Среда, 17 Февруари 2016    PDF Печати Е-пошта
Под барјаков

pece-cvetkovski
Пеце Цветкоски

Под барјаков црн од чемерот,
црн ко земјава македонска -
црн од крвта света јуначка.

Под барјак од рани крвави -
рани длабоки - долги векови,
од солзи оловни искален.
Под овој барјак македонски
од искон јуначки крвавен
со дробни солзи налеван.
Овој алов барјак пресветол
во плач на пород осветен
во оган-кад на бој просветлен.
На овој црн-алов барјак лелеав
со лика-прилика ангелска -
бесот македонски е испишан.
Чујте го врагови мојот аманет.
Честа на народов мој напатен
знајте нема да ја погазите!
За овој барјак од барут окаден
со реa на безброј лешови,
јунаци реки крвје пролиле.
За сите македонски јунаци
на наган и кама заветвам,
Освета! - Ништо веќе не жалам!
Ни еден нема да остане
кој само глас ќе подигне
на мајка ми Македонија!

 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.