Среда, 16 Јуни 2021   
Повеќе од три децении ВМРО ДПМНЕ на браникот на националните интереси
2 7
Свекрва
 

Внатершната македонска револуционерна организација – Демократска партија за македонско национално единство (ВМРО ДПМНЕ) е конзервативна партија со демохристијанска идеологија. Таа е основана за време на процесот на дезинтеграција на Југославија на 17 јуни 1990 година во Скопје, Името на партијата доаѓа од историската Македонска револуционерна организација основана во 1893 година, која се залагала прво за политичка автономија, а потоа за создавање држава на македонскиот народ. Од тогаш до денес, повеќе од три децении ВМРО ДПМНЕ се наоѓа на браникот на националните интереси

Следејќи ги стапките на историското МРО, од првиот момент ВМРО ДПМНЕ застанува во одбрана на името, идентитетот и културата на македонскиот народ. Така на првите повеќепартиски избори одржани во ноември 1990 година, ВМРО-ДПМНЕ се залагала за конфедерален статус на Македонија во тогашната југословенска федерација, а меѓудругото се залагала за „македонска војска, полиција и македонска фудбалска лига“.

Таквиот став на ВМРО ДПМНЕ ќе доведе до осамостојување на државата на 8 септември 1991 година, создавање на своја војска, полиција, македонска фудбалска лига, но и македонска фудбалска репрезентација, што беше спротивно на заложбите на поранешните комунисти (СКМ – ПДП), денешни социјалдемократи СДС.

Во текот на три децении, социјалдемократите се откажаа од знамето, од македонскиот народ кој живее во соседните држави, го сменија името, ја направија земјата двојазична, а сега тргуваат со историјата, јазикот и културата на македонскиот народ.

Точно е дека ВМРО ДПМНЕ има тврд став кон Преспанскиот договор и Договорот за пријателство со Бугарија, кои задираат во националните интереси на македонскиот народ и македонската нација. Партијата веќе три децении е на браникот на одбрана на македонскиот идентитет, за разлика од другата најголема македонска партија чии челници за личен интерес тргуваат со нациналните интереси, како да се пиперки и друг зарзават од нивите во Срумичко. 

За време на владеење на коалицијата СДС и ДУИ Македонија стана обезличена, со зголемен степен на корупција и криминал. Потребно е што побргу да се врати ВМРО ДПМНЕ за да се врати ликот на македонската држава, а де се острани корупцијата и криминалот.

Да се ра­бо­ти за Ма­ке­до­ни­ја е од­го­вор­ност, од­го­вор­ност на илјад­ни­ци кои се бореле, а го­лем дел го да­ле жи­во­тот, тоа е од­го­вор­ност и кон ид­ни­те на­ши поколени­ја. Но, за да се направи тоа,  Македонскиот народ мора да биде обединет и целосно да ја даде својата поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кој треба да ги продолжи светите идеали на нашите претци.

Македонија е наша судбина, Македонија е наша обврска, Македонија е наш благослов.

Среќен 31 роденден ВМРО-ДПМНЕ !

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.