|
||||
Погребан проф.д-р Владислав Барчиковски, голем пријател на Македонија и на Македонците |
На 25 март годинава во деведесет и деветтата година од својот живот, во Варшава, во Полска, почина проф.д-р Владислав Барчиковски (1916-2015) голем пријател на Македонија и на Македонците.
Погребот ќе се изврши денес 14 април 2015 година на воените гробишта во Варшава. Проф.д-р Владислав Барчиковски роден е на 15 август 1916 година. Завршил Медицински факултет во Варшава. Од 1936 до 1939 година работи како помлад асистент на катедрата за анатомија на Универзитетот на Варшава. Во текот на следните две години бил асистент на Катедрата за ортопедија при Болницата на Црвениот крст во Варшава, а од 1942 до 1944 година за време на Втората Светска Војна тајно држи предавања по анатомија на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Варшава. Од 1943 година, две години работел како асистент на Детската болница и болницата “Чарлс и Мери Волски“. До 1949 година, вршел повеќе функции во здравството во Варшава. Во 1948 година проф.д-р Владислав Барчиковски бил назначен на професионална воена служба, каде останал до 1950 година. Во 1949 година, тој работел како главен лекар и хирург на шефот на грчката болница во Џивновие (Dziwnowie), а во 1950 година бил лекар во Воената единица во Познан и предавал на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Познан. Во 1951 година Владислав Барчиковски е помошник професор на Катедрата за ортопедска хирургија во Познан. Во 1952 година се вратил во Варшава и станал директор и главен консултант на Болницата Стрит. Во април 1953 година заминал во Кореја каде бил шеф на Болницата на Црвениот крст. Во Полска се вратил во 1954 година и се стекнал со втор степен на специјализација во областа на ортопедијата и трауматологијата. Во годините 1954-1956 бил државен секретар во Министерството за здравство, а во мај 1956 година државен секретар и во Министерството за труд и социјална политика. Од 1956 година бил вработен како асистент на Катедрата за експериментална патофизиологија. По враќањето од воена служба во 1958 година, работел како заменик-шеф на одделот за ортопедија при Централната клиничка болница, а во 1962-1964 истовремено го води Институтот за ревматологија при Клиниката за ортопедска хирургија. Во 1959 година Барчиковски бил награден со втор степен на специјализација во областа на здравствените организации. Од мај 1964 до јуни 1967 година, тој беше командант на Централната клиничка болница. Во 1967 година Барчиковски добил чин бригаден генерал. Од 1967-1973 година Барчиковски ја врши функцијата шеф на здравствена заштита на човечки ресурси. На 2 декември 1970 година Барчиковски учествувал во научниот совет WIML, каде што докторирал меѓу првите. Во 1973 година, по неговото пензионирање, тој се приклучил на Клиниката во Варшава. Со научно-истражувачка дејност Барчиковски започнува за време на студиите на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Варшава, во 1934 година. Во 1948 година докторирал на хирургија. Со звањето вонреден професор во областа на хирургијата се здобил во 1952 година. Во 1967 година бил избран за редовен професор. Барчиковски има објавено повеќе од 70 научни трудови, воглавно посветени на ортопедијата и трауматологијата, наменети за медицината, воените и научните организации, како и за здравствената заштита и за околу 20 научни извештаи. За неговите напори бил награден со Орденот на трудот втора класа, Орденот со крстот на преродбата, добил бројни државни и воени почести дома и во светот. 2010 година е гостин на Македонија. За време на неговиот престој претседателот на Републиката поради несебично ангажирање во згрижувањето и медицинската нега на Македонците бегалци (партизани и цивили) во Република Полска од Егејскиот дел на Македонија кон крајот и почетокот на Граѓанската војна во Грција (1946-1949 година), како и за придонесот за зацврстување на пријателските односи меѓу македонскиот и полскиот народ. За време на посетата, проф.д-р Владислав Барчиковски беше примен и од претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и министерот за одбрана Зоран Коњановски. Своите мемоари за тајната “Болница 250“ на островот Волин во северна Полска, проф.д-р Владислав Барчиковски ги забележал на 120 страници во Книгата “Грчката болница на островот Волин“, каде што биле лекувани и бројни Македонците, учесници во Граѓанската Војна во Грција, некои таму и погребани. Светскиот Македонски Конгрес изразува искрено сочуство за упокојувањето на проф.д-р Владислав Барчиковски. Македонија и Македонците изгубија голем пријател. Вечна му слава и памја. Амин! СМК http://www.mn.mk/komentari/2781-Na-zdravje-Makedonci
https://www.facebook.com/mane.jakovleski/media_set?set=a.1203380461010.26633.1723562374&type=1 |