|
|
Вистината за бугарското државјанство на Љубчо Георгиевски |
Поранешниот генерал-мајор на бугарската армија и тогашен Потпретседател на Република Бугарија, Ангел Марин:
Бугарското потекло на Георгиевски е докажано и не е коректно да копам во родословот, ако тој не сака да го објави тоа.
Дека Љубчо Георгиевски има бугарско државјанство го потврдува официјалниот сајт на Претседателот на Бугарија. Тука е објавено интервјуто на Диана Кнчева со Потпретседателот на Р. Бугарија дадено за в.24 часа од 21.07.2006 година. Поранешниот генерал-мајор на бугарската армија и тогашен Потпретседател на Бугарија, Ангел Марин, на кого по стапувањето на должност на 22 јунаураи 2002 година, бугарскиот претседател му го дал мандатот за помилување и да потпишува упатства за бугарски државјанства, децидно ќе потврди дека: „има македонски министер и пратеници со наш пасош“.
Меѓу другото тој ќе го спомне и Љубчо Георгиевски. Еве дел од тоа интервју: - Г-дин Потпретседател, кога ги добивте документите за државјанство на поранешниот Премиер на Македонија Љубчо Георгиевски, какви му беа мотивите? - Бугарското државјанство е многу сериозен јавно-правен акт - тој е поврзан со државниот суверенитет, со заштитата на државноста, со националните интереси, со националната безбедност. Во мојата работа и на институциите кои се занимаваат со бугарското државјанство, се почитува да има согласност меѓу европските норми, бугарските национални интереси и личните интереси на секој кој сака да стане бугарски државјанин. Во случајот со Георгиевски овие три елементи се во целосна хармонија и нема контрадикции. Указот го потпишав на 23 февруари. Моето убедување е дека не може да се одзема правото и можноста на кого и да е да биде државјанин на одредена земја. - А кои беа неговите лични мотиви? - Согласно законот не се истакнуваат мотиви. Тој одговара на барањата на законот за добивање на бугарско државјанство по бугарско потекло. И ако нема други законски пречки, нема право за одбивање. Токму овие текстови од законот за државјанство се земени од европската конвенција за државјанство. Бугарското потекло на Георгиевски е докажано и не е коректно да копам во родословот, ако тој не сака да го објави тоа. Не треба да се одзема правото и можноста на поранешни и сегашни политичари и државници да покажуваат човечки чувства, роднинската поврзаност и националната припадност. И Георгиевски не е исклучок. - Зошто доделувањето на указот остана во тајност? - Нема постапка на доделување на декрет - тој се потпишува, по што соодветните државни органи ја продолжуваат постапката за издавање на документите. При идна измена на законите поврзани со државјанството, може да се помисли дали не треба да се предвиди ритуал за објавување на бугарско државјанство. Во Унгарија на пример, се дава заклетва. - Сепак, Георгиевски го добил декретот во ресторан. Тоа нели ја девалвира вредноста на државјанството? - Во правниот мир нема таква акција "доделување или прогласување на декрет". Имало случаи кога се давале државјанства на луѓе од друго потекло, не од бугарски, по чл. 16 - за особени заслуги кон Бугарија во јавната и економската сфера, во областа на науката, културата, спортот. Некои кои добиле државјанство за слични заслуги сакале јас да им го дадам декретот. Сум ги одбил, бидејќи не треба да има исклучоци, ако го направиме - мора да е за сите. Инаку го делам вашето мислење дека ресторанот е крајно несоодветно место за прогласување на овој чин. - Се зборува дека уште македонски политичари, високи полицајци и градоначалници имаат бугарско државјанство? - Да, но не е коректно да ги објавам... - Тоа е добро или лошо - тие наше лоби ли се таму? - Не се соодветни категории "лошо" или "добро". Тоа е нормално. Нивните закони не го забрануваат, зошто да не го прават, штом нашите закони дозволуваат.“
Погледнетего оригиналното интервју на Диана Кнчева со Потпретседателот на Р. Бугарија објавено на официјалниот сајт на Претседателот на Бугарија. http://www.president.bg/v_iziavi.php?id=2644&st=10 Многумина македонски граѓани земаат бугарско државјанство од егзистенцијални причини. Тоа може и некако да се оправда. Како може да се оправдаат политичарите чија егзистенција не е загрозена?! Станувајќи бугарски поданици се поставува прашањето, чии интереси тие бранат, Македонски или Бугарски!? При самостојна и независна македонска држава таквиот чин е рамно на национално предавство. Отука се поставува прашањето кои се мотивите кои го натерале Љупчо Георгиевски да постане поданик на бугарската држава? Од интервјуто мотивите не се гледаат, но може да се претпостават. Но, за чии цели работи Георгиевски и дали има место во политиката за човек со бугарско државјанство, за тоа треба да се замисли не само власта туку и граѓаните кои му даваат било каква подршка.
Свекрва
|