|
||||
СЕЌАВАЊА |
Гордана Димовска Навираат, но не носат светлина во денот Тие овенуваат, исчезнуваат Како чад, Како пареа, Се губат со ветрот, Се губат во непознат правец Од каде не можеш да ги вратиш, Во правец каде не можеш да ги видиш, Не се веќе јасни, полни се со грижи. Ете, и други доаѓаат во ноќта црна, едни па други никако да стивнат, Шепотат тајни во бесони ноќи Ко најчисти капки од утринска роса Се тркалаат и галат по лицето нежно Брануваат и ја милуваат твојата коса. Те будат и мамат во зората рана Патуваат со чекори бавни низ време минато, низ бури и светлини низ радост и тага на една душа мирна. Не, не плаши се, Не се тие да останат во тебе, Не се тие да останат вечно. И еве заминуваат веќе, Се збогуваат со секој тажен Се збогуваат со секој среќен миг. Треперат и плачат на разделба тешка Тагуваат како мајка по чедото свое, Заминуваат далеку од срцето твое. |