|
|
Рубинчо Видое Јованоски : Зоки едно кажува дома, а друго ветува во странство |
Ротирачкото португалско шестмесечно претседателствување со ЕУ завршува за десетина дена, поточно на 1ви Јули кога диригентската палка во наредните 6 месеци ќе ја има Република Словенија на чело со претседателот Борут Пахор и премиерот Јанез Јанша. Португалија даде предлог кој се чуваше конспиративно далеку од очите на јавноста и кој истиот од наша страна во прв момент се прими со доза на оптимизам дека конечно Бугарија ќе попушти, и со самото тоа ќе го симне ветото за нашата земја и конечно ние ќе можеме да ги почнеме преговорите со ЕУ за побрзо членство во европската асамблеја. Бугарските власти ги знаат слабостите на момчето од Муртино кое знае да прави пазар само за чушки и френки и истите чекаат на неговите губитнички потези. Па така на последното негово Софиско патешествие во состав со Османи и Димитров и надополнет со олеснувачот предложен од наша страна во македонско-бугарскиот спор, а тоа е затвореникот Владо Бучковски повторно пред бугарскиот државен врв се крена белото знаме кое беше предвесник за предавничките политики на клептоманот од Муртино со иницијали З.З. Многу е жално што лицето З.З. пред секое заминување во странство пред очите на целокупната македонска јавност лаже дека по никоја цена нема да преговара за националните интереси на својата земја. Тоа е кога се наоѓа на македонска почва а штом аболицираното лице З.З. стапне во конкретниот слуќај на бугарска почва дава предавнички предлози и без консултации со експертската јавност од нашата земја ветува дека ако треба и ќе се го отвори уставот со цел да се задоволат големобугарските апетити. Тоа го прават личности кои немаат зацртано план и идеа за настап и лобирање со земји кои го кочат влезот на нашата земја во ЕУ. Во оваа прилика само да нагласиме дека српскиот претседател Александар Вучиќ кој има тешки преговори со челниците на Косово со посредничко медијаторство на странски фактор но секогаш кога ќе се врати од маратонските преговори излегува пред јавноста, елаборира што се разговарало и во истиот момент отвара дебата со сите политички субјекти во земјата без разлика дали се позиција или опозиција и бара мислења и сугестии за следните негови настапи. Тој е одговорен политичар а не како нашиот Зоки кој едно кажува дома, а сосема друго пред странскиот фактор. Дипл. екк. Рубинчо Видое Јованоски Новинар и довчерашен одбојкарски судија |