Среда, 23 Јуни 2021   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 124
1martin1
 
Мартин ТРЕНЕВСКИ : ЗАЕВ СЕПАК СЕ ПАЗАРИЛ НО НЕ СЕ ИСПАЗАРИЛ ВО СОФИЈА
  
 
1.  Зоран Заев, со цела тајфа негови министри, минатата недела беше во еднодневна екскурзија во Софија, небаре да ги одоброволи бугарските лидери - или како што кажа самиот во една прилика: да ги моли и да коленичи за да го омекнеле нивниот негаторски и блокирачки став за евроинтеграциите на Македонија! И по кој знае кој пат - повторно, Заев направи протоколарен гаф за што јавно му замерија и бугарските медиуми, но и бугарски политичари. Првата средба на Заев (во посета на Бугарија бил  б е з  официјална покана!!!) беше со доскорешниот премиер Бојко Борисов, иако тој  лично (Борисов) ни постави вето минатиот декември за почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ! Реакција на овој потег на Заев веднаш уследи и тоа од лидерот на партијата "Има таков народ" Слави Трифонов, чија популарност нагло расте! Тој коментираше дека Заев се среќавал со "небитни луѓе".
 
   Најмногу вимание, особено кај нас дома, во Македонија, предизвика непознаницата: дали Заев носеше во својата актовка некаква понуда - небаре за компромис со Бугарија за спорните прашања, и ако носел, во што се состоела понудата на македонската влада? Уште поконкретно, се поставува прашањето: на какви отстапки е спремен сега Зоран Заев само по секоја цена да започне преговори за членство во ЕУ, и тоа што е можно поскоро!? (Интересно е инсистирањето на Заев за почеток на преговори - по секоја цена, што, според добрите познавачи на приликите е  н е в о з м о ж н а   м и с и ј а   во блиска иднина, барем судејки по тоа како стојат работите)!
 
   Иако Владата на РМ со соопштение се обиде да негира дека имало било каква понуда од македонска страна за да се отстрани бугарската блокада (Владата континуирано го лаже сопствениот народ), од Софија пристигна потврда дека сепак имало понуда и тоа во писмена форма била презентирана на претседателот на Бугарија Румен Радев и на техничката влада, а сега таа понуда била предмет на разгледување од бугарска страна! 
 
   Сосема извесно е дека понудата на Заев е срочена во некои кабинети на Илинденска б.б. и како по обичај  б е з  консултации со македонската стручна јавност и пратениците во македонскиот Парламент!? (Се прашувам: Што се замислува овој, муртинецов? Дека ја поседува Македонија, дека е нејзин сопственик, губернатор, што ли, та самиот одлучува и суди за нејзината судбина и иднина??? И што е најстрашно - неговите сулуди идеи и отстапки така ноншалантно да ги пласира на туѓа маса како наш, општомакедонски став? Какво невидено безобразие и бескрупулозност!!!)
 
   Но ајде да видиме, како по обичај од странски/соседски извори, што содржи конкретниот предлог со којшто мудреците или подобро речено малоумниците од белата палата покрај Вардар пошле на гости во Софија? Еден од соговорниците - привремениот бугарски премиер Стефан Јанев, самиот потврди дека некаква конкретна понуда во форма на предлог од македонска страна сепак била ставена на маса!? Со еден збор: Заев сепак доставил писмен документ како предлог до официјална Софија што
сега се разгледува во бугарската влада и во кабинетот на бугарскиот претседател Румен Радев, а што го потврдил и Кирил Атанасов, секретар за комуникации во кабинетот на бугарскиот Претседател. 
 
   Иако официјалните структури во Софија одбиваат да соопштат детали од  понудата на Заев, бугарските медиуми сепак откриваат понекој детал. Така, весникот „24 часа“ соопшти дека  македонскиот премиер Зоран Заев предложил компромис за јазикот, според кој бугарскиот и македонскиот јазик да се дефинираат како исти јазици (!?), но меѓународно признати како различни!?
 
   Владата на Р.Македонија - фатена во лага, како по обичај ја демантираше информацијата на бугарскиот весник, објаснувајќи дека таков предлог не е ставен на преговарачка маса, а визитацијата на Софија ја тумачи како "позитивен исчекор што овозможи да се разговара за можностите за решенија, за што добра основа е португалскиот предлог".
 
