|
|
Зоран Заев ја направи истата грешка како стариот Петко од Воден |
Свекрва Семакедонски протест на 25 април 2021 година (недела) во Скопје пред Владата од 11 часот. Маршот од пред Владата тргнува во 12 часот до Собранието на Македонија. Листајќи ги „Документите за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава“, наидов на писмото на стариот Петко од 3 септември 1935 година испратено до редакцијата на Ризоспастис, списание на кумунистичката партија на Грција. Под наслов „Го наоѓаат правилниот пат“, Македонецот, стариот Петко од Воден ќе напише: „Еден ден падна во мои раце весникот „Македонско дело", орган на ВМРО (Обединета). Го прочитав незаситно и размислив за минатите настани, за мојот злосторнички став спрема Македонците во 1893-1896 година. Во Македонија се создадоа вооружени групи чијашто цел беше ослободувањето и самоопределувањето на Македонија. Во тој период Бугарија испрати во Македонија комити. Една ноќ дојде во мојата куќа архикомитаџијата Апостол, терорист на Ениџевардарска околија, со 30 комити. Во почетокот ми се закани, а потоа ме убеди да станам комитаџија, откако ми вети 50 лири месечна плата и бесплатно школување на моите деца. Војувавме против Турците, но војувавме и со припадниците на ВМРО. Со терор, со убиства и поткуп, успеавме да бидат уништени македонските групи. Ние тогаш деклариравме дека Македонија е бугарска и се бориме за нејзиното приклучување кон Бугарија. Тоа е голема Свекрвагрешка! Сега разбирам што сторив. Сега кога Македонија ја поделија Бугарија, Србија и Грција, а Македонците, наоѓајќи се пред трите држави, исто секаде страдаат. Сега ја разбрав мојата грешка и се ставам со сета моја старост под славното знаме на ВМРО (Обединета), којашто се бори за интересите на сите Македонци“. Стариот Петко е типичен пример на предаство и покајание, но е разумен компромис за подобра иднина. Никогаш не е доцна. Проклетството на неслогата кај македонскиот народ која трагично заврши со поделба на Македонија во Букурешт 1913 година, а беше санкционирана по Првата Светска Војна, како да трае и денес. Поради таа поделеност, македонскиот народ и по 30 години од осамостојувањето го носи бремето на оспорен идентитет и легитимитет. Во игрите на нашите соседи, лидерот на СДС Зоран Заев, ја направи истата грешка како стариот Петко од Воден, влета како мува без глава без да е свесен за последиците по македонскиот народ и држава. Македонците мора да се обединат по сите линии, без разлика дали се припадници на ВМРО-ДПМНЕ, СДС или неопределени,... бидејќи во прашање е Македонија. Потребно е семакедонско единство, како во земјата, така и во дијаспората. Заради тоа, по повод годишнината од настаните во Собранието на Македонија на 27 април 2017 година, Македонците во светот и татковината, македонските заедници и организации од Европа, Канада, САД и Австралија, единствени и обединети, на 25 април 2021 година (недела) во Скопје организираат Семакедонски мирен протест под слоганот “Демократија во Македонија и Слобода на уставобранителите!“. Семакедонскиот протест на 25 април 2021 година (недела) во Скопје започнува пред Владата од 11 часот. Маршот од пред Владата тргнува во 12 часот до Собранието на Македонија. На 25 април да останеме сите обединети, зад АМАНЕТОТ, зад ИДЕАЛОТ, за Македонија!!! На 25 април да го најдеме правилниот пат, да не ја направиме истата грешка како Македонецот, стариот Петко од Воден. |