Вторник, 04 Мај 2021   
Манојил Мане Јаковлески : Вечна ти слава Војводо Гоце Делчев!

1903Mane4 Мај 1903 - 4 Мај 2021

118 години од смртта на Гоце Делчев.

Вечна ти слава Војводо!

Христијан Мицкоски : Ако Гоце Делчев денес беше жив, сигурно ќе беше прогласен за антизападен, ќе беше скандализиран, омаловажуван.


Зошто? Затоа што тој е сѐ што денешната власт не е. Огледало на нивниот недостаток на морал, недостаток на патриотизам и љубов кон Македонија.

Затоа од неговото име се плашат и денес. Затоа што Делчев пред сѐ е љубов, патриотизам, пркос, слобода. Тој е најдобриот син на Македонија!

4 мај не е крајот, туку почетокот на живата легенда, но и завет за Македонија!

Слава му!

Ниту еден народ не може да се надева на среќна иднина ако нема историско паметење, ако нема став за минатото, ако заборавил кој е и што е, ако нема изграден однос кон сегашноста и визија кон иднината.

Некој денес се обидува да не натера да заборавиме на нашата многувековна и тешка историја, да заборавиме на страдањата на нашите претци, да заборавиме на Гоце Делчев и на македонството. Еве, ќе им порачаме дека тоа никогаш нема да го дочекаат.

Благодарение на сите кои се вложија а некои и го дадоа животот за Македонија, Таа денес застанува на нозе и покрај предрасудите што нашите политички опоненти ги имаат. Едноставно тие не можат да се помират со фактот дека некој е подобар и поуспешен од нив, дека некој знае да работи за народот, а не само да зема од него.

Стремежот на Македонците никогаш не умира, не запира, тој живее во секој од нас. Живее и во овие турбуленти времиња, кога еве повторно некој се обидува да ни го одземе нашето достоинство, да ни го одземе правото на свое определување.

Да му заблагодариме на Господ Бог, да им заблагодариме на сите македонски генерации што како аманет ни ја предаваа МАКЕДОНИЈА за да ја пренесуваме и ние, да и заблагодариме на судбината што не одбра токму нас, овие генерации да подигне здравица во име на вековите.

Гоце Делчев и ВМРО значи достоинство.

Македонија ќе постои затоа што илјадници Македонци во Македонија и Дијаспората ја следиме идеологијата на нашите предци, на Гоце Делчев и на ВМРО, затоа нема да дозволиме некои продадени души да ни ја разнебитат Македонија.

Македонија е наша судбина, Македонија е наша обврска! Македонија е се што имаме, Ние немаме друга татковина.

Вечна ти слава Војводо Гоце Делчев!

Се‘ за Македонија! Македонија вечна!

АМИН!

Манојил Мане Јаковлески

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.