|
||||
Јунаци |
Кого да споменам? Кого да изоставам? Грев да не сторам. Преку далечното и темното, близу денешното и светлото, овде на ова место спомените се раѓаат. Гласот Ваш и денес го слушаме, завештанија македонски. Постои ли народ кој на ропство се согласил? Постои ли народ кој на пранги се навикнал? Да излеземе напред извикаа! Пред планината во оган обоена, пред реката исушена, од мноштво солзи натопена, пред црниот крик, да се чуе голготата... Ветрот занеме,небото посиве, во крв, земјата се разлеа. Срце рането, кам - камен сторено во лузни изгорен Каменот лузните ги чува на поколенија да раскажува. Мајката заштитена со љубов од своите чеда, силна врева од мртви без плач. Тој ден, тој црн ден, минатото со иднината се спои светлината беше оган, месечината гнев, победа над канџите злобни. Паднатите денот го обележаа, а ноќта, нивните мртви сенки, народот разделен, лебот на четири дела разјаден. Болката нивна како плима надоѓа, крвта нивна во нас тече, се уште луто, луто пече. Зарем некогаш ќе стивне? Јунаци славни надежта пламти. Македонијо! Продолжуваш живо да сјаеш, над земјата, под небото, во срцевината на твојот македонски народ. За вкеј и вјеков. АМИН! Виолета Сековска |