а да понуди алтернатива прифатлива за "меѓународната" доколку сака да добие нејзина подршка. Секоја друга опција е губитничка!!! Очигледно не научивте лекција од вториот круг на парламемтарните избори кога им "цркна" (?) компјутерот на Др/авната изборна комисија и тоа веднаш коха екс-секретарот на ВМРО-ДПМНЕ објави: "Секаде водиме"! Може ли к о н е ч н о наместо дилетантски потези на популизам и романтизам рационално и аналитички да се приоѓа на состојбите (како во шахот) и однапред со разум да се предвидуваат и планираат потезите што можат да донесат резултати, пред да се истрча во јавност??? Вака, излегува дека со непромислени потези и изјави опозицијата работи во полза на сопствената штета и предодредена е да трпи порази!!! На заложбите на опозицијата за новите лични карти уследи жолт картон од Атина и веднаш реагираше грчкото МНР со изјавата на нивниот порт-парол Александрос Папајоану кој императивно порача неопходност "за доследно почитување на договорот од Преспа" што, според него е "еден од критериумите за процесот на пристапување на Македонија кон Европската Унија". Со други зборови, "Ако се прифати барањето на опозицијата за личните карти, очекувајте блокада во евро-интеграциите и од Грција, не само од Бугарија", предупреди Папајоану. Скандал над скандалите без преседан е тврдењето на еден македонски портал дека Заев бил викнат на состанок во Грчката амбасада во Скопје (Заев призна дека се сретнал со грчкиот амбасадор, но не прецизира к а д е???), каде му било посочено дека доколку во личните карти стои националноста, поточно Македонец / Македонка, покрај бугарското, Македонија ќе добие и грчко вето за членство во Европската Унија!? Ваков преседан: премиер на суверена држава да оди на пеење во амбасада на соседна земја (доколку навистина се случил) е недостаток на елементарно чусвство за државност (повторно - каков дилетантизам) бидејки тој таму е третиран како обичен службеник на домашната администрација, а не како државник!? Во дипломатската пракса постојат само неколку ретки исклучоци кога премиер посетува странска амбасада во сопствената земја: 1. кога е со намера да се запише во книга на жалост, или, 2. да појде на прием за национален празник (што исто така е многу, многу редок случај) доколку амбасадата има соодветни простории. Се прашувам: kакви уште не понижувања ќе ни приреди Зоран Заев!? На идејата во новите лични карти да има графа и за етничката припадност и кумувала партијата на албанците Беса, коалиционен партнер на Заев. Освем владеачката СДСМ таа идеја ја подржа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а одлучно се спротивставува партијата Левица која поднесе во Собранието над 1.200 амандмани на спорниот закон. Но, по укажувањето во грчката амбасада во Скопје и грчкото МНР, Заев ретерира од подршката изјавувајќи дека, според него, "Важно е да се почитува до крај државјанството каде што стои Македонско/Граѓанин на Република Cеверна Македонија“. Патем, од потпишувањето на Преспанскиот капитулантски договор во сите документи на Македонците наместо националност до сега беа запишувани неколку коси црти: /////! Се огласи и Европската Унија преку пресот на нејзиниот амбасадор во Скопје Дејвид Гир според кого „Генералната регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци забранува процесуирање на лични податоци кои откриваат расно, политичко, етничко, религиско и друго уверување, како и сексуална ориентација а таа регулатива влегува во примена во август оваа година“, рече амбасадорот Гир. Еве како ке изгледаат новите лични карти во Македонија 2. Копјата на домашната политичка сцена се кршат и околу законот за попис што е закажан да се спроведе од 1. до 21. април годинава. Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ организира акција на собирање 100.000 потписи од граѓани со цел да се урне споменатиот контроверзен закон, иако правните експерти укажуваат дека тоа нема да има ефект на спроведувањето на контроверзниот закон! И повторно наивност или дилетанзизам од опозицијата! Според потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ (тој небаре не оди ни во WC без медиумско покривање, со камери и изјави по него - очигледно се топори за иден претседател на Партијата!?), во стилот: како малиот Ѓокица ги замислува работите - со потписите: демек со гласот на граѓаните, ќе се разбудела совеста на пратениците кои тие граѓани ги бираат и ќе гласале за измена на спорниот закон. Не е смешно, туку е за жалење! Кристално јасно е дека пописот е само уште едно подметнување на власта, по инструкции и според сценариото на длабоката држава отаде барата, процентот на резидентни албанци во Македонија да биде околу 30%, без разлика на нивната реална бројност (медиумите во Македонија веке шпекулираат дека заев и Али Ахмети си се договориле процентот на албанци во Македонија да изнесува 28%). Затоа предлагам: целосен Б О Ј К О Т на пописот со цел повлекување на донесениот на сила спорен закон за попис и изготвување на нов закон во соработка на сите чинители во парламентот, како и закажување нов термин за спроведување на објективен попис (на пример на есен), ако сакаме реална слика за населението во Македонија. Во спротивно, се друго ќе биде најобична манипулација!!! М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор |