Среда, 24 Март 2021   
Мартин ТРЕНЕВСКИ : ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СПТРЕЛИЧКИ - 111

1martin1 МУРТИНСКИ ИТРОВШТИНИ

1. Во неделата (21 март) сведоци бевме на најновата итровштина (made in Murtino) на Зоран Заев! Демек: Првите непосредни внатрепартиски избори во владеачката СДСМ!? Море што бука се стори - ни фанфарите од Џерихо не им беа рамни на провладините мегафони, а како и не би!? Па се гласаше за единствениот кандидат, лицето Зоран Заев.

    Самиот факт дека единствен кандидат на овие внатрепартиски избори беше Зоран Заев несомнено многу потсетуваше на некои минати, а и сегашни времиња кога, на пример албанскиот дикратор Енвер Хоџа беше биран на избори со 99,9% од регистрираните бирачи, или актуелниот лидер  "големиот водач", или "врховниот водач" на Северна Кореја Ким Јонг-ун, кој во неговата земја, на "непосредни избори", без конкуренција како и нашиов лидер победува со сличен процент како и споменатиот Енвер Хоџа.

    Многу нешта се дискутабилни во споменатите внатрепартиски избори. Барем да понудеа и формална конкуренција на "саканиот лидер", или "драгиот лидер" Зоран Заев, та тие барем малку да наличеа на формален натпревар на личности и програми, а вака...!?

    Но најспорно според мене е што светската политичка пракса избор на ново партиско раководство, вклучувајки и нов претседател на партија, негов заменик и други партиски тела, се врши на партиски конгрес! Таа формалност муртинскиот итрец ја предвиде за партискиот конгрес закажан за мај годинава кога само се очекува констатација на неговиот избор на непосредните избори, трет по ред до сега, со што отворено најави и борба за трет мандат на премиерската позиција.

    Лицето Зоран Заев во постизборното обраќење пред јавноста, во неделата, во однапред подготвениот говор што му го напишаа платениците ПиАр-овци, вети брда и долини, (излажа како и во многу прилики до сега во негов стил): реформи, кадровски освежувања и сл, но ги задоволи пред се неговите спонзори - длабоката држава (дека ќе ја финишира Тиранската платформа)  и неговиот брат (!) Бојко Борисов кој меѓу првите се јави да му честита на изборот со уверување дека бргу ќе се надминат наталожените проблеми помеѓу двете соседни земји!?

    Навикнавме од измеќарот на длабоката држава З.З. да очекуваме да оствари буквално се што зацртале "стратезите" за редефинирање на Македонија и се што носи предзнак "македонско". Проблем е што опозицијата не најде начин како да му се спротивстави и да се спаси барем она малку што ни остана за спасување.

2. На кое ниско ниво сме спаднати како држава и нација најречито говорат случувањата со фамозниот попис чие спроведување власта упорно го форсира, наспроти светските трендови за откажување или одлагање на веќе закажаните пописи ширум Европа. Ниту предувањето дека е неодговорно да се инсистира попишувачи, прибрани од улица и обучени преку ноќ да ти тропнат на врата среде пандемија не помогна власта да се вразуми и одговорно да постапи со одлагање на пописот за некои помирни времиња кога ќе се стабилизираат состојбите со вирусот Кобид 19. И не само тоа, сега се поинтензивно се лансираат закани со затвор или финансиски казни, доколку некој одбива да се попише, или агитира против пописот.

     Со право се поставува прашањето: зошто толку упорност по секоја цена да се спроведе пописот и тоа во најнеповолни здравствени услови? Кому му е од интерес да се малтретираат граѓаните кога ќе ти се појават попишувачи на врата?

    Индикативно е што и некои албански министри во актуелната влада на Заев се растрчаа низ Европа да ги анимираат нивните соплеменици да се самопопишуваат и да го набилдаат нивниот број што е можно повеке. А да праша човек: зошто??? Па нели со пописот се евидентира р е з и д е н т н о  население, а не иселеништвото!? Е тука сметам дека е одговорот, зошто? Длабоката држава во своето сценарио чиј егзекутор е Зоран Заев има зацртано бројот на албанци во РМ да се набилда на 30%, за што ке им требаат и податоци од дијаспората!? А како тоа ќе го изведат - едноставно не знам.   

   Во неколкуте реакции на опозицијата беше укажано дека Зоран Заев и СДСМ се коцкаат со здравјето и животите на граѓаните! Среде епидемија инсистираат на попис. Среде нов бран со илјадници ново заболени и десетици починати на ден тие ќе испраќаат 5.500 попишувачи од дом во дом и на тој начин ризикуваат да настане експлозија на заразата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ. Овие 5500 попишувачи ќе го пренесат вирусот на 49.500 лица. И во Македонија смртноста е меѓу највисоките или е 4,9 проценти, што значи дека попис во април ќе значи 2400 мртви од корона и ќе значи колапс на здравствениот систем затоа што педесттина илјади луѓе ќе заболат, предупреди опозиционата ВМРО-ДПМНЕ!

   Засега Зоран Заев и неговиот министер Венко Филипче остануваат тврдоглаво на ставот попис по секоја цена да се одржи. Дилемата останува: дали заради личната одговорност за последиците од пописот среде пандемија на вирус споменатите двајца ке бидат прогласени за масовни убијци и дали ќе одговараат за нивната неспособност пред правдата???

    Како и да е, на потег е опозицијата и нејзин патоказ што народот го очекува: како да постапат и дали да им дозволат на попишувачите да влегуваат во приватни живеалишта (што е спротивно на Уставот)? А освем некои поединечни реакции, јасен сигнал од опозицијата до сега не чувме!

3. Бугарските национал-шовинисти, опчинети со идејата за голема Бугарија и бугаризација на се што е македонско веќе немаат никакви скрупули ни респект и сега почнаа да посегнуваат и кон наши афирмирани, а за жал веке покојни авторитети и специјалисти за македонското поблиско или подалечно минато. Најнов пример е изливот на анимална нетрпеливост на историчарот и редовен професор на Софискиот Универзитет Христо Матанов кој изрече запрепастувачка изјава во емисијата на Бугарската национална телевизија (БНТ) "Денот започнува" за неговиот починат македонски колега, професорот Бранко Панов, нарекувајќи го "гласник на македонизмот", при тоа воскликнувајки морбидно:"Тој е гласник на македонизмот, фала му на Бога веќе е во задгробниот живот. Но неговите наследници се живи"!?

    Колку за појаснување, пок. професор Бранко Панов со неговиот колега, акад Стјепан Антољак од Задар дојдоа до епохалното научно сознание дека солунските браќа, Светите Кирил и Методиј ја создале глаголицата за време на  п р в а т а, од вкупно четирите просветителски мисии - таканаречената Брегалничка мисија, токму овде, во Македонија, за потребите на македонските склавинии по течението на реката Брегалница.

    Иако оваа теорија на угледните професори Антољак-Панов е обилно документирана со извори  од нивни современици, тоа очигледно тешко им паѓа на одредени квазинаучни кругови во Софија кои целото средновековите во регионот си го припишуваат себеси како нивна и само нивна заслуга. Но тоа така не поминува.

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ,  Поранешен министер и амбасадор

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.