Среда, 10 Март 2021   
Лидерот на СДС по секоја цена се обидува да си ја спаси кожичката!

1ab Свекрва

Откако на почетокот на месецот без расправа со само 62 пратенички гласа, лидерот на СДС и премиер на земјата Зоран Заев си обезбеди поддржка на Владата од Собранието, сега пред конгресот на неговата партија каде е единствен кандидат за лидер, сака да направи расцеп во ВМРО ДПМНЕ со понуда дека се отворени за заедничка власт на владата и опозицијата, но не со актуелното раководство на ВМРО ДПМНЕ предводено до Христијан Мицковски.

Со ваквите маневри лидерот на СДС сака да остане во власта не за да ја спаси Македонија од провалијата во која ја втурна туку за да си ја спаси кожичката поради извршеното предавство и распорадажбата на нациналните интереси за кои кога тогаш ќе плати висока сметка.

Свесен дека тешко врзува крај со крај во Собранието на Македонија, односно дека едвај го има потребно мнозинство за да ги спроведе законите, дека фотељата му бега и Владата во секој момент може да падне, Зоран Заев за да си ја спаси кожичката поради штетните договори со кои се распродадоа името и националните интереси, предложи создавање на Влада во која ќе влезе опозицијата на чело со ВМРО ДПМНЕ, но без нејзиниот лидер Христијан Мицковски, кој беше и сеуште е против распродажбата на името, историјата, јазикот и идентитетот,  како и против пописот во услови на пандемија.

Ова јасно покажува дека Заев се плаши за својата иднина и последиците по него по падот на неговата Влада, па затоа нуди формирање Влада во која ќе влезе ВМРО ДПМНЕ но предводен од оптпадниците на партијата. Тој се надева дека со ваквата понуда ќе ги натера ренегатите кои му го свртија грбот на ВМРО ДПМНЕ заради своите лични интереси и комодитет, да извршат пуч во текот на март и да го сменат вонстатутарно лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски и истите да влезат во широката колациона влада која ќе има за цел не само целосно растурање на институциите кои во името ја имаат придавката македонска, туку и договорена заштита од прогон за извршеното злодело против македонскиот народ.

Со оглед дека во моментот судството е под контрола на СДС, нема да биде чудно ако власта се обиде евентуалната нелегална промена во опозицијата да ја прогласи, како и многупати досега донесени закони, за легална и со неа да вопспостави широка владина коалција која би требало да го потврди се она што народот досега не го прифати и нема да сака да прифати – промената на името, историјата, идентитетот.

Во тој контекст, во услови на пандемија треба да се оддржи попис, кој по се изгледа дека ќе биде пописен инжињеринг кој треба да покаже дека Македонците веќе не се мнозинство, туку една заедница, а со тоа веќе нема да имаат ни права да се нарекуваат народ.   Тоа како да го потврдуваат сите објави за можноста од злоупотреба на несодветната страна на веб страната за дијаспората, коко и можноста еден човек да дава информации за повеќе членови на семејството кои не се присутни, но и за „комшиите“!!!?

Веќе однапред е најавено од преставници на албанските партии дека пописот нема да се признаее доколку тие се под 30 %. А тоа е веќе вовед во хаосот.

Ако на тоа се додадат барањата на Бугарија, како и неформалното делување за сегашната власт на некогашните премиери Владо Бучковски и Љупчо Георгиевски, кој уште за време на конфликтот во 2001 години беше контроверзен со идејата за размена на територии, тогаш хаосот изгледа ќе биде уште поголем.

Имено, овој екс премиерот со бугарски пасош,  тогаш сметаше дека „ако во тој проект влезат заедно Македонија и Србија, Албанците тоа ќе го прифатеа многу лесно поради нерешените проблеми со двете страни... Се работеше за размена на население и територија. Во Македонија се работеше делот со Гостивар, Дебар и Тетово, а за возврат ќе добиевме дел кај Преспанско Езеро....“

Откако овој предлог беше пробно пуштен во весникот „Вечер“, јавноста бурно реагираше, а тој порача дека ако не сега, тогаш ќе дојде време кога сами ќе бараме, но дека размената нема да биде така лесно и дека македонскиот народ многу повеќе ќе изгуби.

Денес, кога ги слушаме неговите предлози како да се реши спорот со Бугарија, овој гласноговорник на социјалдемократите кои впрочем се дистанцираат како повторно да ги отвара старите рани за поделба на земјата, но сега меѓу истокот и западот.

Дека нешто тука смрди, не се само изборите во Бугарија и зголемената националистичка реторика, туку има нешто повеќе. Дека нешто смрди покажа прво изјавата на бугарскиот министер за одбрана К. Каракачамов кој рече дека ако е потребно ќе го испрати инжињерскиот полк да ги острани спомениците на кој пишува „бугарски фашистички окупатор“, а сега и односот на бугарскиот претседател Румен Радев кој по писмото од Центарот за култура „Иван Михајлов“ – Битола, дека наводно се повредуваат правата на „Бугарите“ во Македонија ги повика раководителите на безбедносните служби да превземат мерки за содветна заштита на правата на бугарските граѓани во странство.

Иако, ваквото однесување на Бугарија преставува класично мешање во внатрешните работи на Македонија, што е спротивно за однесувањето на две земји членки на НАТО, освен претседателот, никој друг не гукна, што е знак дека македонската држава е пред целосен колапс.

Со оглед дека оваа влада нема и неможе да се справи со последиците од лошата политика која ја водеше во последните неколку години и дека предлогот на Заев за Влада на национален спас е само да се спаси лично од одговорноста.

ВМРО-ДПМНЕ мора да опстои на предлогот за кој упорно се залага подолго време, а тоа е формирање на експертска влада, која ќе  ја извлече земјата од калта и ќе подготви предвремени избори.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.