|
|
Народот е се повеќе вознемирен, а ерупцијата на вулканот е можен секој ден |
Свекрва Се помалку трпение кај македонскиот народ! Поминаа 6 години откако СДС го започна разградувањето на македонската држава. Со цел да се урне тогашната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ. На почетокот на февруари 2015 г., ги објавија првите т.н. „бомби“, сечени и лепени аудио снимки на незаконски прислушувани разговори, кои ќе предизвикаат револт кај граѓаните и протести под мотото „Нема правда нема мир“. Сето доведе до длабока политичка криза, која партиите се обидоа да ја надминат на Пржинските преговори со помош на странски медијатори во јуни/јули 2015 година. Овие преговори резултираа со предвремени парламентарни избори во декември 2016 г., по кои со лажни ветувања и измами СДС ќе дојде на власт и ќе започне со остварување на ветувањата. - дека „ќе јадат живи луѓе“, Тиранската платформа и Договорите со Грција и Бугарија. Иако лидерот на СДС Зоран Заев поднесе официјални гаранции до тогашниот претседател Ѓорѓи Иванов дека ќе ја „штити унитарноста, независноста, уставниот поредок и територијалната целина и државните интереси“, по добиениот мандатот, СДС започна со распродажбата на националните интереси. Со прифаќањето на Тиранската платформа тие ја направи земјата двојазична, со Преспанскиот договор со Грција го сменија името, а со Договорот за добрососедство со Бугарија на коцка го ставија јазикот и историјата – сето она што не прави посебен македонски народ. По доаѓањето на власт на СДС се урниса демократијата, а позитивната слика за Македонија и успешната приказна за оваа многу важна држава на Блканот, која се градеше со години, Заевистите ја срушија за само неколку години. Ако некогаш бевме водечки или на средината на листите на успешните земји, сега се наоѓаме на дното во сите сфери од општествениот живот. Корупцијата и криминалот цветаат насекаде, а државните институции се руинирани. Челните луѓе на СДС во Власта ги гледаат само своите лични интереси. Нив едноставно не им е грижа за народот и државата. Дали го продале името или пак дали набавиле вакцина или не, во време кога пандемијата на КОВИД 19 коси, нив ама ич не ги заболе. Оттука не треба да не чуди спроведување на попис среде пандемија, без вакцинирани попишувачи и без разлика дали тоа ќе донесе уште поголем број на заболени и починати лица. Нив ги интересира само зголемување на бројките на нивното конто. Така се редат скандал, по скандал, а уште пред да почне пролетта, корупцијата цвета во сите сегменти на општествениот живот. Не помога ни тоа што го сменивме името и станавме членка на НАТО. Вака се однесува само власт која знае дека набрзо во државата ќе се прогласи „фајронт“ и дека по распродажбата нема да има ни народ ни институција пред кого ќе одговараат! Едноставно дека ќе бидат заштитени од идните старо-нови газди, поранешни окупатори и администратори, против кого македонскиот народ се бореше за време на Втората светска војна. Затоа оваа петтоколнашка власт не се секира дали има вакцини или не. Инаку, ако оваа власт беше способна земјата да ја внесе во НАТО алијанста, откако го смени името, сигурно таа е способна да набави и вакцини! Нели е така креиран системот во алијансата. Сите земји членки да си помагаат кога се нападнати од непријател, па дури и тој да е невидлив!? Сепак, иако Македонија како другите членки на Алијанста е тешко бомбардирана со корона вирусот, не доби оружје да се брани, не доби ниту едно парче обична вакцина од Алијанста! Се прашува човек, што се случува. Зошто го сменивме името!? НАТО не ни верува, власта ни е неспособна или пак можеби сето ова е дел од стратегијата за борба против климатските промени!? Гледаме како на макро план економиите во светот замираат, фабриките се помалку работат, нема раздвиженост на туристи, на автомобили и авиони, со што се намалува загадувањето. А на макро план пак се олабавува пензискиот и здравствен фонд и т.н.. Си заминуваат во вечните ловишта бројни хронично болни и возрасни лица. Но, да не забегаме во теории на заговор, иако сомнежот за неспособноста на власта се зголемува со секојдневните бројки на заболени и починати од корона вирусот кои се зголемуваат. Некако како да се остварија некои морбидни најави од минатото во духот дека ќе дојде време кога „живи луѓе ќе се јадат“. Во светот над 2,5 милиони, а кај нас над 3.500 мртви. Народот е се повеќе вознемирен, а ерупцијата на вулканот е можен секој ден. Поради тоа СДС прави очајнички напори да ја задржи власта. Поради стравот, демократијата се повеќе изумира, и откако го сменивме името во Северна, се повеќе наликуваме на Северна Кореја. Така премиерот Заев на мускули си изгласа доверба на Владата во Собранието, си одржа внатрепартиски избори во кои единствен кандидат беше само тој. Очигледно ова беше пример на севернокорејска вежба како да се остане лидер на партија со елиминација на било каков можен противкандидат, како да бидеш избран со мал број гласови и како пандан на задржување на власта во земјава. По примерот на Северна Кореја, очигледно е дека се тргаат и сите други од патот кои можат да ја загрозат лидерската позиција на лидерот на СДС во земјата. Малку се знае дека апсењето на Сашо Мијалков, по неговото наводно бегство, било изведено, според некои аналитичари, само за да се спречи „мини државен удар“ спремен од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ. Не е ни чудо што и Орце Камчев бил спроведен во затвор поради белешка на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), наводно за намера за бегство. Сигурно и тој бил следен од АНБ да не направи „мини државен удар“. Ако овие аналитичари се во право, тогаш логично се поставува прашањето зошто некој би подготвувал мини државен удар и зошто сите анкети се против оваа ненародна власт. Едноставо одговорот е во власта на СДС која ја суспендира демократијата и наметна воља спротивна на интересите на македонскиот народ. А секоја супресија. може да предизвика ,могу поголема реакција од „мини државен удар“. Народ кој има имиња како Трпе и Трпана е многу поопасен од оној кој веднаш реагира на секоја неправда. По 6 години од првите т.н. бомби и протести под мотото „Нема правда нема мир“, по кои СДС дојде на власт, во Македонија има уште помалку правда и уште помалку мир. Поради сето тоа, како и поради неспособноста на власта да се справи со корона вирусот, го прави македонскиот народ гневен и веќе трпението се помалку го има. |