Среда, 24 Февруари 2016    PDF Печати Е-пошта
На пата

Бродам по мојата распарчена земја
Бродам
а пот ме облева и капка по капка
го натопува метежот на мојот неспокој
Какви ли стии го украле овој убав ден,
и дрвајата кои нечујно летаат крај патот,
и голите карпи зјапнати како зинати усти
Бродам по мојата распарчена земја
Броди и сонцето нурнато во темните надвиснати облаци
качувајќи се по Божјите скалила на виделината
А ништо не е исто, сè се променило! - вели човекот крај патот
засолнувајќи се од неколкуте неупатени, аздисани покрај него
Жално плиска водата во Белото море
Жално, милувајќи ја вжештената песок со чудни стапки
и овде - онде по некоја престилка за некаков мир
во џагорот на измешани сенки од разно-разни суети
Бродам
Бродиме како две украдени души
Јас без моето Јас
Тоа без своите зраци отсликано во туѓа боја

mirko-tomoski
МИРКО ТОМОВСКИ

 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.