|
|
Гоце Марков : Патешествијата на една силувана девојка наречена Библиска земја!? |
Гоце Марков Како силувана?! Од земја аспирант за европската унија до држава со посебни потреби!? Исфилтрирана од чесност и принципи до нарко картел со право на глас, мафија со сопственост-држава!? Од фантоми во избирачки до партизански првоборци со два сведока и право на живот!? Единствена држава во светот како ако го гледате името, народот со тоа име во истата е граѓанин oд трет ред! Само тука министрите се луксузираат на мотори а Народот живее со 2 евра масло за јадење.Како за споредба Германија е поевтина... Еве и априлската плата во здравството наместо 5% покачиле 10%!Априлили е уште, така да...ќе го сонувате до Избори!! Само за време на Левата опција на власт се раскрчмува се што е државно...со други зборови ,,Државотворци"!! Само Левата опција знае да владее ,,без притисоци...нема мобинг, нема закани, нема уцени, се е како подмачкано"...ама со канабис. Панаѓур ли е, или суети во раскош, дипломи на магистри што не си ја знаат стручноста и областа...ама буквално!! Сите оние кои ги гласавте, ги вработија оние кои ги вработија, ееее тие сега ќе ве оправаат во зловреме...затоа шшшшшт таму не гунџајте!!Ги гласавте. Дрога, оружје, дадено на подарок безвластие, не се знае кој јаде кој пие, а нарации за Езоп ви раскажуваат... Право расцветано како пупка, образование неписмено и здравство на респиратор...поедноставна експликација здравје... Министрите пред магистрите, или како што раскажа едно комуњарче во развој, слуги на Народот биле?!Виц де виц... И за крај политика било: И да кажеш добар ден на комшијата и да не кажеш?!Ете до толку... Убав ден на сите, за повеќе во следната епизода: Владенијата на едни леви... |