|
|
Мартин Треневски : ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 120 |
ЗА ДИЛЕТАНТСТВОТО И ПОЛТРОНСТВОТО НА ПЕНДАРОВСКИ 1. Каков тажен развој на настаните за нас Македонците. Дојде и 24ти мај - Денот на МАКЕДОНСКИТЕ и сесловенкси просветители Св. Кирил и Методиј. И наместо да му се радуваме и да го одбележиме достоинствено, како што доликува и заслужува, ние сме оптеретени со работи што подло ни ги подметнуваат соседите од истокот. Тешко е дури и да се помисли од каде да почне човек, но без сомнеж секако првично се наметнува информацијата дека бугарскиот претседател Румен Радев ќе слетал со неговиот авион во Скопје, на пат за Рим, а по пат ќе го соберел македонскиот претседател Стево Пендаровски и заедно, со бугарскиот авион, ќе летале кон вечниот град за да одадат почит на светите браќа од Солун, но и по традиција да се сретнат со Папата во одвоени средби! Какво дилетантство и полтронство од македонскиот претседател (тој секако не е и мој претседател!!!). Се прашувам: Па има ли некој во неговиот кабинет да го посоветува дека таква пракса не соодветствува на строгиот дипломатски протокол? Дури ни двајца амбасадори од две различни земји, според воспоставениот меѓународен протокол, не се возат во ист автомобил, а камо ли двајца претседатели на две земји да летаат во ист авион! Неверојатно! Радев, кој е осведочен непријателски настроен кон Македонија и кон нас Македонците нема сомнеж дека ќе искористи прилика да го /зло/употреби присуството на Пендаровски за да лобира за бугарските интереси, а нема да изненади ако нашиов "зеленко" ни се врати "преосвестен", како што го направи тоа изјавувајќи му љубов на сега бившиот премиер на Бугарија Бојко Борисов кога му се обрати со: "Бојко, љубави"! Македонија, за жал, ја раководат на сите нивоа индивидуи имплементирани од длабоката држава (!) со единствена цел да не разобличат и разнебитат од внатре, по сите основи. Стево Пендаровски е еден од нив!!! 2. Од каде правото на Бугарите да ги присвојуваат светите браќа и нивното дело? Чудно, но како да нема реакции на оваа тема во нашата земја! Сметам дека нема никаква основа за нивно побугарчување што упорно го прават Бугарите. Неспорни факти се: 1. Св Kирил и Методиј се високи поданици на Ромејското царство (Византија); 2. Св Методиј бил висок воен византиски офицер со чин полковник или генерал, кој бил испратен од Цариград за да го пацифизира македонското население во Струмичката област (склавинија), кое почнало да крева глава за нивно осамостојување, па дури и независност од Цариград; 3. Св. Кирил (Константин филозоф) како најпознат просветител бил испратен за да му помогне на својот брат Св. Методиј во неговата мисија; 4. За што поуспешно да ја извршат својата мисија за пацифизација на македонското население, браќата заклучиле дека тоа може поефикасно да го сторат преку религијата, т. е. Библијата, а за го разберат Светото писмо паганите во македонската склавинија им требале преводи на јазик што го говореле локалното население 4. Токму затоа и ја компонирале глаголицата, позајмувајки букви од други писма што соодветствувале на гласовите на локалното население во струмичката област, односно по течението на реката Брегалница, како што е запишано во хрониките; 5. Светите Kирил и Mетодиј немаат стапнато со нога на бугарска земја, а поданици се на Византија која води жестоки војни со кнежеството Бугарија. Следствено, како може византиски дејци, борци против Бугарија, денес да се слават како "бугарски просветители"??? Да не е глупаво би било смешно, зарем не!? Мисијата на светите Кирил и Методиј во Македонија и со Македонците траела цели десет години. Затоа, многу научници и ја нарекуваат п р в а т а од вкупно четирите мисии, или "Брегалничка мисија"! Постројат и документи од современици на светите браќа - Черноризец Xрабар, на пример, и неговото дело "О писменех", во кое многу јасно пишува:"Дојдоа (Светите Кирил и Методиј) во Равен, на Брегалница и напишаа азбука од 36 букви". Равен и Брегалница се во Македонија, зарем не? Проблемот е во тоа што ние, Македонците не знаеме да ги афирмираме овие факти!!! По повод Денот на македонските и сесловенски просветители пристигна бројни честитки, но секако најзанимлива е онаа од Претседателот на Русија Владимир Путин кој во својата честитка напиша: "Денес е денот на словенската писменост, која дојде од Македонија". Е токму и заради овој факт конечно треба да ја третираме мисијата на солунските браќа како, пред се МАКЕДОНСКА, но и сесловенска!!! А да не дозволуваме гафови и подметнувања, како што прави актуелнава влада, која дозволи бугарски универзитет со исто има како најстариот универзитет во земјата УКИМ (Универзитет Кирил и Методиј), да отвара клон на истоимениот бугарски универзитет(Св. Св. Кирил и Методиј од Велико Трново) во Македонија, во Свети Николе!?
