|
|
Јован Ване Петров : Секогаш кога институциите потфрлаат виновникот е поединец! |
Јован Ване Петров Така е и сега, кога лекарот од кратовската болница заедно со тимот кој излегол на лице место за да спаси човечки живот, кој направил се, е тој е виновен!! Виновен затоа што направиле надчовечки напори и без пардон на сите вистината во очи им ја плесна,посебно на градоначалникот. А тој, градоначалникот од што е толку "јак" од што е толку "честит" од што е толку "самоуверен"се заканува со тужби!! Со тужби затоа што вистината излезе на виделина!!! Не господине Бојаџоев, не господин градоначалник, лекарот Павле и неговата екипа НЕ се виновни!! Не се виновни затоа што правеле инпровизирани носилки, не се виновни што наносите снег им го попречиле патот и наместо со возило морале пеш до куќата на несреќникот!!! Не се виновни заради тоа што пет часа на раце во инпровизирани носила го носеле!! Не господине, Вие сте најголемиот виновник. Вие господине Бојаџиев дадовте тендер за одржување на патиштата во зимски услови, Вие сте рекле на Павле да најде ТРАКТОР!!! Трактор да нашол лекарот!!?? Па зарем со трактор по човек кој се бори за живот побогу треба да се оди??? Вие господине градоначалник на Павле сте му рекле да направи носилка и на грб да го носи болниот!!! Да, Вие. И сето ова сте го говореле наместо да ја направите наједноставната работа, да свртите телефон, да го искористите својот авторитет (доколку го имате) и за петнаесетина минути да обезбедите хеликоптер!! Да, само толку требало. За одржувањето и чистењето на патот во друга прилика. Па зарем толку бргу ја заборавивте лекарската етика Љупчо?? Зарем ја заборавивте Хипократовата заклетва??? Господин Љупчо, вака не може, вака не смее, наместо одговорност макар таа била морална Вие се заканувате. Епа ајде господин градоначалник, повелете замезете се!!! |