|
||||
Живи сме! |
Виолета СЕКОВСКА Ние не сме мртви – живи сме! За својот леб сами се грижиме, а вие сте слепци да видите, глуви да чуете.
Со таинствени бодежи јуришате, оковани жртви барате, застрашувањето е вашата сила, крвави дамки растат на вашиот послан чаршав. Ништо не занемело, ништо не замолкнало, ништо не изумрело, живи сме! Од старите времиња саде плач и лелек - стенкање наслушуваме, душата ќе ни препукне, а кај вас мракот е на власт, лагата е вашата чест. Вистината никогаш нема да се замени со лагата, земјата со лавата, пченицата со плевелот, цветовите со трњето, ехото и во молкот одѕвонува, времето не се замолкнува, тоа тече - со себе вистина влече, погледи изронети од душата, на само четири чекори во исконот е спаковано минатото. Прегрнати, еден на друг потпрени молкот на заклетвата го чекаме да се разгори, во огништетот на сознанието да се појави ѕвездена патека, добрината човечка да се обистини. Та и ние сме дел од соѕвездието! Живи сме! |