Среда, 19 Мај 2021   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЧИЧКИ - 119

1martin1 СОСЕДНАТА ДРЖАВА

1. Како што запролетува, а и Ковит 19 пандемијата се поочигледно значително попушта, политичката клима во нашиов регион се повеке добива на динамика. Се почесто се појавуваат разни документи, идеи и концепти за да се надмине политичката криза на релација Србија-Косово, или Република Српска-БиХ-меѓународна заедница и сл. При тоа, најатрактивна алатка за промоција на свои видувања и концепции на разни центри на моќ, по правило се анонимни (!). Најчесто станува збор за таканаречени нон-пејпери, неофицијални документи коишто информираат, а никого не обврзуваат, но со нив се испитува теренот и расположението за одредена идеја!

   Словенечкиот нонпејпер што му се припишува на премиерот Јанез Јанша, или неговиот кабинет, за поделба на БиХ и припојување на нејзиниот ентитет Република Српска кон Србија (како замена за признавање на Косово од званичен Белград) предизвика бура од негативни реакции, а најновиов сличен документ (што се претпоставува дека сепак потекнува од германската дипломатска кујна) нуди сосема нови идеи за коишто до сега нема реакции од Белград, ни од Приштина.

     Се работи за нонпејпер што циркулира низ Европа и содржи од 16 точки. Некои политички центри веќе го оценуваат како " мал дипломатски подвиг" со оглед на тоа што со изнесените идеи наводно не се прекршува ниту еден принцип утврден со Резолуциите на Советот за безбедност на ОН 1244!! Меѓу останатото, документот предвидува Косово да остане дел од Србија во следните 99 години, неговите граѓани да добијат државјанство на Република Србија; Косово да има свој гувернер кој би бил заменик-претседател на Скупштината на Република Србија и уште некои привилегии за Косоварите, но и повеќе обврски на Белград кон Косово!?

   Посебно внимание на најновиот нонпејпер му посветува германскиот магазин Zuerst кој твдри дека документот се базира на германското право (што само по себе е своевидна потврда дека  неговите автори сепак се од Германија). Ваквиот аранжман, пишува магазинот Zuerst, би бил на 99 години, и според истиот Косово би било провинција на Србија која би имала обврка да се грижи за неговиот севкупен напредок.

   Најновиот концепт за иднината на Косово, ме враќа со мислите 20 години назад кога на една дебата во Стокхолм, како амбасадор на РМ во Шведска, предложив (како идеја се разбира, без било каква помисла јас да наметнувам некому решенија!), да се разгледа како урнек еден веќе постоечки модел, конкретно со архипелагот Оланд што се наоѓа во Балтичкото море.  Архипелагот го сочинуваат околу 4,5 илјади острови помеѓу Шведска и Финска, со само 25.000 жители, од тоа помеѓу 80% и 90% се швеѓани! Буквално се на архипелагот Оланд (што историски од секогаш бил дел од Шведска) е на шведски јазик, но сега е дел од Финска! Жителите на Оланд имаат свој локален парламент, влада, школство, медиуми,  па дури и поштенски марки и се друго - на шведски јазик. Само одбраната и надворешната политика се во надлежност на владата во Хелсинки која е должна и да го кофинансира Оланд. Оваа идеја ја промовирав во 2001 година кога меѓународната заедница започна интензивно да се пазари за иднината на Косово. Таа идеја беше многу добро примена во шведското МНР и дури споделувана во одредени прилики, но "меѓународната" во меѓувреме завзеде поинаков став за иднината на Косово и мислам дека за такви и слични концепти сега е предоцна иако според германскиот нонпејпер во наредните 99 години Белград мора да гарантира посебен статус за провинцијата Косово!?

     Голема непознаница сепак остнува како САД ќе реагираат на овој предлог што може да биде миниран од Вашингтон бидејќи - според некои добри познавачи на (не)приликите на Балканот, ваков мирен договор помеѓу Белград и Приштина би можело да значи потиснување на САД од регионот за којшто се заинтересирани да го држат под свое внимание!

2. На расправиите за иднината на Косово се надоврза и македонскиот аналитичар Љупчо Палевски кој смета дека евентуалното осамостојувањето на Косово е планирано пред повеќе од 70 години, Мaкедонија, според Палевски,  може да биде колатерална штeтa на спopoт меѓу Приштина и Белград бидејќи со покраината делиме граница. Палевски тоа го објаснува со фактот дека за изминатите дваесетина години не се најде политичко решение за косовскиот проблем и тој не исклучува дека во таква ситуација може да се бара излез и во воено решение!?

   Палевски презентира и мрачно сценарио според кое одделувањето на Косово од Србија е планирано пред повеќе од 70 години, а дека покрај Косово, како самостојна држава ќе се одвои и Војводина, а колатерална штета да биде Македонија.

3. Зоран Заев минатата недела присуствуваше на економскиот форум што се одржа во Атина и во таа прилика се сретна со грчкиот премиер Мицотакис. Домаќинот на средбата изнесол, според Заев, некои добри (?) предлози, но нашиов  премиер не сакаше да каже што конкретно било ставено на маса! Заев како да не ја знае онаа мудрост на Виргилиј: "Не им верувај на данајците (грците) дури и кога ти носат дарови"!!! Се плашам пак да не не пренесат жедни преку вода, (што би рекол народецот наш), како што ни го направиа тоа со Преспанскиот капитулантски договор.

    Веројатноста е голема грците да изнудат уште некоја привилегија за нив, покрај се она што самобендисаниот Никола Димитров им го отстапи, бидеји - за разлика од нашите дилетанти како Заев и Димитров, грците настапуват по претходни студиозни консултации и совети од признати авторитети, многумина од нив со светско реноме, од многу области.

    македонската јавност треба да знае дека на преговорите меѓу Никола Димитров ио Коѕијас нашиов надувенко од министер одеше само со шефот на неговиот кабинет и уште еден-двајца "експерти" од МНР, a тимот на Коѕијас го сочинуваа дури 62 (и со зборов "шеесет и два") универзитетски професори, специјалисти и експерти од многу области, со кои грчкиот министер за секој детал барал пауза за да излезе од салата за преговори и да ги консултира за мислење грчките стручњаци за конкретен детал!!! Ете токму затоа договорот (капитуалацијата) од Нивице е асиметричен и непроценливо штетен за нашите интереси затоа што нас не претставувањше во тие договори еден самобендисан сезнајко или подобро речено незнајко за многу аскепти од нашето минато, сегашност и иднина!

   Дека не можеме да и веруваме ни на сегашнава влада во Атина би потсетил и на изјавата на нивниот МНР Дендијас што ја даде непосредно по нејзиното формирање: "Ќе  ги примораме Скопјаните да се откажат од македонизмот во текот на преговорите за членство во ЕУ". Значи: ветото од Бугарија е само вовед во танталовите маки што ни претстојат во преговорите за членство, кога и да почнат (ако воопшто почнат), бидејки сосема очигледно е дека ќе следи втор циклус грчки блокади и уцени!!!

   На сите треба да ни биде кристално јасно: грците не можат ни да смислат дека на планетава земја постои народ што се нарекува МАКЕДОНЦИ и сосема очигледно е дека ќе применат се што ќе им падне на памет тоа име да се избрише (со подршка на лицемерната ЕУ и прогрчката САД), а ексклузивитетот на името Македонија да си го задржат за себе!!! Патем, овој концепт сесрдно го прифаќа и македонскиот дел од мешовитата македонско-грчка комисија за надминување на историските прашања што ја предводи амбасадорот Виктор Габер!

4. Читам деновиве натписите на некои табли на патиштата во Грција што водат кон македонската граница наместо"Скопиа",  "ФИРОМ", па дури и "Југославија", биле заменети со натпис на грчки и англиски јазик "Соседна држава" (Neighboring Country).

   Прашувам: Има ли некој во владата на Зоран Заев (на пример потпретседателот за евроинтеграции Никола Димитров) да реагира на ова непочитување на капитулоантскиот договор од Нивице од грчка страна? Договорот (капитулацијата од Нивице) ги обврзува да го почитуваат двете страни, но тоа како да не важи за нашите соседи. А нашиве брзаат да исполнат се што се нафатиле - дури и пред време од договорениот тајминг.

1flor

5. Само за потсетување: наближува 29ти мај, денот на одржување на вториот голем сенароден протест во одбрана на уставобранителите!

    Да се собереме што е можно повеќе и да и покажеме на оваа ненародна, антимакедонска власт дека не се мириме со беззаконието и кршењето на Уставот и дека бараме ослободување на политичките затвореници осудени за упадот во Собранието на 27 април 2017 заради кршењето на Уставот при "изборот" на претседател на Собранието на РМ. Воедно, бараме оваа диктаторска и злосторничка владеачка номенклатура конечно да ја снема засекогаш!

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.