Среда, 28 Април 2021   
Мартин Треневски : ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТЕЛИЧКИ - 116

17848

ЗА СЕНАРОДНИОТ ПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕ И ЗА ЗЛОСТОРОТ ВО С. КАМНИК

1. На иницијатива на повеќе иселенички организации, во неделата (25.04) во Скопје се одржа голем сенароден собир насловен како "Демократија  во Македонија и слобода на уставобранителите" на којшто присуствуваа повеќе десетици илјади патриоти од сите краишта на Републиката и од дијаспората. Бескрајната колона демонстранти маршот го започнаа од пред зградата на Владата на РМ, каде беше собирното место и мирно и достоинствено се упати кон Собранието.

   Повод за големиот протест беше подршка на политичките затвореници - УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ, кои на 27ми април 2017 година влегоа во зградата на македонскиот парламент - што од диктаторската власт на Зоран Заев и од него диригирано судство беше оквалификувано како тероризам (!), а за што 16 патриоти - учесници во тие настани, беа осудени (како во Турско) на вкупно 211 години затвор (казната подоцна им беше намалена на 188 години затвор)!

   Учесниците на протестот во Скопје беа единствени во ставот дека тие настани не смее во никој случај  да се оквалификуваат како "тероризам" бидејки тие беа испровоцирани од настаните што претходеа во собраниската сала каде најбрутално се кршеше Уставот на земјата со скандалозниот и нелегитимен избор на претседател на Собранието, спротивно на со устав пропишана процедура: во еден ќош од собраниската сала и со само 57 пратеници - наспроти потребните 61 пратеник предвидени со Уставот и деловникот на Собранието.

   Ете, токму затоа народот беше револтиран и испровоциран и тогај насилно влезе во македонскиот Парламент да го искаже своето незадоволство. Но ваквото незадоволство на народот диктаторската власт и партизираното судство под контрола на Заев го оквалификува како "тероризам", и чесните патриоти добија драконски казни робија по порачка од диктаторот од Муртино. Патем, прекршителите на Уставот денес се на власт, што беше кажано и на митингот во неделата во Скопје!

   На протестот во Скопје, познатиот уметник Игор Дурловски од говорницата побара ослободување на затворените патриоти и оставка на Владата на Зоран Заев! Дали ќе дојде до тоа и кога ке дојде, времето ќе покаже, но зависи и од проценките и од советите што ќе му ги даде "длабоката држава", мошне длабоко инфилтрирана во македонското општество, на нивниот штитеник од с. Муртино (Заев), бидејки тој ќе мора да доработи се што прифатил од нивното сценарио за разнебитување на Македонија. Преостанува уште да го реализира монтираниот и необјективен попис на населението, одложен за септември годинава.

   Но едно е сигурно и охрабрува: македонскиот народ се освести и се ослободи од летаргијата што со бруталните методи и пракси ја наметна диктатурата на Зоран Заев, подржана од Брисел и од Вашингтон, за ништење на македонската нација, име, јазик и историја!

   Велат: лавината кога ќе тргне - нема сила што ќе може да ја запре. Македонската сенародна политичка лавина сосема сигурно се покрена во неделата, на 25. април. Враќање назад - нема, се додека  оваа ненародна, антимакедонска, злосаторничка власт не замине во историјата!!! 

2  Фамозниот нонпејпер во којшто е зацртано прекројување на нови граници на Балканот не престанува да ги бранува земјите и народите во регионот. Најнов "бисер" што деновиве го објавуваат медиумите во регионот е визијата (!?) на извесен метузалем Сивен Мајер, некогашен заменик-шеф на ЦИА за Балканот, кој нуди свој рецепт за менување на границите по етнички принцип(!?) за да се решело, според него, "ова прашање што го тишти регионот, но и пошироката зеѓународна заедница".

   Иако авторството на иритирачкиот нонпејпер му се припишува на словенечкиот премиер Јанез Јанша, се поинтензивни се тврдењата дека Јанша не е автор на тој контроверзен документ, туку дека авторот е некој многу поголем и повлијателен фактор што засега, останува непознаница за сите нас овде во регионот, но сепак можеме да нагаѓаме - кој е тој фактор?

  Споменатиот ЦИА-ш Стивен Мајер, што се однесува на Македонија, си зацртал во умот демек: нашата земја да ја задржи својата самостојност, но сепак да биде во некаква лабава федерација со Србија!? А како би изгледала и како би функционирала таа "лабава федерација" мудрецот од ЦИА не нуди модел.

   Не знам дали Стивен Мајер го тврди она што го тврди поткупен за пари  (косоварите на тој начин ја купија подршката од сенаторите Боб Дол, Диогарди и уште неколкумина во Вашингтон и направија држава), но редно е типови како нив, но и организации што ги подржуваат финансиски и политички, да не остават на мир сами да си ги решаваме меѓусобните проблеми и да престанат да се мешаат во работите што не тангираат сите нас. Доволно, дури и премногу зло таквите индивидуи и организации нанесоа во Украина, Сирија, Ирак, Јемен  и каде се не по светов, наметнувајќи свои интереси, но цехот вообичаено го плаќа обичниот народ.

Enough is enough! Leave us alone for God's sake, whoever you are!!!!!!

3. Судот во Приштина го одби официјалното барање од македонските институции за екстрадиција на Анфаим Исмаиловиќ кој спокојно си живее на Косово, a осуден е во одсуство на доживотна робија за петкратното убиство што го изврши со пред дванаесет години кај Смилсковското езеро.

    Ги прашувам барателите за екстрадиција на Исмаиловиќ: А бе луѓе, што мислевте вие - дека косоварите ќе ви ги дадат Исмаиловиќ и неговиот соученик во злосторот Алил Демири? Па тоа би значело дека би можеле да ги откријат и  н а р а ч и т е л и т е  на злосторот! Такво нешто нема да се случи бидејки станува збор за ептен крупни политички фактори!!!

    Повеќе пати објавував колумни дека мотивот за злосторот кај Смилковското езеро  што се случи на 12 април 2012 година беше да се предизвика меѓуетнички судир помеѓу македонците и албанцитеи и тоа само еден месец пред Самитот на НАТО што се одржа  во мај  2012 година во Чикаго, а на кој Македонија важеше како најсериозен кандидат за прием во членство! Токму таа идеја некому не му беше по воља, а аа "најефикасен" начин тоа да се спречи беше предизвикување на меѓуетнички судир и со тоа да се докаже дека Македонија не е зрела за прием во Алијансата!? Впрочем, токму овој метод секогаш го користи "меѓународната" кога под влијание некоја земја која настојува да се спречи или одложи напредокот на Македонија на меѓународен план со предиѐвикување на меѓуетнички судири!!! Колку и да е грда, тоа е вистината за перспективите на нашата земја на меѓународен план!

4. Пропадна уште една средба на експертско ниво за историски прашања меѓу Бугарија и Македонија. Ништо чудно, нашите претставници "машки" ги бранеа нашите позиции, а бугарските не отстапуваа од СанСтефанските соништа и заблуди.

   Интересно е што обвиена во типично мафијашки стил на длабока конспиранција, апсолутно  н и ш т о  не дознаваме за работата на сличната комисија за надминување на проблемите со Грција, што ја сочинуваат претставници од министерствата а надворешни работи на двете земји. Единствена информација што воопшто протече во јавноста до сега, и тоа по традиција истече од грчки медиум, беше дека:"Скопската страна се согласла дека ние - Македонците, сме словени (!), дојдени во 7от век и немаме ништо заедничко со античките македонци"!? Да се крстиш и да не веруваш што прифатиле "експертите" од македонското МНР !!!

    Па и деца од основно училиште знаат за научната теорија на  е т н о г е н е з а т а. т.е на мешањто на народите. Кој се не поминал и не оставил траг на овие простори? Од каде Куманово го добило името? Па од племињата Кумани кои харале и низ македонската земја, а некои и се задржале овде и се измешале со локалното население. Или топонимот Саса? Па Сасите се германско племе познати како вешто рудари, кои очигледно работеле и кај нас, во Македонија!

    Слично е и со мешањето на домородното население на овие простори. Античките македонци се мешале со римјаните, тој амалгам се мешал со бројните племиња што навлегуваке од Азија и сл. Следствено, не можам да прифатам неквалификувани лица од нашето МНР да прифаќаат  н а м е т н а т и  ставови од грчката страна и инсистирам комисијата наместо да работи во мафијашки стил под велот на потполна тајност, да биде транспарентна и  да знае македонската јавност што и се подметнува зад грб.

1mare

Oскрнавени православнми гробишта во с. Камник

5. Во недела, на 2ри мај е еден од најголемите христијански празници - Воскресението Христово - Велигден. Традиционален ден за радост и семејни прослави. Но со длабока тага во душава сакам да потсетам дека неколку дена пред Велигден минатата година на селските гробишта во Камник крај Скопје вандалски беа испокршени и оскрвавени дури педесетина надгробни македонски православни споменици од очигледно расистички и шовинистички побуди и верска нетолеранција!!! Зоран Заев ветуваше дека државата ќе ги надомести штетите и ќе ги обнови спомениците, но не чувме апсолутно ништо, ни дали воопшто е покрената истрага и дали се лоцирани сторителите?

   Јавно прашувам: дали нереагирањето на власта на вакви опасни провокации е цената што треба да ја плаќаме "за мир во куќата" и сторителите да поминуваат неказнети за нивниот злостор. Воедно прашувам:  Има ли закон во оваа наша земја и важи ли законот за сите?

   Верувам дека одговорот ви е познат!

НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ ВЕЛИГДЕН! ХРИСТОС ВОСКРЕСНА - НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!

1martin1

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.