|
|
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 118 |
ПОТОМЦИТЕ НА БУГАРСКИТЕ ФАШИСТИ ГО КОЧАТ НАПРЕДОКОТ НА МАКЕДОНИЈА 1. Целиот мирољубив свет го одбележа 9ти мај - Денот на победата над фашизмот, воедно и Ден на Европа во знак на паметењето на најголемото зло во човековата цивилизација, наци-фашизмот. Секако најзначаен настан беше традиционалната воена парада на Црвенит плоштад во Москва на која Русија покажа само дел од големата лепеза на оружја за масовно уништување со којашто располага. Човек ќе запраша: зошто толкави огромни средства се трошат на се помодерни и технолошки сепосовремени оружја за масовно уништување? Постојано растат воените буџети насекаде по светот, но кога е во прашање Руската федерација, можеби држи објаснувањето дека таа во Големата татковинска војна, како што ја нарекуваат Втората светска војна, загуби според некои проценки 20 милиони, а според други проценки помеѓу 25 и 27 милиони војници и цивили. Да не зборуваме за огромните материјалние штети што им ги нанесоа Хитлеровата солдатеска и нивните сојузници. Уште многу милиони животи се изгубени на боиштата ширум Европа, а стотици илјади американски војници и цивили ги загубија животите во борбите во регионот на Пацификот против јапонскиот империјализам! Денот на победата над фашизмот го поминав со јад и чемер во душата. Македонија, покрај Русија, се единствени две земји кои с а м и се ослободија од фашизмот! Македонија с а м а се ослободи од окупацијата на фашистичка Бугарија на две третини од сопствената територија и една третина окупирана од Мусолиниева Италија. И наместо слободарска Европа да го цени и награди нашиот придонес во борбата против наци-фашизмот, истата таа Европа (мислам пред се на Европската Унија) ја награди Бугарија со членство во ЕУ и НАТО, гледајќи и низ прсти на нејзината политичка, демократска, економска и севкупна недозреаност и неспремност!!! Сега се соочуваме со грдата реалност: потомците на бугарските фашисти кои нанесоа толку многу зло на нашиот народ, денес да ги блокираат нашите напори за напредок во евроинтеграциите, уценувајки не да се согласиме дека е нивно се она наше што ни го испокрадоа низ вековите! А високоразвиената "демократска" Европа тоа ладнокрвно го гледа и молчеливо го одобрува!? Каква иронија на судбината!!! Званичниот бугарски политички став кон нас, македонците, е дека (според нив), сме биле: "еден народ". Дека не е така тврдат самите бугарски научници. Според академик Ангел Голубов од БАНУ и Проф Едислава Неш од Медицинскиот факултет во Софија: кај денешните бугари преовладува генот на хан Аспарух (можеби и заради тоа тие се однесуваат така агресивно и шовинистички кон нас?)! Тие двајца научници целосно ја отфрлаат тезата дека македонците и бугарите се еден ист народ! 2. Расправиите околу новиот клинички центар добиваат се поголема динамика и жестина. Заев и дружината му се упорни да истуркаат закон во Собранието за заем од половина милијарда евра за нивниот имагинарен проект, на што опозиционата ВМРО-ДПМНЕ жестоко се спротивставува и тоа со полно право! Власта не понуди проект за нов клинички центар, туку некаква идејна скица, небаре физибилити студија од триесетина страници!? Такво нешто не може и не смее да помине од повеќе причини. Пет стотините и десет милиони евра Заев и Филипче ги планираат само за објектите, кои треба да се опремуваат со инструменти и медицински помагала за коишто ќе треба да се инвестираат можеби уште толку средства. Сето тоа народот ќе го плаќа! Ја подржувам заложбата на опозицијата за изградба и модернизацја на постоеките клинички центри во внатрешноста на земјата со што ќе се скратат маките на болните за патување до Скопје, а ќе се отворат и многу нови работни места во внатрешноста! Идејата за изградба на нов голем објект во близина на градската болница 8ми септември што ја предлага опозицијата е одлична, а како модел го препорачувам клиничкиот центар АКХ во Виена. Тој се состои од две големи згради со пет ката под земја, каде има лаболатории, операциони сали и сл. и 18 спрата над површина. Има три хелиодроми, подземни паркинзи за пациенти и персонал, па дури и сопствена мини-зоолошка градина за експерименти. И сето тоа е сместено на површина не повеќе од едно фудбалско игралиште! Но, што е најважно, АКХ клиничкиот центар е лоциран во поширокото централно градско подрачје на Виена и има многу лесен пристап од сите страни, вклучувајки и метро!!! Патем да потсетиме, Министерството за здравство на РМ и АКХ клиничкиот центар во Виена имаат договор за соработка што значи австриските искуства и знаења ни се на располагање, и тоа бесплатно! Порака до Заев и Филипче: з а б о р а в е т е на провизиите што сте си ги планирале со вашата сулуда идеја за нов клинички центар на крајот на светот. Тоа не може и не смее да ви помине!!! 3.Најголемо инвестициско промашување во изминативе триесетина години од осамостојувањето во РМ сметам дека без конкуренција е автопатот Кичево-Охрид. Не знам чива идеја беше тој зафат и со кое оправдување/објаснување е започната неговата реализација, но досегашната пракса покажува дека тој проект е во буквална смисла целосно промашување и дупка без дно. Имено, не само што ништо не се работи на проектот, туку сега се најавува дека за негово довршување ќе бидат потребни уште 200 милиони евра! Со други зборови, овој проект до неговоро е в е н т у а л н о конечно реализирање ќе ги чини македонските даночни обврзници неверојатни 800 (осум стотини) милиони евра! Не само цената на проектот, туку и многу други елементи се спорни околу /не/оправданоста на овој проект. Зошто, на пример, не се сконцентриравме к о н е ч н о да се направи солидна сообраќајница што ќе ги поврзува Кавадарци (од Росоман), Прилеп-Битола-Ресен и целиоит Преспански регион, па и охридскиот регион. Со други зборови, повеќе од половина Македонија сеуште се измачува со опасните кривини и бројни сообраќајни несреќи со смртни последици од Плетвар, па скоро до Росоман, наместо да се изградеше солидна сообраќајница за целиот овој регион. За жал, такви работи ни се случуваат кога за нив одлучуваат дилетанти (без визија за стратегиското и економско значење и приоритети на објектите) и тендераши! 4. Бројни организации од дијаспората најавија втор сенароден протест за 29 мај во Скопје, бидејки не се исполнија барањата што беа поставени на претходниот протест (одржан на 25. април) за повторно судење на политичките затвореници од настаните на 27 април 2017 година, кога група граѓани насила влегоа во Собранието на РМ, за што беа оптужени за тероризам (!?) и осудени на драконски казни од вкупно 188 години. СИЛНО ЈА ПОДРЖУВАМ ОВАА ИДЕЈА И АПЕЛИРАМ ШТО ПОМАСОВНО ДА ИЗЛЕЗЕМЕ НА ПРОТЕСТОТ ЗА ПОДРШКА НА НАШИТЕ ПАТРИОТИ - УСТАВОБРАНИТЕЛИ; ЗА ПРЕКВАЛИФИКАЦИЈА НА ДЕЛОТО И ПОВТОРНО И ПРАВИЧНО, А НЕ ПОЛИТИЧКО СУДЕЊЕ!!! М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор |