|
|
Марија Емилија Кукубајска - Дијалози со „Владетели МакеаВели“ |
Марија Емилија Кукубајска - Дијалози со „Владетели МакеаВели“ Албрехт Дирер, Каин го убива Авел, 1511
(Спрема Џордано Бруно: „Ние сме веќе на небо“ – Катица Ќулавкова) (Ние ли сме во бесконечноста ниту центар, ниту власт ниту гуска, ниту јајце)
Ние не сме во конечноста ваша. И централен и периферен систем ни' е кругот без крај. Инфинитезимални сме! И јајца и кокошки вашите побркаа, и што е бескрај а што роден крај.
(Ние, од тлото што не сме се одлепиле ние, вистината што ја мразиме како ѓавол ја истеруваме масовно ја каменуваме и ја однародуваме)
Вие, Владетелите МакеаВели велите залепени за дното сте?А како сепак само вие продирате, нагоре? Со црни анѓели народ ни’ силувате во Содом-академии, садистички душа вадите, здравите ги гниете. Прав и пепел да ни’ станел родот. Макеи на Македонија, пост-модерни, вие постови продава(в)те, предава(в)те: „Еве ти катедра, оди шири смрт!? А, народот - за вистина и правда што им умирал? Каменувај го, до крај!
(ние, што наредуваме кој да ѝ се обрати на јавноста и како да се опише „стварноста“ за да го слушаме - барем додека сме живи - она што ни одговара)
Вие на(п)редува(в)те – за народ да назадува. И јазик и глас и очи и раце му корнете, а го галите „блескаво“ со змиски јазик и опаш, „стварноста“ да си ја заборави. Она што не можело, ќе било „милом/силом“. Од себичност болни, се нагр(а)дувате со гротескни меТалии, а заслужните ги укинувате, бришете од порти и портали, со обвинение: Свесните не ве признавале, не ги плашел т-error ваш.
(Сонцето мора да се врти небото да биде недостижно Земјата ма’дра.)
ВИЕ сметате дека и сонце вртите по вашите темни земни закони и ѕвезди симнувате пред неверните и лековерните. Оддалечувате небо, земја одземате... со вашиот окултизам - ни напред ни назад! (Тој што ги пропишува божјите заповеди ќе ги состави и човечките забраните се услов без којшто не се може во Сенатот, Олтарот и Креветот во Науката и Уметноста без оглед на егзактноста)
Закони спрема својот сој менувате, уривате сечиј бог освен вашиот. Бирате, диктирате: Забраните се забранети за вас егзекуторите на новото римско право, бестијално оргијално применувано во контра-човечни науки и уметности без ум, без основа во реалноста?
(„Златното доба“ или иднината во суштина не нè интересира ако треба сè напредно ќе собереме во една клада и ќе го запалиме „ќе постапуваме благо и без пролевање крв“ Црвениот плоштад и онака е црвен од цвеќиња Ренесансата е изговор за еретиците но се вклопува во куќниот ред на Инквизицијата)
Ние не сме анти-сколастичари. Вие вештачко жолтило алхемирате, анатема фрлате врз наша Злата Позлатена. Макео-Велика, цимбал во кортекс-вортекс железен, најдобро за тебе е ем да ти ги плашиш ем да те сакаат, оти им даваш позиЦи(ј)а. Змиски насмеана - ти палиш/гасиш род од нива, плод од родител, народен. Елитно го собравте и Џ. Бруно откај Кралицата и од квартови амбасадорски - и него го изгоревте од стрв и страв, во шарени огномети црвени јазици - потенција да ви крева за Бело цвеќе да газите. Изговор за вас купувачи на тела без дела, трговци со индулгенции. Ренесанса-21, вие?!
(во нашата допуштена и официјална дијабола нашата настраност и смисла за Анатема)
Тоа е вашата демонизирана аГЕНда, официјално ординирана од страно, настрано политикантство, поли(т)коректно проклетство?
(можеби сме мали и смртни можеби без престан се вртиме околу себеси и Сонцето а светот е некој непознат Инфинито но барем имаме сопствен пекол и одбираме кого убиваме!)
НЕ, не сме мали. Вашите шеми не не’ усмртуваат, имаме 26+ димензии бозони. ДА, кружиме, но со неутриноси свои, во утра сончеви - Божји... Не е светот наш немоќно Инфинито, ниту боси-голи-бесни фило-Софии. А народот наш не е Инкогнито ловење, но во свети универзуми пловење. НИЕ не одбираме да ликвидираме народ и плод - го браниме од пеколот од вас процесиран, чудовишно индоктриниран
во Култура на поништување, во Криза на Цивилизациите, се’ за таа ваша Гала-Каша.
Сепак не се врти се’ околу вас, луди глумци, р’ѓави ѓумци вода „ДијаБолна Корона“!
Одбивате да одбирате заедно да сме, напред!? Не е назадно да се вратите од патот
На Каин. Доста глава губење, до дно заглавени. ЗаСтанете, оздравете. За народот!!!
|