Во Прилепа града, во Врбеско маало на 17-от августен ден, во 1902-то лето кај Андонови се роди четвртото дете. Нункото името му го даде Методија со благослов да се бори за Македонија.
Мето се разви во снажно момче, здраво и цврсто како дренче, се одѕва на првото школско ѕвонче, со учење во класот, петки реди, нема ученик кој ќе го следи.
Заврши Мето трговско школо, за татко му, тој многу жали, неговата помош, сега му фали, домаќин стана, куќа да гледа, куќниот живот да го извади од беда.
Во соколана, со тренинзи се бави, разни гимнастички вештини тој прави, спортистите ги води, вика во строј, ченто стој, наместо чето стој му остана прекар и по животот свој.
В чаршија Ченто кираџиски дуќан зеде, крчмата внатре убаво ја среде, ракија и вино продава тој, муштерии ги има во голем број, во пазарни денови и простум се стој.
Се ожени Ченто со попова внука, за Василка чупа, родена во Прилеп тука. Василка и Ченто, четири деца израстија, ниту едно, в црква не крстија, свештенички лица дома не примија.
На пазариште, Ченто жито откупува, земјоделците од залихи ги спасува, економски ги помага муштериите свои од измама тој, не се ни бои, МАНАПО и НОБ ги помогна тој.
За државните избори, во 1938-то лето, во коалиција Ченто, со Мачек оди, за пратеничко место, борба се води, гласачките ливчиња, властите ги украдија, од кандидатурата, Ченто го отстранија.
Во 1940-тото лето, на Илинден денот, на Шаторов камен, на излет се оди, народен митинг, таму се створи, во говорот, Ченто предлог дава, Илинден денот, да има национална слава.
Во истото лето, на родителскиот собир, директорот вели, на неважен јазик, децата ви разговараат, му возврати Ченто, нивниот разговор е мајчин говор, јазикот нивни, ако вие не го сфатите, нашите деца, за вашиот говор, да не ги мачите.
Наставничкиот клер, физички го нападна Чента, џандармеријата во гимназијата, дојде дента, го притворија тие, Методија Чента, го осудија, на две години робија, го спроведија в затвор, во Србија.
Со нападот на Германија над Југославија, сите затворски врати, се отворија, затворениците, дома си разотидоа. Во затворот, Ченто ги преживеа сите маки, по неколку дена, тој дома се врати.
Бугарија окупира делови од Македонија, донесоа, свештеници за богословија, и администрација, за вршење асимилација, во Прилеп, Ченто, кметска титула доби, против комунистите, борба да води.
Титулата, Ченто нив му ја одби, за непослушноста, затворска казна доби, една година, на робија да оди, во затворот Чучулигово, трудовак да биди, по патните мрежи, низ Бугарија да гради.
По завршетокот на казната, дома си оди, од Кузмана писмо, Ченто доби, во партизани, тој за да оди, првата македонска бригада, да ја води, борби таа води, македонски територии ослободи.
Во Дебарца, Ченто, бригадата ја најде, ослободувачки, борбен пат, í даде, преку Егејот долу, за Мариово и Азот, низ планини и долини, гази по мразот, многу непријателски заседи, ги згази.
На Илинден денот, во 1944-тото лето, АСНОМ го свика, Методија Ченто, се избра, македонска народна влада, од неразвиена, вардарска бановина, се преименува во македонска татковина.
Во 1946-тото лето, македонските вазали, лаги измислија, претседателот Ченто, од положај, го извисија, без вина, на суд, го осудија, на 11 години, робија го испратија, во затворот Идризово, во Македонија.
Од затворот, Ченто разболен си дојде, работа во Прилеп, за малтарџија најде, колички со малтар, на ѕидарите, им носи, заработена плата, за да земи, за лекови, пари да си спреми.
На 25-тиот јулски ден, во 1957-то лето, на работа не е, Методија Ченто, камбаните во Прилеп, жалосно ечат, прилепчани, со солзи на лицата, плачат, Методија Ченто, на погреб го носат.
Томе Велјановски - Марулецот Гетеборг, Шведска
Превземено од ЗЕНИТ |