|
|
Ѓорѓи Илиевски : ЗЕЛЕН АХМЕТИ- BLERTE AMETI |
На Светскиот ден за заштита на животната средина. Политичката партија ДУИ на чело со нивниот лидер Али Ахмети (на албански Ali Ameti) ја прославуваа својата 19 – 20 години од роденденот на партијата. Во печатените и електронски медиуми се појавуваа и пишуваа многу „ спектакуларни“ претпоставки на политички изненадувања од „ албанец за градоначалник на Скопје“, „нов министер албанец во МВР“ или ќе има некое „Pse jo“ и слично. Но, на денот на роденденот на ДУИ лидерот Али Ахмети-Ali Ameti, настапи со „Зелена агенда - Blerte agjende“, каде што како заложба истакна за: „...квалитет на животот, условите за живот, квалитетно образование и здравство, неселективна правда...“. Ова прв пат покрај албанскиот го истакна на македонски јазик. За некого чудно, за мене не. Зошто?! Затоа што почесниот доктор Али Ахмети-Ali Ameti прогласен на Универзитетот во Тетово, познат по докторски плагијати и „ квалитетно образование“, како и оној во Скопје под име „Мајка Тереза“, а за струшкиот на Рамиз Мерко и да не зборуваме. Како што пренесуваат невладините организации од Тетово кои се грижат за животната средина велат: „ можеби докторирал на Blerte agjende и затоа денес: „Шара е зелена, убава чиста, водите бликаат, тетовчани пијат ладна и бистра вода се пресреќни и ја пејат она убавата песна Зелено е зелено... заедно со најдобриот градоначалник Теута Арифи, заштитничка на животната средина и зеленило“. Ваква убавина и со „Зелена агенда- Blerte agjende“ ја имаме „покрај Охридското Езеро, жителите на охридскиот и струшкиот регион се пресреќни од зачувување на животната средина, чисти води, нема загадувања задоволни се од градоначалниците Георгиевски и од вонредниот професор со ненострифицирана докторска диплома добиена од „ легендарниот Нови Пазар-Р.Србија“ Рамиз Мерко. За нивните ангажирања за „Зелена агенда- Blerte agjnde“ се „восхитува и УНЕСКО“. Колку е убаво ова. Ја читам книгата и децата со внимание слушаат. Леле колку е убаво. Ме прашуваат леле колку е убаво во книгата за нашата земја-МАКЕДОНИЈА. Ама ова е во бајките. Не, велам ова ќе биде и кај нас. Кога Али Ахмети-Ali Ameti проговори на македонски „ќе биде“. Со право на „прославата му реагираше Ali Ameti на министерот за животна средина на „ македонски јазик“ , со зборовите „потребно и пожелно е да го знаеш македонскиот јазик, гледаш јас како проговорив, со тешко срце и ти треба да кажеш нешто. Министерот за животна средина му одговори „да ќе се потрудам за ова исто како и предходните министри што ги постави zoti Ameti (господин Ахмети), ќе зборувам на зима кога ќе биде загадена животната средина, поразителни здравствени билтени....Pse jo!“. Е, ова е мојата Македонија!!!. Ѓорѓи Илиевски : Виш просветен инспектор |