Среда, 26 Мај 2021   
Марија Емилија КУКУБАЈСКА : МАКЕДОНСКИТЕ БРАЌА ОД СОЛУН ГИ ПРОСВЕТУВАА АЗИСКИТЕ БУЛГАРИ

1sli123

Црквено словенски ракопис на охридски дијалект, Охридски апостол, 12 в. Охридска книжевна школа. (Руска библиотека, Москва)

1866 година во Санктпетербург и 1996 во Москва, се печати книгата Светите равноапостолни КИРИЛ И МЕТОДИЈ, просветители на Славјаните - и нивното влијание во подвигот за народно образование, како во целиот словенски свет, така и во Руските пространства.На страна 17 од новото издание, составувачот А. С. Књазева, пишува: „Како Господ го избрал подвикот на апостолството среде славјаните? Чудесни дела Божји! Во тоа време, како во зрела Христова жетва созреавле и достојни жетвари. И каде созревале? На почвата обработена од великиот учител на јазикот на светите апостоли, Павле. Во Солун, македонски град...“Текстот продолжува со објаснување за таткото Лав, воен началник во македонскиот град Солун, тогаш во Византиската империја, и за постариот брат Методиј, во државна служба во кнежевството. На истата страница од книгата следува прашање со одговор: „Но какво кнежевсто? Славјанско!“  

Христијанството во Византија, и во Русија, било брането со Божја премудрост и храброст содржана во библијата и теолошките текстови напишани на нова азбуката во Европа, составена од браќата просветители Кирил и Методиј и наречена глаголица (зборопис). Јазикот на кој ги превеле текстовите бил старословенски македонски, со солунски дијалект, а тој бил разбирлив за словените и во јужна, централна и источна Европа, а преку рускиот Сибир - се’ до Тихиот океан.  

Сесловенските мудреци Кирил и Методија, денес патрони на Европскиот континент, не биле ни грци ниту бугари, туку македонци, од Македонија. Фактот што нивниот татко, како и самиот Методиј, работеле за војската и управата на тогашните грчки владетели со македонската земја, не го менува нивното македонско потекло. Вавилонското ропство не им го променило идентитетот на Евреите. Римското царство не ги претворило британците во римјани, ниту Британската империја - индијците во англичани. Персискиот цар Кир (Cyrus) не ги присилувал освоените народи да менуваат народност, вера и јазик, како што и Александар Македонски не вршел дискриминација, депопулација или менување на националниот идентитет на народите кои ги запознавал. Александар Велики својата отвореност и почит кон другите култури ја докажал и кон елинските племиња (ширел нивна култура и јазик) и кон азиските народи.

Христијанството во Македонија постоело 9 века пред азиските булгари да ја прифатат писменоста и христијанската вера од Македонците. И пред 681 година кога е основана европска Бугарија од азискиот хан Аспарух, а особено потоа, македонските христијани биле варварски уништувани од бугарските татаро-монголски пагани. Но, христијанската духовност во Македонија продолжила да го просветлува македонскиот народ. Се’ до 9 век, бугарските племиња не се одрекнале од своите азиски политеистички верувања во богот Тангра, и го задржале својот несловенски јазик Котан Сака (Khottan Saka), мешавина од татарски, монголски, ујгурски, хунски и ирански.

Антицивилизациски е народите на планетата да не си ги сакаат и признаваат сопствените историски корени, или да го негираат и насилно менуваат идентитетот на други народи. Меѓутоа, тоа Бугарите го демонстрираат како вековна пракса и психологија, да го кријат сопственото несловенско потекло, јазик и вера. Секој народ низ времето стекнувал извесен дел и од друг народ, како земјината почва што има примеси и од други метали и минерали во својот доминантен состав. Постои историја на културите на планетата, и постои вистина во историјата, независно од пост-историските рекомбинации и транс-културни модификации за Нов светски поредок. Планетата Земја сеуште има повеќе закопани одошто ископани податоци за себе. Но, идат светли времиња. Минатото чека на иднината, и на сегашноста. Историјата го храни умот, како учителка.