   Кој "португалски предлог" бре несреќи едни? Па такво нешто веќе не постои бидејки бугарската страна го одби истиот ден кога португалскиот претседател го донесе и го презентирасше во Софија!

   Да се навратиме на писанието на Заев презентирано сред Софија. Според бугарските медиуми тоа содржи пет можни опции за решавање на спорот со цел кревање на бугарската блокада. Меѓу останатото и отварање на досиејата од Македонските архиви од периодот на Студената војна со цел обелоданување на репресијата што се вршела од тогашните југословенски власти врз Бугари од Македонија, како и предлог за ставање на Бугарите во Уставот, како граѓани кои живеат во Македонија.
 
   Најконтроверзни од петте "понуди", или отстапки на Зоран Заев се "дека говориме на ист јазик, што меѓународно се признати како два различни јазици“, како и муртинската понуда да се донесе декларација дека двата народа се братски!? Згора на се, на средбата со техничкиот премиер на Бугарија Стефан Јанев, Заев наводно ветил дека ако на средбата во Брисел на Советот на ЕУ за општи работи на 22 јуни Бугарија го поддржи почетокот на преговорите со Македонија, ние ќе сме направиле неопходни компромиси за спорните историски теми!? (Со што ќе правиш компромис бре Зоране, несреќо една, и кој те овластил???).
 
     Што е многу - многу е, па макар било од Зорана Заев и неговата антимакедонска клика подржувачи! На ова зло што ни го наметна длабоката држава само за да го помогне грчкиот патолошки антимакедонизам и бришење на Македонците од мапата народи на оваа планета. мора да му се стави крај! Чаре? Нови парламентарни избори (без вплеткување на Дејвид Стивенсон и слични нему), истовремено со локалните избори закажани за октомври оваа година. А како да се изнудат предвремени парламентарни иѐбори? Па убаво, да се блокира работата на Македонскиот парламент со оставки (напуштање) на пратениците на опозицијата; да се продолжи па дури и да се интензивираат блокадите на македонските сообраќајници со општонародни, а не партиски собирања на секој којшто е против оваа узурпаторска власт, но да се мотивираат и малцинствата, бидејки злото што ни го наметнува власта и последиците ги чуствуваме сите ние граѓаните на Македонија.
 
   Време за акција нема многу! Започнаа летните одмори; панденимаја со вирусот е речиси при крај и народот се ослободи од стегите на блокадите, затоа да дејствуваме сега, веднаш, бидејки муртинецов е целосно посветен на реализацијата на сценариото на длабоката држава за наше целосно разнебитување и ништење како посебна нација.
 
   Тоа им го должиме на оние што ги дале животите за оваа земја и народ, но и на идните генерации!
 
2. Бруталната и без сомнеж шизофрена антимакедонска кампања од Брисел повторно е во погон. Се разбира, како и до сега, зад таа кампања стои - кој друг, ако не европратеникот Ангел Џамбаски. Нејзиниот гласноговорник (но чиј гласноговорник навистина е тој? На софиското ВМРО или на некој многу помоќен антимакедонски ментор што го става него во функција како некој арлекин?) Џамбаски се огласи од Брисел со најнова шизофрена теза дека: Македонија била бугарска и од двете страни на границата кај Деве Баир живее една нација!? Во неговоро најново фашизоидно видео тој тврди дека една нација живее на двете страни од границата кај Деве Баир, а тоа е бугарската и дека немало две нации или два народи.
 
   Едно нешто навистина ме изненадува! Не ме чудат налудничавите испади на Џамбаски на антимакедонска основа, но ме изненадува што од Европскиот Парламент, каде членува Џамбаски, нема никаква реакција на неговите шизофрени и над се расистички реакции. Па нели Европската Унија и Парламентот во Стразбург се израз на вредности и стандарди, најзначаен мировен и културен проект во поствоена Европа што треба да е пример за однесување на само на членките, но и на земјите кои имаат аспирации да им се придружат!?
 
  Се чини, а праксата го потврдува тоа, дека сепак не е така како што си замислуваме ние од страна, кои чукаме на портите и чекаме со стекнатите вредности (а не како неквалификуваната Бугарија - со подршка на старите сојузници) прием во ексклузивниот клуб наречен Европска Унија!
 
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор
 
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.