Вторник, 06 Јули 2021   
Итно замрзнување на барањето за членство во ЕУ… или, миопијата, болест на македонските политичари

Можете да ги видите предметите коишто ви се близу, но оние пооддалечените се нејасни, можеби притоа патите од главоболка и ви се мати пред очите. Доколку ова ви звучи познато, имате миопија или кусогледост.

Поимот миопија е изведен од зборот „myops“, што означува замижување со очите. Претераното мижење и гледањето на страна се еден од знаците на миопија или кусогледост. Еден од најпознатите германски офтамолози, Тим Беме, вели дека миопијата не е болест туку девијација од нормалното. И уште вели дека колку миопијата, или кусогледоста е потешка, толку се потешки и последиците.
Ова е медицинското толкување на кусогледоста, што на англиски може да се преведе како shortsightedness.

Второто значење, она посебно интересно за случувањата во политиката, претставува особина на оној што не ги гледа работите однапред, пред да се случат, што не предвидува како ќе се одвива некој настан, а на англиски би се превело како nearsightedness.

За жал, исто како и во медицината и во политиката, тоа означува замижување со очите и гледање на страна, па и политичката миопија е девијација од нормалното и, колку е потешка, толку се потешки и последиците.

Бесмисленоста на ЕУ

Минатата недела Германија, Франција и Италија, како три најмоќни држави во ЕУ и дел од староевропското семејство побараа Европската Унија да донесе одлука за одржување самит со Руската Федерација, по урнекот на оној меѓу САД и Русија, односно Бајден и Путин. Со тоа, тие сакаа да ја постават ЕУ во позиција на глобална светска сила која би требало рамноправно да седи на маса со САД, Русија и Кина. Но, трите балтички држави, Летонија, Литванија и Естонија и, Полска не се согласија со ова и, заради бесмисленоста во функционирањето на ЕУ со консензус на сите земји членки, оваа иницијатива пропадна.

На сите им е повеќе од јасно дека таканаречените младоевропски држави, оние од источна Европа, се најдоа во Европската Унија под притисок на САД, односно заради неговите потреби да се најде на границата со Руската Федерација, без притоа од нив да биде побарано исполнување на какви било услови, критериуми или стандарди. Денес, тие го претставуваат вистинскиот Тројански коњ внатре во Унијата, уфрлен таму од САД, за да го попречуваат единството во ЕУ доколку е спротивно на американските интереси.

Истовремено, една земја членка, во случајов Бугарија, заради истата таа бесмисленост во функционирањето на Унијата, попречува одлука прифатлива за останатите за започнување на преговори со Република Македонија. Па така, Европската Унија е немоќна пред изживувањето на една нејзина членка врз држава кандидат за членство само затоа што таму, заради политичките потреби на САД, се нашла малку порано, без од нејзе да биде побарано исполнување на барем минимални демократски стандарди. И не само што е немоќна да ја спречи, туку заради бесмисленоста во своето функционирање, полека застанува во одбрана на фашизоидните барања за бришење на постоењето на еден народ, еден јазик и една богата историја – македонската.
Па, полека но сигурно, она што госпожа Меркел го најави како Европа во две брзини, се трансформира во Европа во три брзини, од која третата, онаа за возење во “рикверц“ е наменета за земјите од таканаречениот Западен Балкан, оставени на милоста на бесмисленото и искористени за понижување од третокласни европски бирократи или држави со фашистичко минато.

Кусогледите и „добиените“ датуми

Токму затоа, текстов го започнав со кусогледоста или миопијата, што, нели, не е болест, туку девијација од нормалното. И бидејќи кусогледоста, посебно во политиката, често знае да премине и во кусоумност, се повеќе треба да стравуваме од кусогледите и кусоумните кои иако веќе неколкупати, според нив, добија датум од ЕУ за започнување на преговорите, се’ уште прифаќаат португалски предлози, бугарски уцени, европски “вредности“. Притоа, подготвени, по втор пат, да играат all in, овојпат со јазикот, историјата и постоењето на македонскиот народ, како неотуѓиви и универзални вредности во цивилизациските достигнувања на човештвото.

Во својата кусогледост и кусоумност, ниту можат ниту сакаат да ја видат целосната бесмисленост во функционирањето на Европската Унија. Бесмисленост која или ќе мора да биде променета, или Унијата, ваква каква што ја знаеме, ќе замине во историјата. Не сакаат и не можат да сфатат дека многу скоро ќе дојде до промена во функционирањето на Унијата со што ќе биде одземена бсесмислената моќ на една држава, која и да е, да ги кочи заедничките одлуки на сите останати. Нивната неможност да го сфатат ова само ја потврдува тезата дека колку миопијата или кусогледоста е потешка, толку се потешки и последиците.

Токму затоа, време е да побараме замрзнување на барањето за членство во таа и таква Унија, немоќна во бесмисленоста на своето вакво постоење. Замрзнување на барањето за членство, се’ додека почетокот на преговорите не стане достоинствен чин на достоинствени партнери, со вистински вредности кои заеднички ќе ги споделуваат.
Само кусогледите и кусоумните ќе продолжат и понатаму да коленичат пред кабинетите на европските бирократи и да говорат за можност за изнаоѓање решение со оној што те понижува.

Одговорни политичари, пак, веќе утре ќе го замрзнат барањето за членство во ЕУ. Одговорни пред својот македонски народ, пред своите македонски предци и пред своите македонски поколенија.

Автор: Страшо Ангеловски, претседател на МААК за НетПрес
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.