Патот на христијанските мисионери, од Павле (5 – 67 година) до браќата Кирил (826–869) и Методиј (815–885) води од Македонија до народите во Европа каде припаѓаат и словенските и несловенски народи, меѓу кои насилно мигрирале и булгарите. Бугарските освојувачи во Македонија имале потреба од нејзината христијанска вера за полесно да пропагираат, покоруваат, да бидат признаени за легитимна држава на окупираните македонски територии и да се докажуваат пред европските средновековни политички и верски системи како каганат кој се откажал од својата азиска матрица. Бугарскиот принц Богорис – Борис (852–889) го прифатил христијанството дури во 864 година, кога македонските просветители веќе скоро две години биле христијански мисионери, од 863 годинапоканети од принцот Растислав во неговата Велика Моравија (денешна Чешка и Словачка), да ја бранат својата духовна и географска територија од Франките.

Булгарите продолжиле и во Македонија да го носат својот назив од етнонимот bulģha,bulgak, кој во прото-туркоманските азиски дијалекти означувал разбојништво, неред, побуна, немир, мешање, потрес. И тогаш, кога ги покориле македоците, староседелци во Македонија од пред династијата на Филип и Александар Македонски, бугарите (како и грците), продолжиле насилно да го менуваат името на домородното македонско население - во бугари или грци. Апсурдно е што и грците и бугарите, спротивно на универзалните човекови права, тоа гео-политичко насилство и по еден милениум перфидно го спроведуваат над македонците: Сакате ваша Македонија – ќе ве снема. Сакате ЕУ пасоши – пишете се Бугари.  

Христијанството во Македонија постоело 8 века пред бугарските орди да ја прифатат христијанската вера, јазик и писменост од македонците. Новиот бугарски јазик е поддијалект на старословенскиот македонски јазик, кој е континуитет на античкиот македонски јазик во Македонија. Иако земале што им требало, Бугарите биле, и за цивилизациска жал, останале, со својот стар но обновуван синдром на братоубиства. Ги ликвидирале бездушно своите „браќа“ во азиските степи. Беспоштедно ги уништувале староседелците на Балканот и во Македонија. Стапувале во сојузи од корумпиран интерес - со средновековните грци, па против нив; со хазарските Бољшевици од СССР, па против царска Русија, а Русија е таа која им помогнала да создадат принципат во Отоманската империја, 1878; стануваат воен сојузник на фашистите, па го негираат тоа.

Бугарите продолжуваат да се хејтери и против сопственото туркоманско потекло, како и против турското население во Бугарија, останато од Отоманската империја. И него ксенофобично  го протеруваат од Бугарија во 1950те и 1980те години. Денес во Бугарија има преостанато околу 10% турско население, од оние турци кои не прифатиле да си го сменат името и верата под тортура на бугарските комунисти. Македонците во Бугарија кои во последните 100тина години геноцидно се протерувани од грците во Егејска Македонија и уценувани од бугарите да бегаат од Вардарска Македонија, ја сочинуваат највисоката интелигенција. Но, и тие македонци се  индоктринирани од бугарската националистичка политика да постанат сурови анти-македонци.  Тоа е бугарското право на обесправување. Но и македонците имаат сопствено, и универзално, право на справување со историски и современи неправди, особено среде измамата со еден анти-цивилизациски нонсенс: заедничко, братско споделување на македонската историја, јазик и култура, што во суштина води кон културна окупација, историска амнезија и бришење токму на македонскиот јазик меѓу другите 6.500 живи и признаени јазици и говори на планетата.

Таквото „alla bulģha“ заедничко чествување на просветителите Кирил и Методиј не е космополитизам, ниту глобализам, туку апсолутистичка бугарска, анти македонска политика. Македонскиот револуционер од Егејска Македонија, Гоце Делчев, интернационалистички разумно и христијански хумано, рекол: Светот го разбирам како поле за културен натпревар на народите.Но, тоа соседните членки на демократската ЕУ, Бугарија и Грција, го толкуваат како Светот го разбирам како поле за културно поништување на народите.

Нека е бесконечно значајно сесловенското и меѓународното дело на македонските просветители Кирил и Методиј! Нека се непрекинати македонскиот јазик и култура, и тогаш кога можеби на Марс, или на други интерпланетарни патувања, ќе се користат и други јазици на Вештачката интелигенција, за комуникација меѓу нови, космички култури. Нека не исчезне македонскиот јазик и духовна култура и тогаш кога можеби ќе се прифаќаат некои нови вери во непознати, хуманоидни или анти-хумани сили. А во меѓувреме, соседните Голијати нека не се плашат од мудриот и затоа мирен Давид од Македонија. Тој не е против никого, но нема да заврши ни против себе. Иднината е негова, како и минатото. Житото е негово, како и семето.

154321   Марија Емилија КУКУБАЈСКА

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.