„Му го честитаме на братскиот македонски народ денот на светите Кирил и Методиј и кој се слави како државен празик. Денеска во Русија е свечен ден – Денот на словенската писменост, а писменоста дојде кај нас токму од Македонската земја, се вели во објавата на Твитер на Руската амбасада, кои ја пренеуваат изјавата од Претседателот Владимир Путин. Пораката од Претседателот на Русија Владимир Путин 3. Каква зла среќа, или подобро речено несреќа! Доживеавме една Бугарија, која до не така одамна мечтаеше да ја доживее барем за кратко слободата од стегите на Тодор-Живковата дикртатура, во непосредното соседство на запад од своите граници,во Македонија, доживеавме истата таа Бугарија да постане речиси непремостива препрека за македонското приближување кон Европа! Постави блокада за нашите евроинтеграции со барања шокантни по нивната апсурност за најголем дел од членките на ЕУ, и заради "идиотскиот консензус" за донесување одлуки во ЕУ, како што милуваше честопати да изјавува сега покојниот претседател на Бугарија Жељу Желев, да не блокира во евроинтеграциите. Бугарските непринципиелни, неевропски и нецивилизирани ставови и барања очигледно не ги споделуваат најголем дел од членките на ЕУ, а потврда за тоа е дипломатската офанзива што ја гледаме деновиве за промена на бугарските ултимативни ставови, но и за спремност на некаков компромис од македонска страна за да може да се одржи првата меѓувладина конференција со што би се означил и почетокот на преговорите за чкленство на Македонија во ЕУ. Силна поддршка изразија и Австрија, Словенија и Чешка за изразија и министрите за надворешни работи Александер Шаленбер, Анже Логар и Јакуб Кулханек кои при посетата на Скопје се согласија дека Македонија успешно ги завршила сите предвидени реформи како услов за одржување на првата меѓувладина конференција и констатираа дека сега на ред е ЕУ да го испорача ветеното! Трите министри ја посетија Македонија како претставници од неформалната група земји – членки на ЕУ „Ц5“, во која освен Австрија, Словенија и Чешка, членуваат и Словачка и Унгарија, за да ја презентираат дискусијата од Советот за надворешни работи и да дознаат за напредокот на земјата што е постигнат со соседна Бугарија. Нашата земја ја посетија и шефот на португалската дипломатија Аугусто Сантош Силва и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји, кои понудија предлог решенија за спорот со Бугарија. За нас, португалските предлози се добра основа за отстранување на пречките за отворање на преговорите со ЕУ, која не задира во македонските идентитетски прашања, додека Софија бара јасни гаранции за нејзините национални интереси и за целосно спроведување на Договорот за пријателство од 2017 година. 4. Македонските мас-медиуми предупредуваат дека бугарските безбедносно-разузнавачки служби се активни во контекстот на бугарско-македонскиот спор! Тоа го потврди самата Државна агенција за национална сигурност на Бугарија (ДАНС) во својот годишен извештај. Покрај наведувањето на своите активности во функција на политиките на бугарската влада, во својот извештај тврди дека и други „странски специјални служби ги активирале своите дејства за маргинализирање на бугарските надворешнополитички позиции“. Во извештајот на ДАНС, освен набројување и образложување на нејзините активности, се посочуваат информации и дека „други странски разузнавачки служби работат на активности за потпомагање на асимилациската политика кон бугарските заедници во странство, во согласност со туѓи национални доктрини“. Во извештајот не е наведено кои се всушност тие безбедносно-разузнавачки служби што ДАНС ги посочува дека ги спроведувале ваквите активности и кои се тие служби што се активни во бугарско-македонскиот спор. Од македонска страна експертите се категорични декамакедонските безбедносни служби дејствуваат во согласност со безбедносните протоколи на НАТО со нагласка дека македонската безбедносна заедница со своите активности има за цел да ги заштити безбедноста и уставниот поредок на државата и работи исклучиво во согласност со Уставот и законите Според експертите, за спорот помеѓу Македонија и Бугарија нормално разузнавачките служби од светот и од регионот, а особено на бугарската служба во функција на агресивните хегемонистички позиции на бугарската влада, цел се македонски институции, функционери (сегашни и поранешни), медиуми и поединци и групи со кои соработуваат. 5. Во сабота (29 мај) на иницијатива од повеќе иселенички организации, закажан е вториот општонароден протест за подршка на уставобранителите кои влегоа во Собранието на 27ми април 2017 година. Да излеземе што помасивно и да ја изразиме нашата подршка на неправедно осудените уставобранители кои чмаат по македонските зандани осудени на долгогодишна робија од сегашнава ненародна власт во Македонија! М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор |